Skip to main content

Ознака: Пештани

Закочија работите околу отварањето на паралелката на градинката „Јасна Ристеска“ во село Пештани

Post Views: 316   Закочија работите околу отварањето на истурената паралелка на градинката „Јасна Ристеска“ во село Пештани која требаше да профункционира уште зимава. Парите кои беа добиени од УНИЦЕФ за оваа намена не се доволни, објаснува директорката на градинката, Роза Костеска. Објаснува дека поголемиот дел од нив биле инвестирани за отварање на паралелката во населбата Радојца Ниовичиќ. Но и Пештани ќе ја добие ветената паралелка, вели директорката.Преку ТЛЕР аплициравме до бугарскиот конзулат. Доставен е проектот и целокупната документација. Се надеваме дека набрзо ќе ни одговорат...

Продолжи со читање

Труењето на бездомните кучиња, опасно и за човекот и целата околина

Post Views: 450 Труењето на бездомните кучиња опасно за човекот и околината исто колку што е опасно и за самите кучиња. Од здружението за заштита, помош и вдомување на животни, „Анималиа“ алармираат дека пестицидите кои најчесто се користат за ова нехумано постапување со кучињата, а кои многу лесно и сосема легално можат да се набават во земјоделските аптеки се исклучително опасни и за човекот, и за околината. Труењето на бездомните животни и на миленичињата и опасноста од расфрлање отрови на јавни површини се сериозни проблеми со кои граѓаните многу често се среќаваат. „Огромна опасност...

Продолжи со читање

НИСКА ЕКОЛОШКА СВЕСТ-ПОДИГНАТИ ГОЛЕМИ КОЛИЧИНИ НА НЕСООДВЕТНО ДЕПОНИРАН ОТПАД ОД ПЕШТАНИ

Post Views: 293 Екипите на ЈП “Охридски Комуналец” рано утринава извршија вонредно чистење и подигнување на кабаст отпад кој несовесни граѓани го исфрлиле на несоодветни локации во селото Пештани. Беа подигнати големи количини на кабаст отпад, делови од мебел и покуќнина, килими, пластични и картонски амбалажи и други видови на отпадни материјали. Ова не е прв случај на несоодветно депонирање на отпад од страна на граѓаните. Екипите на ова јавно претпријатие секојдневно подигнуваат кабаст отпад од други јавни локации во градот и приградските населби. Оттаму ги информираат граѓаните...

Продолжи со читање

ИПА ОХРИД ОРГАНИЗИРА ВЕЛО ТУРА ОХРИД-ПЕШТАНИ

Post Views: 297 Интернационалната полициска асоцијација (ИПА)-регион Охрид, во сабота (05.06.2021 година), организира спора рекреативна велосипедска тура Охрид-Пештани-Охрид. Стартот е закажан во 09 часот од градското пристаниште во Охрид а се вози по крајбрежието на Охридското езеро, по патот Охрид-Св.Наум, до туристичката населба Пештани која, гордо стои во подножјето на планината Галичица, на надморска височина од 700 метри, на 15-тина километри од убавецот Охрид. Тука, предвиден е едночасовен одмор и освежување на терасата на наш ИПА пријател-со атрактивен и неповторлив поглед...

Продолжи со читање

Елешец и Пештани денес без вода

Post Views: 316 Поради дефект на водоводната мрежа кој се случил во текот на вчерашниот ден, жителите на Елешец и Пештани се без вода за пиење. Екипи на „Водовод“ Охрид се на терен и работат на отстранување на дефектот.Како што информираат од јавното претпријатие, работите ќе продолжат и во текот на ноќта, а се очекува дефектот да биде саниран денес до 17 часот.{loadposition content9}

Продолжи со читање

Уницеф ќе опреми центар за ран детски развој во Радојца Новичиќ, во Пештани ставен во мирување

Post Views: 272 Градинката ќе се проширува со една паралека во населбата Радојца Новичиќ. Една просторија во која ќе бидат згрижени 30-тина деца ќе се адаптира во основното училиште Кочо Рацин. Проектот е финасира од Уницеф на идеја на Тлер. Интересот кај родителите е многу  голем за воспитно  згрижување на  децата од 3 до 6 годишна возраст од по 3 часа во денот, информира директорката Роза Костеска. Комисијата на министерството за труд и социјална работа веќе и утврдила  условите на терен во Радојца Новичиќ.„Имаше обврска градежниот инжинер или архитект да изработи нацрт план на...

