Ознака: Пештани
Post Views: 77Конечно прв предлог за изградба на марина на Охридското езеро, зацртана во еден од шесте Нацрт детални урбанистички планови, изгласани на 21-та седница. Ова е предлог за изградба на марина во Општина Охрид, па макар и мини, па макар и во село Пештани. Како локација е избрано старото постоечко пристаниште, кое со мали измени и проширувања треба да ја извршува функцијата на марина. Покрај нацрт деталниот план за Пештани, на завчерашната 21-ва седница на Советот на општината донесени уште 5 нацрт детални урбанистички планови, околу кои советниците од позицијата и опозицијата...
Пробно пуштен во употреба колекторот во Пештани
Post Views: 141Колекторскиот ситем во Пештани пробно пуштен во употреба. Со овој зафат по 20 години ќе се реши проблемот на 2000 жители од Пештани. „ Сега се работи на секунарната мрежа и околу 50% од жителите веќе се вклучени во системот.Со овај зафат повеќе нема да има ни една јама или до 4ти јули ќе исчезнат јамите во Пештани“, вели Сандре Нечовски – претседател на месна зедница Пештани.Со двете пумпни станици едната во местото викано Круша и другата кај автокампот Елешец ќе се заокружи целиот колекторски систем на овој дел долг 37 киломентри. „Бенефитот од ваква инсталација е...
Дел од Пештани поврзано на колекторскиот систем
Post Views: 63Градежни работи во Пештани. Дел од куќите во оваа туристичка населба веќе приклучени во колекторскиот систем. „Доколку не послужи времето за многу кратко време целото село ќе биде приклучено на системот“, вели градоначалникот Александар Петрески. Градоначалникот од Пештани повторно упати критика до премирот и владата. Откако со месеци ништо не прават околу состојбата со Охридското езеро, туку само водат негативна кампања и ја обвинуваат опозицијата за се и сешто во оваа земја, време е да се соочат со фактите и реалноста. Колку ли само пари и време потрошија на плакати,...
Пештанци повторно имаа посета
Post Views: 90Овојпат потпретседателoт на владата Зоран Ставрески отиде лично да се запознае со проблемите кои ги мачат овие луѓе. Друштво на Ставревски во Пештани му правеа дел од Загрижените граѓани од саботата.Нова посета – нови ветувања. Владата деновиве ќе испрати неколку пумпи за црпење на водата од поплавените подруми и куќи во Пештани. Ова денеска по средбата со жителите на оваа туристичка населба, го најави потпретседателот на владата Зоран Ставрески. Тој уште истакна дека ситуацијата во Пештани не е критична , но е сериозна. Потпрестседателот на владата не беше запознаен...
И Црвенковски ги слушна маките на Пештанци
Post Views: 71Претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски во посета на Пештани. Го посети месното население ги слушна нивните проблеми. „Владата има милион причини да поднесе оставка, ова што се случува во моментов со поплавите е милион и првата“- истакна Црвенковски. Тој ги демантираше обвинувањата дека посетите во Пештани добиваат политичка конотација.„ Овде нема политика. Овде има реални проблеми. Не е политика оваа јама, подрумите и куќите полни со вода. Потпорните ѕидови што се рушат се реален проблем со кој се соочуваат овие луѓе кои живеат тука. Ако треба да има политика треба да има...
Шабан Салиу во Пештани
Post Views: 128И директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Шабан Салиу во посета на Пештани. Тој кажа дека состојбата постојано се следи и дека синоќа на критичните места биле поставени вреќи со песок и камења за да ги разбиваат брановите од езерото. Жителите не се сложуваат со директорот. Велат дека посетите се чисто поради добивање поени. Тие додаваат дека стравуваат да не се разболат од заразни болести, затоа што ситуацијата се повеќе излегува од контрола. „Координативно тело имаме и во селото. Секоја вечер дежураме. Едноставно се плашиме од езерото.“ -додава жител од...
Огромни камења поставени на брегот во Пештани
Post Views: 110Големи камења поставени на бегот во Пештани, со цел да се заштити патниот правец Охрид – Св. Наум од големи бранови и негово понатамошно нагризување. Пештанци се спротиставуваат на ова и велат наместо камења треба да се стават вертикални браници. Денеска во посета на Охрид, министерот за замјоделство, Љупчо Димоски.Продолжуваат активностите за заштита од полави. Денеска од центарот за управување со кризи и дирекцијата за заштита и спасување на брегот на езерото во селото Пештани поставуваа големи камења, со цел да го заштитат патниот правец од големи бранови и негово...
Пештанци под вода
Post Views: 71Подрумските простории им се поплавени веќе еден месец. Загрижува фактот што од ден на ден нивото на водата се повеќе расте. Иако во повеќе наврати било пријавувано во кризниот штаб, оттаму до ден денес не превзеле ништо. Жителите се жалат дека никој од надлежните не дошол ниту да ги види, а камоли да им помогне. Тие стравуваат дека водата секојневно им уништува се што печалеле со години. „Не спиеме по цели ноќи. Водата ни направи огромна матријална штата“ велат пештанци. Поплавените куќи во пештани денеска ги посети градоначалникот Александар Петрески. Тој рече дека...






