Ознака: Тодоров
Post Views: 228 Намалени се цените на лековите и на болничката и на аптекарската листа.Поевтинија уште 352 лека. По пониска цена има терапија речиси за сите заболувања. Вкупната годишна заштеда за граѓаните и здравствените установи изнесува 3,2 милиони евра. Генеричките лекови во просек се намалени за 18 проценти, а оригиналните и иновативните за 6 отсто. Некои медикаменти се поевтини и за 5000 денари.– Најголемо намалување се јавува кај следните генерики: Ironotecan од 100 ml (лек за карцином) – со разлика во цена од 64,44 проценти (стара цена била 8.450 денари, а новата...
На 1-ви март официјално започнува проектот „Рурален доктор“
Post Views: 219 На 1 март и официјално ќе почне да се спроведува проектот „Рурален доктор“. Проектот е всушност отворање на пунктови со лекар и медицинска сестра кои ќе вршат обиколка и ќе вршат основни прегледи на населението, а еден ден е резервиран за патронажни посети на пациентите во нивниот дом.Пет пунктови се веќе поставени во Крушево, со што во 12 населени места со околу 2.000 жители секоја недела се вршат здравствени прегледи. Вчера министерот за здравство, Никола Тодоров го посети Здравствениот дом во Крушево, каде што се информираше за состојбите и потребите на таа...
Oставка од Министерот Нокола Тодоров?
Post Views: 205 Бранот на масовни отпуштања на вработени во образованието, го крена ССМ на нозе. Се превземаат активности во сите општини низ Државата, за нивно враќање на старите работни места, велат од таму. ССМ потикнат од бранот отпуштања во секторот образование, веќе две недели превзема активности во скоро сите општини низ Македонија, со цел да се вратат на работа, лицата на кои не им беа продолжени договорите за работа. „Во контактите со овие луѓе дознаваме дека довербата во работата на СОНГ е целосно загубена. Секој поединец од нив живее во страв дека токму тој ќе биде...
„Домашна визита“ и во Охрид
Post Views: 237 Домашна визитаа е новиот проект на Министерството за здравство, кој почнува од денес. Проектот се состои од превентивни здравствени прегледи на повеќе од девет илјади стари лица во нивните домови, за што се ангажирани 340 патронажни сестри, кои работат во здравствените домови. Во Охрид и Дебрца медицинските сестри ќе посетат над 500 пациенти кои претходно беа пријавени за овој проект.Проектот, како што информираше министерот за здравство Никола Тодоров, ќе се одвива низ цела Македонија, во 652 населени места распределени во 84 општини. Симболично ќе почне пред...
Има или нема „Амин“ за Facebook?
Post Views: 328 Владиката на Европската епархија сака да има подобар контакт со верниците, особено со младите, да ги слушне нивните размислувања, и затоа смета дека одлуката за забрана на Фејсбук меѓу свештенството не е исправна.Социјалните мрежи не се баук туку се дел од секојдневната култура на живеење, изјави владиката на Европската епархија Пимен, откако „Нова Македонија“ објави дека МПЦ-ОА и официјално му забрани на свештенството да користи Фејсбук. Освен од владиката Пимен, реакции токму на Фејсбук за оваа забрана имаше и од повеќе свештени лица што имаат свои профили на...
Паѓаат цените на лековите
Post Views: 261 Најголемо намалување на цените има за лекови што ги примаат болни од рак, оние со болно срце и крвни садови, со епилепсија. Поевтинуваат и антибиотици, антимикробни лекови, терапија против вируси, седативи, против ревма, како и лекови што дејствуваат на желудникот и на системот на варење. Речиси 900-тини илјади евра ќе заштедуваат граѓаните годишно со поевтинувањето на 752 лека, кое стартува од денеска. Просечното намалување е околу 740 денари, но има и антибиотици кои при продажбата на големо се поевтини и за 15 илјади денари. Парите кои ќе се заштедат на овој...
