Ознака: шапкар
Post Views: 728 Нова одбрана, нов пристап. Кристијан Шапкар конечно проговори. Откако ги разделија патиштата со досегашниот адвокат, Емил Балабан, обвинетиот за прв пат се произнесе пред Охридскиот суд. „Не се чувствувам виновен“ рече Шапкар и го започна своето сведочење за критичниот ден. Имено, Кристијан Шапкар се товари за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Во своето сведочење, Шапкар пред Охридскиот суд изнесе повеќе детали околу критичниот ден. „Не знам каков маневар направи тој пловен објект, но наеднаш го забележав како сенка. Јас се обидов да...
Одложен судскиот порцес за глисерската несреќа поради скршеница
Post Views: 322 Уште едно одлагање на главниот претрес од судското рочиште за глисерската несреќа. И на за денес закажаниот главен претрес, не се појави провообвинетиот Кристијан Шапкар. Адвокатот Надица Димитрова, која од неодамна ја презеде одбраната на Шапкар, го информира судот дека причина за отсуството е скршеница на десната рака на првообвинетиот и закажаниот оперативен зафат. Инаку според информациите на адвокатот на провообвинетиот, хируршкиот зафат ќе се изврши во специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ во Охрид, од страна на Доктор Љубомир...
Нов адвокат ќе го брани Кристијан Шапкар
Post Views: 451 Уште еднаш одложено судското рочиште за глисерската несреќа во која пред повеќе од две години, животот го загуби скопјанката Ирина Романова- Муцунска. После најавите на последното одржано рочиште од страна на адвокатите на семејството Муцунски, дека со користење на сите правни инструменти ќе се обезбеди присуство на обвинетиот Кристијан Шапкар по службена должност, првобвинетиот денес се појави во судницата. Но сепак судскиот претрес и повторно не се одржа, а не дојде ни до сослушување на сведоците Данаил Шајноски, Богоја Матоски и сведокот и оштетен Ивана...
Разврска на судскиот процес за глисерската несреќа сеуште нема
Post Views: 160 За следното рочиште, адвокатите на оштетените најавија користење на механизмот присилно приведување на обвинетиот Кристијан Шапкар по службена должност.Уште едно одлагање на главниот судски претрес за глисерската несреќа која пред две години се случи во водите на Охридското Езеро. И повторно, и на ова судско рочиште, не се појави обвинетиот Кристијан Шапкар, како и оштетената и сведок Ивана Шапкар. Адвокатот на обвинетиот, Емил Балабан не знаеше да објасни од кои причини и двете лица не се присутни на денешниот главен судски претрес. Од судот информација дека...
Стари сведоци, нови моменти
Post Views: 158 Споро, но сигурно, продолжува судскиот процес за глисерската несреќа од пред речиси две години, во која животот го загуби Ирина Романова Муцински. Денес во Основниот суд во Охрид, беа сослушани четворица сведоци. Алан Каоу, роднина на обвинетиот Кристијан Шапкар, кој бил во пловилото за време на несреќата, остана на исказот даден пред истражниот судија, дека воедно бил и едниствениот кој останал на пловилото после несреќата и на барање на адвокаттот на обвинетиот потенцираше дека од местото каде се наоѓал не можел да го види влезот во каналот. Свој исказ пред...
Одолговлекување на постапката за глисерската несреќа
Post Views: 217 Денеска во основниот суд Охрид се одржа нов претрес за глисерската несреќа. И после повеќе од година и половина од овој немил настан, кој што се случи на 22.08. 2009 година, кога настрада Ирина Романова Муцински, нема виновник. А и откривањето на причините за тоа се наоѓаат во ќор сокак, барем досега.Судскиот процес за глисерската незгода се одолговлекува. Адвокатот на оштетениот Зоран Муцунски, Никола Поленак, вели дека причините за тоа се субјективни и потекнуваат од страна на одбраната, поради отсуство на обвинетиот или главните сведоци. Тој рече оти...
