Во езерото кај Грашница од канал истекува нечиста вода
Post Views: 235 Во езерото кај фудбалскиот стадион Грашница од канал се излева нечиста вода. Ова се гледа од аматреска снимка направена пред 5 дена а која граѓанин ја испрати до редакцијата на ТВМ. Денес нашата екипа беше на посоченото место и камерата забележа бара со нечиста вода околу каналот. Зад објективот на камерата луѓе кои тука живеат прокоментираа дека тоа е стар проблем. Следствено на оваа појава се поставува прашањето води ли некој од надлежните институции грижа каква вода се влева во езерските води. Одговор на ова прашање побарaвме од неколку надлежни...