Двајца загинати, 11 деца повредени, билансот од несреќата со трактор во кочанско
Post Views: 244 Една жена загина и возачот на тракторот, а 11 деца се повредени тешко, од кои три се во критична состојба, и во средата навечер се згрижени на скопските клиники, изјави министерот за здравство Никола Тодоров кој е присутен во Ургентниот центар во Скопје.До несреќата дошло откако тракторот во чија приколка се превезувале вкупно 16 лица од кои повеќето биле малолетници кои биле на излет во месноста Илин дол, се превртел на патот меѓу кочанските села Пресека и Оризари. Несреќата се случила во средата навечер околу 19.30 часот.На лице место загинал 63-годишниот Миле...
Наскоро стартуваат елeктронските рецепти
Post Views: 722 Овој период од 15 мај ќе се искористи за целосно довнесување на сите податоци и тестирање на околината и ќе трае 15 дена.Ова денеска го истакна министерот за здравство Никола Тодоров кој рече дека со електронскиот рецепт се постигнува брзо, ефикасно и безбедно издавање на лекови, поедноставување на постапката за креирање и реализација на рецепти, генерирање на извештајот со добиени податоци со цел да се креираат натамошни набавки и да се следи потрошувачката на лекови по различни основи-пол, возраст и регион.Тој посочи дека сите законски регулативи поврзани со...
Mакедонска делегација на молитвениот појадок
Post Views: 267 Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, пратениците Александар Спасеновски и Владимир Ѓорчев и министрите за здравство Никола Тодоров и за економија Ваљон Сарачини, денеска во Вашингтон ќе присуствуваат на годинашниот Молитвен појадок. Националниот молитвен појадок е традиционален годишен собир под покровителство на претседателот Барак Обама, кој денеска ќе им се обрати на поканетите учесници. Најавено е дека Обама ќе биде придружуван од сопругата Мишел, како и од потпретседателот Џо Бајден. Традицијата на собирање на истакнати претставници на политичкиот,...
Мирен протест на ученици од Подгорци
Post Views: 242 Протест на учениците од Подгорци. Тие денес пред Основниот суд во Струга се собраа за да ги подржат своите родители. Како ште е познато Државниот просветен инспкторат против 11 родители поднел прекршочна изјава за непочитување на одлуката на Министерството за образование, со која се оспорува правото за учење на албански јазик, која пак одлука Советот на општина Струга ја усвои. Денешниот претрес за овој случај се одложи. Бранителот на родителите на децата Аргент Демири, појасни дека тоа е поради многуте нејаснотии во прекршочната пријава на просветниот инспекторат...
Здравствените чип-картички ќе си ги платиме
Post Views: 224 Иако претходно беше наведувано дека зацртаната замена на сегашните здравствени книшки со чип-картички граѓаните нема да ги чини ништо, Владата се премислила и сега тие ќе се наплаќаат по 120 денари.Тоа го предвидуваат измените на Законот за здравствена заштита.Министерот Тодоров признава дека владата ги пренаменила парите за бесплатни здравствени картички. Но според Тодоров тие 2 евра по жител не се многу пари за луѓето, а парите кои требало да се потрошат за електронските легитимации ќе се употребеле за набавка на два ацелератори за лекување на болните од...
Учениците останаа без продолжен летен распуст
Post Views: 241 Не се оствари желбата на учениците за продолжен летен распуст – учебната година ќе почне точно на 1 септември. Ова е заклучокот од денешната средба на министерот за образование и наука, Панче Кралев и министерот за здравство, Никола Тодоров.Првите луѓе на министерствата за образование и за здравство имале работна средба во поширок состав со членови на Хидрометеоролошки завод, и велат дека Македонија в четврток, 1 септември ќе биде со пониски температури, што не би требало да претставува никаков проблем за отпочнување на учебната година на време.– Од...