Продолжи со читање

Гробиштата во Пештани стануваат претесни

Post Views: 292 Постојните гробишта во туристичката населба Пештани веќе се исполнуваат, а на таа локација повеќе нема простор за ширење. Пештани ќе нема каде да ги погребува покојните, ако во меѓувреме не се изнајде некоја нова локација, укажува претседателот на Месната заедница Драган Тренески. Тој кажа дека стручните служби на општина Охрид биле известени за овој горлив проблем и ветиле дека  ќе изнајдат начин за негово решавање.„Самото проширување е технички неизводливо и како модерна туристичка населба бараме дислокација односно отворање на нови гробишта. Тие нови гробишта со...

Продолжи со читање

Слаб одзив во Пештани на „Отворени социјални денови“

Post Views: 260 Директорот на Меѓуопштинскиот Центар за социјална работа, Екрем Каљоши во посета на туристичката населба Пештани, за да ги слушне проблемите на луѓето кои се под социјален ризик. Одзивот на мештаните беше слаб, но сепак и оние малку присутни, го поздравија Владиниот проект „отворени социјални денови“ во руралните средини и го изнесоа нивното мислење во врска со средбите од ваков карактер. Тие бараат поголема вклученост на институциите не само на Центарот туку и на Локалната самоуправа на Охрид.„Имам болно дете од аутизам и задоволна сум од услугите од Центарот,  но...

Продолжи со читање

Слаб старт на туристичка сезона Пештани

Post Views: 273 Слаб старт на туристичката сезона во Пештани. Освен малиот број странски гости посебно холндските туристи, други гости речиси и да нема, се жалат мештаните. Но пештанци не губат надеж. „Нема сеуште нема чекаме и се надеваме на добра сезона. Наназад 10 години исто е вака па сега ако нема во јули кога ќе има, обично од 15 се полни. Моментално сеуште ги чекаме има ама многу слабо. Не се надеваме на повеќе и сега не е тоа што беше некогаш.Во Пештани населението треба и можи да живее од туризмот, но недостасуваат повеќе работи кои треба да се средат, велат од Месната заедница. Инфраструктурата...

Продолжи со читање

Пештани доби летна дежурна служба

Post Views: 364 Во туристичката населба Пештани после 9 месеци повторно проработува службата за примарна здравствена заштита. Денес во Пештани и официјално се отвори новиот пункт на Здравствен дом Охрид. Целта е на осигурениците но и за туристите да им се овозможи континуирана и достапна здравствена заштита, вели директорката на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Маја Парнарџиева-Змејкова.„Дежурната служба има обврска да овозможи во периодот кога нема покриеност за здравствена заштита на населението да се активираат капацитетите на Здравствениот Дом и матичните лекари...

Продолжи со читање

Обид за убиство во Охрид

Post Views: 342 Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Убиство во обид“ СВР Охрид против В.Р. (32) од охридското село Пештани поднесе кривична пријава.Пријавената, на трети овој месец, на сопругот Ј.Р. (26) од Пештани со кујнски нож му нанела тешки телесни повреди  во пределот на градниот кош. Истиот итно е пренесен во општата болница во Охрид каде по укажаната медицинска помош е задржан на понатамошно лекување.Настанот се случил околу 16 часот откако помеѓу двајцата брачни партнери настанала жестока вербална расправија. Во момент кога двајцата сопружници биле...

Продолжи со читање

На потегот од Метропол до селото Пештани денеска почна уривање на платформите во езерото и нелегални објекти на плажите

Post Views: 279 Започна уривањето на објектите на плажите во населбата Лагадин. Механизација со силно полициско присуство утрово уриваше на плажата Акапулко. Концесионерите револтирани, велат не се дивоградби, граделе по проекти и одобрение на министерството за транспорт и врски. Обвинуваат дека локалната самоуправа со години ги манипулира.„Јас се чувстувам страшно изманипулирана. Ветувањата од тие државни службеници кои доаѓаа во контроли  беше дека ќе се корегираат тие договори спрема условите. Меѓутоа  како се префлрија ингеренции на локалната од таму не знаеме зошто почнаа притисок...

Продолжи со читање