Skip to main content

Ознака: Пештани

Пештани ќе добие марина пред Охрид

Post Views: 299 Конечно прв предлог за изградба на  марина на Охридското езеро, зацртана во еден од  шесте Нацрт детални урбанистички планови, изгласани на 21-та седница. Ова е предлог за изградба на марина во Општина Охрид, па макар и мини, па макар и во село Пештани. Како локација е избрано старото постоечко пристаниште, кое со мали измени и проширувања треба да ја извршува функцијата на марина. Покрај нацрт деталниот план за Пештани, на завчерашната 21-ва седница на Советот на општината донесени уште 5 нацрт детални урбанистички планови, околу кои советниците од позицијата и опозицијата...

Продолжи со читање

Пробно пуштен во употреба колекторот во Пештани

Post Views: 349 Колекторскиот ситем во Пештани пробно пуштен во употреба. Со овој зафат по 20 години ќе се реши проблемот на 2000 жители од Пештани. „ Сега се работи на секунарната мрежа и околу 50% од жителите веќе се вклучени во системот.Со овај зафат повеќе нема да има ни една јама или до 4ти јули ќе исчезнат јамите во Пештани“, вели Сандре  Нечовски – претседател на месна зедница Пештани.Со двете пумпни станици едната во местото викано Круша и другата кај автокампот Елешец ќе се заокружи целиот колекторски систем на овој дел долг 37 киломентри. „Бенефитот од ваква инсталација...

Продолжи со читање

Дел од Пештани поврзано на колекторскиот систем

Post Views: 286 Градежни работи во Пештани. Дел од куќите во оваа туристичка населба веќе приклучени во колекторскиот систем. „Доколку не послужи времето за многу кратко време целото село ќе биде приклучено на системот“, вели градоначалникот Александар Петрески. Градоначалникот од Пештани повторно упати критика до премирот и владата. Откако со месеци ништо не прават околу состојбата со Охридското езеро, туку само водат негативна кампања и ја обвинуваат опозицијата за се и сешто во оваа земја, време е да се соочат со фактите и реалноста. Колку ли само пари и време потрошија на плакати,...

Продолжи со читање

Пештанци повторно имаа посета

Post Views: 287 Овојпат потпретседателoт на владата Зоран Ставрески отиде лично да се запознае со проблемите кои ги мачат овие луѓе. Друштво на Ставревски во Пештани му правеа дел од Загрижените граѓани од саботата.Нова посета – нови ветувања. Владата деновиве ќе испрати неколку пумпи за црпење на водата од поплавените подруми и куќи во Пештани. Ова денеска по средбата со жителите на оваа туристичка населба, го најави  потпретседателот на владата Зоран Ставрески. Тој уште истакна дека ситуацијата во Пештани не е критична , но е сериозна. Потпрестседателот на владата не беше...

Продолжи со читање

И Црвенковски ги слушна маките на Пештанци

Post Views: 297 Претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски во посета на Пештани. Го посети месното население ги слушна нивните проблеми. „Владата има милион причини да поднесе оставка, ова што се случува во моментов со поплавите е милион и првата“- истакна Црвенковски. Тој ги демантираше обвинувањата дека посетите во Пештани добиваат политичка конотација.„ Овде нема политика. Овде има реални проблеми. Не е политика оваа јама, подрумите и куќите полни со вода. Потпорните ѕидови што се рушат се реален проблем со кој се соочуваат овие луѓе кои живеат тука. Ако треба да има политика треба...

Продолжи со читање

Шабан Салиу во Пештани

Post Views: 274 И директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Шабан Салиу  во посета на Пештани.  Тој кажа дека состојбата постојано се следи и дека синоќа на критичните места биле поставени вреќи со песок и камења за да ги разбиваат брановите од езерото. Жителите не се сложуваат со директорот.  Велат дека  посетите се чисто поради добивање поени. Тие додаваат дека стравуваат да не се разболат од заразни болести, затоа што ситуацијата се повеќе излегува од контрола. „Координативно тело имаме и во селото. Секоја вечер дежураме. Едноставно се плашиме од езерото.“ -додава жител...