Судењето на Шапкар одложено, по трет пат
Post Views: 144 Никако да се спојат коцките од мозаикот за разрешница на случајот со глисерската незгода. Повеќе од јасно е дека овој судски спор премногу се одолговлекува. После првиот претрес за глисерската незгода, која се случи на 22.08.2009 во водите на Охридското езеро, во која животот го загуби Ирина Романова Муцински, следуваат три одлагања на главниот претрес и сите поради неприсуство на некој од главните носители на овој настан. Овој пат неприсуството на Емил Балабан, адвокатот на обвинетиот Христијан Шапкар, беше главна причина поради која се одложи рочиштето....
Шапкар се појави во судницата, претресот повторно одложен
Post Views: 161 Во судницата покрај обвинетиот Кристијан Шапкар беа присутни и сведоците Ангела Белеска, Ивана Шапкар и Тодор Ропчев. Исто како и на предходниот претрес, не се појави сведокот Алан Каоу, ниту адвокатот на Златко Муцински, Татјана Попоска. Судијата Милчо Клишески информира дека не е доставено дополнително извествуање до Основниот суд од Охрид, од Клиниката за невропсихијатрија, во врска со барањето да се изврши вештачење за случајот Шапкар, иако е уредно испратено и примено барање на 13.09.2009 година. Судијата Клишески додаде дека не е одговорено и на нивното...
Шапкар не се појави на главниот претрес
Post Views: 310 Во Охридскиот Основен Суд, денес беше одложен главниот претрес против Христијан Шапкар, кој се терети за предизвикување на глесерска несреќа. Неприсуството на обвинетиот Шапкар беше причина тоа да се одложи. Отсуство го оправда бранителот на обвинетиот, Емил Балабан, пред главниот судија Милчо Клишески и останатите присутни, со потврда од Приватна Здравствена Организација на општа медицина. Според медицинската потврда Шапкар поради здравствени причини, јака лумбална болка не бил во состојба да присуствува на денешниот главен претрес. На денешниот судски претрес...
Отпочна судскиот процес против Шапкар
Post Views: 186 Во Основниот суд во Охрид денес започна судскиот процес против осомничениот Христијан Шапкар (31), кој се терети за предизвикување на глисерска несреќа. Имено, минатото лето на 22 август во несреќата животот го загуби Ирина Романова Муцинска (39), мајка на две деца, вработена во Т- мобаил. Според првичните детали од истрагата, кои беа соопштени веднаш по несреќата, Шапкар управувал со глисер од марката „сидо“, а со него биле неговата сопруга Ивана и две други лица, нивни пријатели. Муцинска управувала со глисер марка „регал“. Поради брзина поголема од...
Заврши притворот за Христијан Шапкар
Post Views: 278 Обвинителството, сеуште не ја има дозавршено постапката и нема конкретен епилог за случајот. Дали Шапкар ќе се терети и за што, останува да видиме.Шапкар е пуштен од притвор согласно законот. Но истражната постапка не застанува тука. По сила на законот, Христијан Шапкар со решение за ослободување од притвор пуштен е точно на денот кога му истекува одредената мерка притвор од 30 дена на 18.09.годинава, велат од Основниот суд во Охрид. Истата му била изречена само заради влијание на сведоците. Истрагата за случајот со Шапкар и глисерската незгода, во која едно лице...
Кривична пријава и 30-дневен притвор за Христијан Шапкар
Post Views: 439 Мислењето на докторите е дека на Шапкар му е неопходна понатамошна медицинска нега, поради што истиот, од страна на судот е обезбедуван во Општата болница во Охрид. Експресно прифатена кривичната пријава за Христијан Шапкар. Од МВР велат дека пријавата следува поради основањо сомнение дека направил тешки дела за безбедноста на луѓето.Шапкар во мометов е во Општата болница во Охрид на хируршкото одделение, во посебна соба со полициска придружба. Од силината на ударот повредени му се пршлени на кичмениот столб и според лекарите, потребен е неколкудневен надзор...