Skip to main content

Ознака: Пештани

Христијан Петрески и Јорде Цаноски најсреќни во Лакочереј и Пештани

Post Views: 338 Христијан Петрески го фати крстот за годинешното чествување на празникот Водици во селото Лакочереј. Голем број на скокачи и годинава учествуваа во манифестацијата која се одржа во ова село. Жителите на селото, според традицијата, го даруваа среќниот фаќач на крстот. Тие наполнаа од осветената вода на реката, каде се изведе чинот на фрлање на Светиот крст. Јорде Цаноски пак по трет пат беше најсреќниот и излезе со крстот во раката од водите на Охридското Езеро во Пештани. Со тоа продолжува древната традиција на фрлање на крстот во ова прекрасно село на брегот...

Продолжи со читање

Селото Пештани утре без вода

Post Views: 325 Жителите на село Пештани утре ќе бидат без вода.Од МЈП „Проаква“ Р.Е Водовод Охрид информираат дека поради интервенција на водоводната мрежа, утре, 2-ри октомври, во периодот од 09:00 до 12:00 часот ќе има прекин во водоснабдувањето во ова охридско село.

Продолжи со читање

Пополнета со асфалт големата дупка на патот Пештани-Охрид

Post Views: 413 Деновиве надлежните екипи ја санирана, односно пополнија со асфалт големата дупка на патот Пештани-Охрид за која реагираа наши сограѓани во рубриката „Ти си твојот град“. Оваа дупка претставуваше опасност за возачите, а голем број од граѓаните се пожалија дека ги искршиле своите автомобили.  Не заборавајте да ги испратите Вашите слики за рубриката ТиСиТвојотГрад на нашата меил адреса : tisitvojotgrad@tvm.mk 

Продолжи со читање

pustanje skolo pestani

СДСМ не прифаќа експертска влада

Post Views: 300 За предлогот за името на претседателот на ВМРО НП, Љубчо Ѓеорѓиевски – Северна Македонија, престедателот на СДСМ Бранко Црвенковски со став дека: „Не е прв пат  Ѓорѓиевски да излезе со ваков предлог.  Овој процес кој е многу битен за нашата земја треба единствено да го водат претседателот, премиерот и министерот за надворешни работи, а тие доколку имаат потреба да побараат поддршка од страна на опозицијата и граѓаните, ние сме тука. Нашиот став е дека секое решение кое нема да го повреди нашиот идентитет, а е прифатливо за владата на Никола Груевски ние ќе го...

Продолжи со читање

skolo sala

Пештани доби спортска сала

Post Views: 307 Ова е единствен спортски објект изграден  на потегот од Пештани до Св. Наум. Конечно учениците ќе имаат каде да спортуваат, вели Зоран Целески, директор на училиштето Св.Наум Охридски.„Спортот и часот по физичко образование значат здравје, нешто што треба да се негува како најголема вредност на денешницата. Големиот недостиг на спортски реквизити, временските услови и многу други неприлики од денес нема да претставуваат препрека за учениците да можат слободно да спортуваат“, вели директорот Целески. Градоначалникот Александар Петрески, видно задоволен што салата е...

Продолжи со читање

Велигденски хуманитарни акции

Post Views: 298 Велигденски јајца, колачи, украси, пилиња. Основците од Св. Климент Охридски од Охрид и Св. Наум Охридски од Пештани за Велигден подготвија хуманитарни продажни акции. Продажната хуманитарна акција во ООУ Св. Климент Охридски е проект на советот на родители и истата од година во година е се поорганизирана и поуспешна. „Како и секоја година, така и оваа организиравме продажна хуманитарна акција. Парите кои ќе се соберат се наменети за дечињата од социјално загрозените семејства, поточно за оние кои не се во можност да платат за престојните екскурзии“, вели преставникот...

