Ознака: Тодоров
Post Views: 467 Охриѓани го добија првиот центар за палијативна нега. Овој оддел кој се наоѓа во склопот на геријатриското одделение при Општа болница Охрид ќе биде наменет за сместување и третирање на терминално болните лица, односно оние пациенти кои се борат со тешки и неизлечливи болисти. Министерот за здравство, Никола Тодоров рече дека овој проект го започнуваат поради евидентниот тренд на стареење на населението во земјава со што се повеќе ќе доаѓа до израз потребата од вакви центри.„Почнуваме во помали простории, со шест кревети, со тенденција во иднина да размислуваме за...
Софтвер против плагијатите на македонските студенти
Post Views: 246 Министерството за образование и наука ќе воведе софтвер кој ќе овозможи брзо и лесно пронаоѓање на трудови кои се плагијат на веќе објавени, оценувани или презентирани трудови.Софтверот ќе го изработи македонска компанија, ќе чини околу 1.200.000 денари а универзитетите ќе можат да го користат бесплатно.Во системот ќе бидат имплементирани ефикасни алгоритми и статистички методи за определување на оригиналност на документи и пребарување на текстот.Системот ќе користи напредни техники за индексирање и мапирање на текст и ќе работи со документи напишани на...
Охридската болница ќе добие нов мамограф
Post Views: 249 Министерот за здравство, Никола Тодоров на вчерашната отворена седница на Владата најави инвестиција од 210 милиони денари за реконструкција на болници и набавка на опрема во здравствените институции во државава. Нов мамограф ќе добие и охридската болница. Тодоров истакна дека овие средства ги обезбедиле како резултат на заштедите коишто ги направиле со набавката на инсулин и ленти за мерење на шеќер. Само од овој тендер вкупната заштеда изнесувала 235 милиони денари, рече Тодоров. {loadposition content9}
Поради турски серии немало кој да преведува учебници
Post Views: 386 Учениците од турската етничка заедница за малку ќе останеле без учебници бидејќи, речиси, сите преведувачи биле ангажирани да преведуваат турски серии. Така, фирмите што биле ангажирани да ги подготват книгите му се пожалиле на министерот за образование Никола Тодоров. Сепак, како што истакна Тодоров на вчерашната прес-конференција, учебниците биле готови на почетокот на училишната година и им се поделени на учениците. Но, според министерот, родителите му забележувале дека преводите се многу лоши поради што децата имаат потешкотии да го разберат материјалот.Што се...
Тодоров отворено проговори за дел од проблемите во здравството
Post Views: 277 Доктор не се создава преку ноќ. Кажете ми каде да најдам рентгенолог , анестезиолог уште утре ќе го вработиме. Ваков е коментарот на министерот за здравство Никола Тодоров за проблемот со дефицитот на кадар на доктори во општата болница Охрид. Според него проблемот е наследен бидејќи во минатото воопшто не се водело сметка за човечките капацитети.„Велите нема ренгенолози, нема анестезиолози, нема ни да се вработат, значи јас често кога ми го поставуааат ова прашање велам, да најдеме ренгенолог, анестезиолог кажете ми го кој е, ние ќе му се јавиме утре да го...
Здравствен дом Вевчани, одбележа два јубилеи
Post Views: 324 Министерот за здравство Никола Тодоров во посета на Здравствениот дом во Вевчани на одбележувањето на два јубилеи, 50 години од ренген службата и 10 години од мамографија. Градоначалникот на Вевчани Цветомир Угриноски изрази големо задоволство од присуството на првиот човек на македонското здравство и истакна дека чест е да се подржат ваквите јубилеји, посебно 50 годишнината од ренген службата која е отворена меѓу првите 5 служби на државно ниво. „Овој Здравствен дом го покрива цел дримколски регион, десеттина населени места, преку 25 000 жители и мислам дека има...
Министерот за здравство во посета на Општата болница Охрид
Post Views: 419 Министерот за здравство Никола Тодоров во посета на новиот болнички блок од Охридската општа болница. Тој објасни дека Охрид и Македонија ќе добијат здравствен објект, изграден по најновите стандарди во делот на медицината, објект кој треба да овозможи сериозно подигнување на квалитетот на здравството како во Охрид така и во поширокиот регион.„Од градежен аспект болницата се заврши за отприлика 9 месеци и ова е прв здравствен објект, почнат и завршен од една влада, во независна Република Македонија, а втор е вкупно, првиот е Гинекологија во Скопје кој се градеше...
Апел до Тодоров
Post Views: 389 Ќе се најде ли лек за Сенада Махмудоска од Охрид? Таа боледува од ретка болест на очите и го губи видот. Родителите на Сенада се во очајна битка со болеста на нивното дете и бараат спас насекаде. Засега нивните напори се без резултат. Како што кажа нејзината мајка, Зајде Махмудоска, докторите во Македонија не и влеале никаква надеж. Тие се решиле преку медиумите да го повикаат министерот Никола Тодоров, да ги посети и да оствари со нив разговор, надевајќи се дека сепак тој како прв човек на македонското здравство посебно ќе се заложи за нивниот случај.„Нашата...
Грци, Срби, Бугари масовно купуваат лекови од Македонија
Post Views: 438 Од апче за главоболка до лек за хронични болести. Македонија станува регионален центар за набавка на евтини, а квалитетни лекови. Граѓаните од соседните земји Грција, Бугарија и Србија секојдневно ги преминуваат границите и буквално ги празнат македонските аптеки. „Оваа тенденција која ја гледаме е резултат на добро поставен систем кој гледаме дека е ослободен од било какви турболенции со кои се соочуваат некои ситеми во соседството“, вели министерот за здравство Никола Тодоров.Тодоров е категоричен дека недостаток на лекови за нашите граѓаните нема да има,...
Каде ќе се дислоцира центарот за кардиологија?
Post Views: 402 Министерот за здравство Никола Тодоров во работна посета на Охрид. Лично се увери во динамиката на изградбата на општата болница, го посети здравствениот дом, но најмногу внимание посвети на проектот за дислокација на центарот за кардиоваскуларни заболувања „Св. Стефан“. Министерот откри дека сега засега тим од министерството разгледува две можности, првата кардиолошкиот центар да се префрли во карабина објектот во слоп на специјалната болница за ортопедија и трауматологија, Св. Еразмо, почнат да се гради пред пред 20 и повеќе години, а втората можност е истата...