Ознака: телевизија
Post Views: 229 На луѓето од националната грчка телевизија NET толку им пречела кратенката МКД која на меѓународниот пренос стоеше во долниот лев агол на екраните на семафорот кој го покажува резултатот, што истите со бел знак ја имаа прекриено. Така гледачите во Грција на екраните можеа да ја видат само кратенката на нивната држава (GRE) додека полето каде што пишуваше (MKD) беше празно. Инаку голема тензија влдееше пред почетокот на натпреварот на овие две репрезентации кој грците го добија со 86:54. Околу 500 македонски навивачи кои допатуваа во Полска како дел од навивачките...
Journalift платформата објави статија за „Ти си твојот град“
Post Views: 324 ТВ М успешно го имплементира проектот „Ти си твојот град“, чија цел е да ги доближи граѓаните до медиумот, охрабрувајќи ги да станат ангажирани граѓани во процесите во заедницата, пишува во статијата објавена од Journalift.Регионалниот медиум ТВМ идејата за вклучување на граѓаните во своето известување ја подигна на повисоко ниво – таа како дел од проектот „Media for All“, ги покани граѓаните да споделуваат фотографии и видеo–содржини, кои укажуваат на проблеми во општината. Освен тоа, таа обучи и неколку граѓани да...
(видео) Бугарска пародија на Скопје 2014
Post Views: 264 Бугарската телевизија “bTV” направи 20-минутен документарец за Скопје 2014. Главна тема им е антиквизацијата што во последниве години се прави кај нас, а го обработуваат, според нив, и јакњенето на антибугарското расположение.Меѓу изјавите во прилогот се и оние на Љубчо Георгиевски, Мирослав Грчев, кои се спротиставуваат на овој проект, и кои досега многу пати беа јавно жигосувани од власта и нејзините мегафони.Тука е и изјавата на архитектот Вангел Божиновски кој тврди дека римјаните со катедралата и плоштадот Св. Петар ја копирале древната македонска архитектура...
Собранието изгласа повеќе пари за МРТВ од такса и реклами
Post Views: 238 Собранието на Република Македонија ги усвои измените и дополнувањата на Законот за радиодифузна дејност со кои, меѓудругото, се предлага зголемување на радиодифузната такса од 130 на 190 денари и на рекламниот простор за Македонската радио телевизија. Пратениците од парламентарното мнозинство оценија дека измените се во насока на намалување на зависноста на МРТВ од буџетските средства и нејзино целосно осамостојување, а зголемувањето на рекламниот простор, рекоа, ќе ги зголеми атрактивноста и гледаноста.Опозицијата смета дека со предложените измени се создава...
Што прават маж и жена на кауч?
Post Views: 351 Мажите и жените имаат само еден заеднички интерес и тој не е секс, туку гледањето на телевизија, покажува најновото истражување на експерти од „Marketing Research Centre“.Се чини дека гледањето на телевизија е сигурен начин за приближување на двајцата партнери. Деталното истражување на навиките на илјадници мажи и жени, покажува дека единствениот заеднички интерес на двата пола е телевизијата, која ги намалува стресот и напнатоста.Резултатите покажуваат уште дека мажите почесто се загрижени за проблеми во работата, додека понежниот пол е загрижен повеќе за лични...
A1 во стечај
Post Views: 225 Привремениот стечаен управник на А1 ТВ Ацо Петров во Основниот суд Скопје – 2 денеска предложи да се отвори стечајна постапка за телевизијата, бидејќи телевизијата има долг од околу 30 милиони евра од кои само 9,5 милиони евра кон УЈП, кој не е способна да го плати.“А1 телевизија е неликвидна и ги исполнува условите за отворање на стечајна постапка“, вели Петров. Според него, на сметките на А1 ТВ има само 900.000 евра кои не се доволни да се наплатат долговите од околу 1.8 милијарди денари што ги има телевизијата. Во Законот за радиодифузна дејност член 62 стои...
Прес конференција на О.О на СДСМ во Охрид
Post Views: 250 За денес е најавена прес конференција на Општинската организација на Социјал-Демократскиот сојуз на Македонија. Прес конференцијата ќе се одржи во сењдиштето на партијата во Охрид, а деталите за содржината погледнете ги во изданијата на Дневникот на ТВМ телевизијА во 17 и 22 часот.{loadposition content9}
Отчет за работењето на ЈП „Градски гробишта“
Post Views: 242 Денес раководниот тим на ЈП „Градски гробишта“ ќе даде отчет за сработеното во периодот од две години.Повеќе информации во Дневникот на ТВМ ТелевизијА во 17:00 часот.{loadposition content9}
Заседаваат градските татковци
Post Views: 266 Денес во просториите на општина Охрид ќе се одржи седница на Советот на градски татковци. На седницата покрај членовите на советот ќе присуствуваат и претставници на банките и градежните компании. Планирано е да се дискутира најмногу за економскиот развој на Охрид. Повеќе информации во првото издание на дневникот на ТВМ ТелевизијА.{loadposition content9}
ТелевизијА ТВМ стана регионален медиум
Post Views: 327 ТВМ ТелевизијА прерасна во регионален медиум. Одлуката ја донесе Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, согласно Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.ТелевизијА ТВМ постои веќе 22 години, години на постојан растеж. Телевизијата е од поодамна и кадровски и технички подготвена да се носи со ваков формат на регионална телевизија и всушност одлуката на Агенцијата е само една официјализација на тоа. Сепак, ова е значаен момент во развојот на медиумот и вработените во ТВМ се подготвени за новиот предизвик. ТелевизијА ТВМ продолжува да...
Дел од улицата „Ристо Чадо“ без тротоари и улично осветлување
Post Views: 425 Жителите на оваа улица извесен период реагираат на комуналните проблеми со кои се соочуваат, особено на недостатокот на уличното осветлување на дел од оваа улица. Бројни се и оштетувањата на коловозот, а дел од оваа улица нема ни тротоари од двете страни.Повеќе информации во „Дневникот 1“ на „ТВМ Телевизија.{loadposition content9}
Прозорец кон надворешниот свет
Post Views: 279 Лора Лазаревска веќе пет години е врската помеѓу информациите и лицата со оштетен слух. Таа секој ден го толкува Дневникот на ТВМ прилагодувајќи ги вестите за лицата со ваков вид на инвалидитет. Нејзин главен мотив за да се занимава со оваа многу одговорна и тешка професија била подршката и желбата на самите лица кои имаат проблеми со слухот.Чуството е прекрасно бидејќи сваќаш дека на овие лица им е потребен ваков дневник затоа што за нив претходно беше невозможно да ги разберат вестите без толкувач. Кога решија јас да го толкувам Дневникот на ТВМ имав голема...