Продолжи со читање

Загина сопатник на мотор, во Пештани

Post Views: 456 Загина сопатник на мотор. Синоќа околу 1 часот после полноќ, на патниот правец Охрид – Св. Наум, на влезот од Пештани, се случи тешка сообраќајна незгода. На самото место на несреќата едно лице почина, а возачот Владимир Никулески 37 год, се здобил со тешки телесни повреди и искршеници и веднаш бил префрлен во Охридската Специјална болница за ортопедија и трауматологија Св. Еразмо. На местото на несреќата сеуште имаше делови од моторот марка „Јамаха ЛС 1100“, со скопски регистерски таблички, две локви со крв, делови на облека патики, очила, како и расфрлан материјал...

Продолжи со читање

17 милиони денари за реконструкција и санација на охридските училишта

Post Views: 271 Нова дограма, подови, огради, водоводни инсталации и спортски пропратни објекти за неколку основни и средни училишта во градов. Привршуваат големите зафати на уредување, санација и реконструкција на општинските училишта во градов и околината, кои ги спроведува Општина Охрид, со свои средства. Серафим Наумовски, раководител на одделението за образование, култура, детска, здравствена и социјална заштита, вели дека овие обемни инвестициони зафати се спроведуваат со цел  подобрување на условите за работа на учениците. „Поголем зафат ни е во О.У „Св.Наум Охридски“ во село...

Продолжи со читање

Спречен изворот на фекално загадување кај Билјанини Извори

Post Views: 283 Откриен и спречен изворот на фекалното загадување на Каналот, Билјанини извори. Градоначалникот  Александар Петерски ги посочи сторителите. Диво приклучени  на дождовната канаизлација се зградата и неколку куќи на улица Асном, наспроти РЕ Механизација на Комуналец, вели првиот човек на Охрид. Петрески појасни дека службите пред два дена го откриле и спречиле дивото приклучување во  дождовната канализиација која се случувало повеќе години иако во непсредна близина на објектите  има канализација. Од ЈП „ Нискоградба“ посочуваат дека има појави на други диви приклучоци...

Продолжи со читање

Ден потоа, Антички

Post Views: 282 Вака изгледаше вчера античкиот театар, еден од најрепрезентативните културно историски објекти во нашиот град. Оваа ужасна глетка остана после одржаниот концерт на „Токсикологија“. Организаторите сметот го исчистија дури еден ден потоа.Дали во екот на туристичката сезона и во викенд, кога посетеноста на Охрид е најголема, домашните и странски туристи треба да го видат театарот во вакво издание. И дали ова уште еднаш укажува дека на Антички не треба да се одржуваат концерти од ваков карактер. Екот на сезоната носи плус, концертите, и секаквите некакви журки и забави...

Продолжи со читање

Пештанци ќе добијат спортска сала

Post Views: 306 Четри милиони денари, за изградба на спортска сала, во Пештани. Станува збор за инвестиција на Локалната самоуправа, од Охрид. Раководителот на секторот за образовани, Митре Вељаноски и градоначалникот Александар Петрески ги фрлија првите лопати во темелите  на новиот објект. Вељаноски рече – „она што го вети а не го направи Централната власт, го направи Локалната“. Тој додаде дека локалната досега во образованието има вложено над 100 милиони денари за санација и реконструкција на основните и средните училишта во општината.Спортскиот објект во Пештани ќе биде...

Продолжи со читање

Пештанци пред нацрт верзијата на урбанистичкиот план

Post Views: 266 Пештани, конечно после 30 години е на пат да стане  урбанизирана туристичка населба. Нацрт верзијата на Урбанистичкиот план е ставена на увид на неговите жители. Со планот е предвидено проширување на населбата со околу 700 нови градби. Пештанци на јавната дебата се интерсираа за инфраструктурата и за градбите од лична природа, но  се произнесоа и за објектите од заеднички интерес. Побараа хотел Десарет да ги врати 14-те метри узурпиран простор покрај езерскиот брег сопственост на РМ како  слободна патека за пешачење кон авто кампот Градиште. Силни реакции од пештанци...

Продолжи со читање