Ознака: кандидатот
Post Views: 13 Гласањето за избор на претставници на Врховнато народно собрание се одвива според планот, објавила севернокорејската агенција KCNA, додавајќи дека одзивот до 14 часот по локално време изнесува 91%, пренесува агенцијата AFP. Освен тоа што граѓаните физички ќе гласаат, во овие избори нема ништо демократско бидејќи во секоја од 687 изборни единици има само по еден кандидат., наведува AFP. Како и неговиот татко пред него, Ким ЈонгИл е кандидат во единицата со број 111, во планинскиот реон Паект. Севернокорејците на таа планина и припишуваат боговски статус, бидејќи на...
Оланд и Саркози одат понатаму
Post Views: 10 Како што и се очекуваше во вториот, решавачки, круг од претседателските избори во Франција, кои се закажани за 6 мај, одат кандидатот на социјалистите Франсоа Оланд и актуелниот претседател Никола Саркози.Франсоа Оланд со 28,63 отсто од гласовите е фаворитот на изборите, актуелниот претседател Никола Саркози освои 27,08 отсто од гласовите, а кандидатката на Националниот Фронт Марин Ле Пен 18,01 отсто.Жан-Лук Меланшон (Фронт на левицата-комунисти) освои 11,3 отсто, кандидатот на партијата од центарот МоДем Франсоа Бајру 9,11 отсто, Ева Жоли (Зелени) 2,28 отсто,...
Ривалот на Саркози доби брашно во лице
Post Views: 14 Жена фрли брашно врз кандидатот на социјалистите на француските претседателски избори, Франсоа Оланд, за време на говор во Париз.Телохранителите притрчаа да го заштитат кандидатот а напаѓачката беше отстранета, и потоа симната од говорницата, јавува Франс 24.Оланд, целиот покриен со бел прав, остана прилично смирен за време на нападот.Жената се вика Клер Сегвин, има 45 години и живее во Лил. Таа непосредно пред нападот извикувала дека била „малтретирана од страна на социјалистите во родниот град“, јавува весникот Ле Фигаро.Оланд преку твитер порачал дека „ништо не...
ВМРО ДПМНЕ Охрид и Кирил Пецаков со честитка по повод 11-ти октомври
Post Views: 15 ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид и кандидатот за градоначалник на Охрид, Кирил Пецаков упатија искрени честитки по повод големиот празник 11-ти октомври – Ден на народното востание на македонскиот народ.11-ти октомври – ден кога слободата победи и македонскиот народ се вброи меѓу предводниците на Антифашистичката борба. Охрид и Македонија имаат колективна заслуга во борбата против фашизмот. Да го сочуваме тоа што сме го наледиле од нашите предци, да се избориме за среќа и радост за ова парче земја и да создаваме светла иднина за сите. Нека се паметат вечно...
Мерки за модерно и современо образование дел од изборната програма на кандидатот за Градоначалник од ВМРО ДПМНЕ, Митре Милошевски
Post Views: 15 Програмата „За убав град“ предвидува воведување на едносменска настава. На тој начин во голем дел ќе се постигне синхронизација на работното време на родителите, со времето на учениците поминато во училиште, кажа Милошевски. Компатибилно на овој проект, Милошевски уште еднаш го спомна проектот, „Бесплатна здрава храна за ученици од I-V одделение, со кој децата ќе добиваат редовни и здрави оброци на училиште. „Иницијативата за отварање на средно ликовно и музичко училиште, бесплатен превоз 24 часа за сите ученици од основното и средно образаование. Развивање на...
ТВМ во домот на Митре Милошевски, кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ,
Post Views: 45 Познатиот неврохирург Митре Милошевски родум е од село Битуше, високо на Кораб планина. Татко му Перо бил учител , а мајката Јованка работничка, па се доселиле во Охрид. Детството го минал во градот под Самоиловата тврдина, тука завршил основно и средно образование, а потоа заминал на медицинскиот факултет во Скопје, кој го завршил во рекордно време. Првото вработување му е во близина на родното место, во Здравствениот дом во Ростуше, но набрзо се вработува во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија Свети Еразмо , каде се уште работи, цели...
Партијата „Демократи“ го претстави кандидатот за градоначалник на Охрид
Post Views: 20 Политичката партија „Демократи“ денес го претстави својот кадидат за градоначалник на Охрид. Претседателот на партијата Јорго Огненоски, на денешната прес конференција кажа дека Стевоски кој 30 години се бори против криминалот е вистинскиот избор за прв човек на Охрид. Охрид наместо да станува поубав град тој е во се полоша состојба изминативе две децении додека на власт се менуваат две политички опции во државата, смета Огненоски. „Нашиот кандидат г-дин Стевче Стевоски, за којшто можам слободно да кажам дека охриѓани кога ќе го изберат, за градоначалник на...
Кандидатот за градоначалник од редовите на Граѓанско Демократска Унија, Михаил Трендафилов-Нанче, се сретна со жители на урбаната населба Видобишта
Post Views: 15 Граѓаните се пожалија на тоа што улиците „Прва македонска ударна бригада“, „Ристо Чадо“, „Андреј Јовановски“, „Марко Нестороски“ и „Марко Цепенков“ треба да се асфалтираат. Постарите жители побараа клупи и катчиња за одмор. Михаил Трендафилов-Нанче им објасни на луѓето дека проблемите не можат да се решат со магично стапче, но им вети дека со домаќинско и одговорно работење истите можат да се решат чекор по чекор. Нанче ги праша граѓаните дали се задоволни од начинот на кој се раководат нивните пари, алудирајќи на тоа дека никој не знае како се направени...







