Се повлече водата во Мавровско Езеро
Post Views: 352 Мистеријата на Мавровското Езеро, црквата „Св. Никола“ која поголем дел од годината е потопена под вода, викендов беше вистинска атракција за туристите во викенд-населбата поради ретката можност да стапнат во неа. Викендов исполнетоста на Мавровското Езеро беше 40 проценти, па црквата беше на суво.Таа е изградена во 1857 година во тогашното Мавровско Поле и во неа се до шеесетите години на минатиот век се одржувале богослужби. Интересно е што ѕидовите на објектот кој е во распаѓање, издржуваат под напливот на водата од Езерото, па дел од покривот ѕирка над водата...