Продолжи со читање

Огромни камења поставени на брегот во Пештани

Post Views: 277 Големи камења поставени  на бегот во Пештани, со цел да се заштити патниот правец Охрид – Св. Наум од големи бранови и негово понатамошно нагризување. Пештанци се спротиставуваат на ова и велат наместо камења треба да се стават вертикални браници. Денеска во посета на Охрид, министерот за замјоделство, Љупчо Димоски.Продолжуваат активностите за заштита од полави. Денеска од центарот за управување со кризи и дирекцијата за заштита и спасување на брегот на езерото во селото Пештани поставуваа големи камења, со цел да го заштитат патниот правец од големи бранови и негово...

Продолжи со читање

Пештанци под вода

Post Views: 276 Подрумските простории им се поплавени веќе еден месец. Загрижува фактот што од ден на ден нивото на водата се повеќе расте. Иако во повеќе наврати било пријавувано во кризниот штаб, оттаму до ден денес не превзеле ништо. Жителите се жалат дека никој од надлежните не дошол ниту да ги види, а камоли да им помогне. Тие стравуваат дека водата секојневно им уништува се што печалеле со години. „Не спиеме по цели ноќи. Водата ни направи огромна матријална штата“ велат пештанци. Поплавените куќи во пештани денеска ги посети градоначалникот Александар Петрески. Тој рече дека...

Продолжи со читање

Санирана дупката на патот Пештани-Охрид

Post Views: 371 Големата дупка на патот Пештани-Охрид за која реагираа наши сограѓани во рубриката „Ти си твојот град“ е санирана. Оваа дупка претставуваше опасност за возачите, а голем број од граѓаните се пожалија дека ги искршиле своите автомобили.  Тимот на „Ти си твојот град“ е секогаш тука за вас, граѓаните на Охрид и околината, Струга, Дебрца, Вевчани, ќе ги разгледаме вашите барања и ќе помогнеме во решавањето и на најмалиот проблем.  Вашите слики за рубриката ТиСиТвојотГрад испратете ги на нашата меил адреса : tisitvojotgrad@tvm.mk  ГОЛЕМА ДУПКА ОПАСНА ЗА ВОЗАЧИТЕ НА...

Продолжи со читање

ООУ„СВЕТИ НАУМ ОХРИДСКИ“ ВО ПЕШТАНИ ДОБИ НОВ ПОКРИВ И НОВА ДОГРАМА

Post Views: 418 Извршена е комплетна реконструкција на покривот во централниот училишен објект на ООУ„Свети Наум Охридски“ во селото Пештани. Старите азбестни табли се заменети со современ лимен покривач, со што значително се подобрени условите за настава. Исто така, во моментот се изведуваат работни активности за поставување на нови енергетски ефикасни ПВЦ-прозорци во сите училишни простории и кабинети во објектот. Средствата за реализирање на овие реконструктивни зафати, Општина Охрид ги обезбеди преку Министерството за образование и наука, по претходно објавен повик за аплицирање....

Продолжи со читање

Александар Петрески во Пештани

Post Views: 293 „Нашите приоритети произлегуваат од реалните и елементарни потреби на граѓаните, а не од фикс – идеите на поединци кои се во голем расчекор со времето и економските услови во кои живеат граѓаните на Охрид“ потенцираше кандидатот за градоначалник од СДСМ, Александар  Петрески при денешната посета на Пештани. „Позначајно е да се довршат водоводните и канализациони системи, започнатата реконструкција и санација на патната мрежа, одколку да се трошат милионски износи за наколни живеалишта и скапи непотребни реклами“ додаде кандидатот за градоначалник.  „Сигурни сме...

Продолжи со читање

Во Пештани повторно почна да функционира амбулантата

Post Views: 271   Во Пештани повторно почна да функционира амбулантата . По пауза од неколку години во оваа здравствена установа ќе можат да добијат здравствените услуги жителите од Пештани, Трпејца и Љубаништа, но и гостите кои престојуваат во овие туристички места. Сега пештанци добиваат матичен лекар кој има склучено договор со Фондот за здравствено осигурување на Македонија, а кој се наоѓа во нивното место на живеење. Особено е важно што е реализирано барање на граѓаните, бидејќи наша улога е да го слушаме гласот на народот и да правиме се што е во наша надлежност и да промовираме...

Продолжи со читање