Skip to main content

Ознака: Пештани

Кабаст отпад

Акција за кабаст отпад во Пештани и Трпејца

Post Views: 106 Во четврток на 3-ти ноември ќе се реализира вонредна акција за кабаст и зелен отпад во с.Пештани и с.Трпејца.Жителите од овие села ќе имаат можност кабастиот и зелениот отпад уредно да го депонираат на пристапни локации, најкасно до 07.00 часот на 03.11.2022 година и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира секој ден во неделата во периодот 07.00 часот-21.00 часот – информираат од ЈП „Охридски Комуналец“ Охрид.

Продолжи со читање

Пештани

Пештани е туристичка населба без марина

Post Views: 271 Мештаните од Пештани бараат да се изгради марина или пристаниште на крајбрежјето од нивната населба. „Ние сме туристичка населба на брегот на Охридското Езеро во самиот центар на релацијата Охрид-Св. Наум, а сме оставени без пристаниште“, напоменува Ѓоре Танески, претседател на Месната заедница.Танески додава дека од 3700 пловни објекти регистрирани во Капетанија имаат бројни ситуации кога туристи бараат помош од мештаните, кога им застанале пловните објекти заради дефект или останале без гориво во летниот период, а нема соодветно место каде да им...

Продолжи со читање

Зајдисонце на кеј Пештани

Пештани во вечерните часови

Post Views: 122 Мануела Гигоска во склоп на „Ти си твојот град“ ни испрати прекрасни слики од селото Пештани, кои се направени во вечерните часови. Пештани е доста атрактивно туристичко место, а покрај домашните гости, голем е бројот на посетители од странство кои доаѓаат да уживаат во убавините со кои изобилува овој дел од Охридскиот регион.

Продолжи со читање

Рибарска мрежа

Незаконит риболов во Пештани и Трпејца, одземени риби и мрежи

Post Views: 126 На 06.02.2022 во периодот од 17 до 22 часот на подрачјето на Охрид реализирани се акциски контроли по Закон за рибарство и аквакултура и незаконит риболов.Притоа, во атарот на селото Пештани биле затекнати две лица кои со мрежи вршеле незаконит риболов, додека кај месноста „Надол”, атар на селото Трпејца, пронајдени и одземени се шест рибарски мрежи и осум парчиња нелегално уловена риба Охридска пастрмка. Акциските контроли, со цел пронаоѓање на лица што вршат незаконит риболов ќе бидат интензивирани во различни временски периоди и на различни места...

Продолжи со читање

Кривична за 62-годишна жена поради „бесправна градба“ во Пештани

Post Views: 111 СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ј.А. (62) на привремена работа во Германија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправна градба”.Пријавената, на сопствена катарстарска парцела во селото Пештани, без да поседува правосилно одобрение за градење издадено од надлежен државен орган и спротивно на другите одредби од Законот за градење, изградила објект за домување. При инспекциски надзор извршен на 05.01.2022 година, овластен градежен инспектор при општина Охрид, донел решение за отстранување на градбата –...

Продолжи со читање

Охридско езеро

4 гранати пронајдени во Охридското езеро кај Пештани

Post Views: 130 На 15.02.2022 година во 12.40 часот, во СВР Охрид пријавено е дека во водите на Охридското езеро кај Пештани забележани се 4 гранати.Од увидот извршен од стручен тим од Дирекцијата за заштита и спасување и полициски екипи, констатирано е дека се работи за две неексплодирани минофрлачки мини калибар 75 милиметри и 2 артилериски гранати калибар 122 милиметри по што, се безбедно подигнати за натамошна постапка – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Продолжи со читање

НОВ АСФАЛТ ВО ПЕШТАНИ, ТРПЕЈЦА И ЉУБАНИШТА

Post Views: 113 Деновиве интензивно се изведуваат работни активности за асфалтирање на улици во неколку населени места во Општина Охрид. Денеска е завршено асфалтирањето на улица во должина од 250 метри во село Пештани. Претходните денови се работеше на асфалтирање на тесни улици во селата Трпејца и Љубаништа. Овие активности се дел од годишнaта програма за комунален развој, сообраќај и улици на Општина Охрид. Во текот на наредниот период ќе следува асфалтирање на улици во селата Коњско, Косел и Лескоец како и во населбата „Радојца Новичиќ“.

Продолжи со читање

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ДЕЛ ОД КАНАЛИЗАЦИОНАТА МРЕЖА ВО ПЕШТАНИ

Post Views: 97 Екипи на ЈП „Нискоградба“ деновиве работат на реконструкција на дел од канализационата мрежа во село Пештани. Акцијата се спроведува со цел да се реши проблемот предизвикан со дел од септичките јами. На стрмен простор се изработува каскадна шахта која ќе е поставена на длабочина од 2 метри, а на длабочина од околу 4 метри се поставува нова цевка Ф 20 со должина од 25 метри. Зафатот се очекува да заврши деновиве.

Продолжи со читање