Skip to main content

Ознака: лице

Мала надеж за подобро утре на Линдита

Post Views: 246 После сторијата на ТВМ за Линдита Рамадан, девојчето со церебрална парализа која живее во лоши услови, стручните работници од охридскиот Центар за социјална работа утрово биле во посета на семејството Рамадан. Како што информираше директорот Екрем Каљоши, на лице место била согледана нивната состојба, од страна на неговите служби и се договориле во понеделник таткото на Линдита да поднесе во Центарот барање за остварување еднократна парична помош како и да ги разгледаат можностите за остварување право на социјална помош. Каљоши категоричен дека согласно Законот,...

Продолжи со читање

Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајна незгода на ул.„15 Корпус“

Post Views: 258 Сега починатиот во критичниот момент се обидувал да ја премине улицата на необележан пешачки премин. Притоа, во него удрило патничко моторно возило марка „Пасат“ со охридски регистарски таблици кое од селото Лескоец се движело кон Охрид. За кратко време на местото на тешката сообраќајна незгода пристигнало возило на брза помош при што од медицинските лица била констатирана смрт. На лице место извршен е увид во присуство на јавен обвинител како и полициски екипи од СВР Охрид. По наредба на јавниот обвинител, во текот на денов врз телото на сега починатиот ќе биде...

Продолжи со читање

„Лице в лице“

Post Views: 269   Ѓорѓиоски Љупчо веќе една година е колпортер и го продава уличното списание „Лице в лице“. Во него се третираат општествено-одговорни теми од повеќе области на живеењето, а го продаваат маргинализирани групи и поединци.  Љупчо  е лице со  делумна интелектуална попреченост кој живее со  1200 ден. социјална помош, а со продажба на списанието колку толку обезбедува за да си купи барем леб. Од секој продаден број кој чини 100 денари, половина од сумата е наменета директно за продавачот, а останатата половина се вложува половина за печатење и за активности кои го...

Продолжи со читање

Обид на насилник да прегази василичари

Post Views: 277 Секторот за внатрешни работи Охрид презема мерки за пронаоѓање на лице кое утрово во Охрид изврши кривично дело „насилство“.Настанот е случен утрово во 06 часот и 40 минути на улицата „Радојца Новичиќ“ кога засега непознатиот сторител, пред група граѓани собрани околу василичарски оган, го запрел патничкото моторно возило марка „Голф“ со скопски регистарски таблици и со нож во рака им упатил повеќе вербални закани. Потоа, со возилото со голема брзина се упатил кон граѓаните и поминал преку запалениот василичарски оган. Притоа на едно лице му нанел лесни телесни...

Продолжи со читање

Купи го Бред Пит на ebay

Post Views: 248 Со цел да собере пари за хуманитарни цели, холивудскиот актер Бред Пит се стави сам себе си на продажба на сајтот за он лајн лицитации иБеј.„Купувачот“ кој ќе даде најдобра понуда ќе може да се запознае со популарниот актер и со него разговара.Средбата ќе биде организирана во Луизијана, бидејќи Пит планира парите што ќе ги собере да ги подари на Њу Орлеанс, кој во 2005 година е разорен во налетот на ураганот Катрина.Актерот сака да му помогне на здружението „Make it Right“ кое гради куќи за оние кои ги изгубиле во природната катастрофа која го зафати нивниот...

Продолжи со читање

Мирна новогодишна ноќ во Охрид

Post Views: 250 Охрид во Новата 2015 година влезе мирно. Од СВР Охрид, од безбедносен аспект, дочекот на најлудата ноќ  во годината ја оценуваат позитивно без инциденти и сообраќајни несреќи. Стефан Димовски портпаролот на СВР Охрид изјави дека на градскиот плоштад организираниот дочек  на новата година поминал во пријатна атмосфера без инциденти и без употреба на нелегална пиротехника.Бил евидентиран само еден случај на нарушување на јавниот ред и мир од страна на лице под дејство на алкохол, кое предизвикало инцидент во еден угостителски објект.Алкохилизираниот гостин побарал...

Продолжи со читање

„Твоето лице ми звучи непознато“

Post Views: 249 „Твоето лице ми звучи непознато“. Во саботата во Центарот за култура „Григор Прличев“ се оджа овој невообичаен концерт организиран од охридските гимназијалци. Самиот настан беше замислен како варијација на познатото телевизиско шоу „Твоето лице звучи познато“. Идејата била на професорот по музичко Александар Димоски и на самите ученици, а во организацијата активно се вклучила директорката на гимназијата, Вера Јовческа. Се подготвувале повеќе од еден месец. Во улога на музички ѕвезди беа самите гимназијалци претежно оние кои се дел од хорот кои изведуваа домашни и...

Продолжи со читање

Концертот на охридските гимназијалци, „Твоето лице звучи не познато“ полн погодок!

Post Views: 261 Во саботата во Центарот за култура „Григор Прличев“, а  во рамките на донаторската акција за опремување на музичкиот кабинент на ОСУ„Св.Климент Охридски“ – Охрид, охридските гимназијалци одржаа еден невообичан концерт.Самиот настан беше замислен како  варијација на познатото телевизиско шоу „Твоето лице звучи познато“. Покрај тоа што публиката уживаше во настапите на музичките ѕвезди,  имаше и можност да пее со изведувачите бидејќи текстот на песните  беше проектиран  на платно, а изведувачите беа оценувани од жири. {loadposition content9}

Продолжи со читање

Тешка кражба извршена од малолетник

Post Views: 273 Поради постоење основи на сомнение за сторено едно казнено дело „тешка кражба“ и една „кражба“  СВР Охрид, до Основното јавно обвинителство поднесе известување поврзано со малолетно лице од Охрид како можен сторител на казнените  дела.Пријавениот шеснаесет годишен малолетник, тешката кражба ја извршил на 13 октомври оваа година во канцеларија на одделението за даноци од локалната самоуправа Охрид. Тој се искачил на спратот од новиот дел од општинската зграда во изградба и се префрлил до прозорот на канцеларијата на оддлението за даноци. Успеал насилно да го отвори...

Продолжи со читање

ВМРО НП со соопштение за тезгите кај чинарот

Post Views: 246 Често пати во минатото ДПМНЕ бурно реагираше на поставувањето на тезгите на плоштадот кај чинарот за време на новогодишните и божиќните празници. Во годините наназад, тие тезги го нагрдуваа ликот на градот кој баш во тој период има зголемен број на туристи, истите тие тезги личеа на панаѓур и беа предмет на жестока критика од партијата која сега е на власт.После неколку години, откако ДПМНЕ ја презеде локалната власт во Охрид, тезгите иако го имаат истиот лик и покриени се со најлони, истите се во ред и не се грдото лице на Охрид. Зошто ДПМНЕ сега не реагира за...

Продолжи со читање

19-годишно лице без дозвола се движело за време на полициски час

Post Views: 278 Поради постоење основи на сомнение дека сторил казнено дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 19-годишно лице од Охрид.– На 10-ти мај 2021 година, во 01:45 часот, полициски службеници ја затекнале пријавената по улицата „Партизанска“ во Охрид и констатирале дека не поседува соодветна дозвола за движење, со што не ја почитувал мерката за забрана за движење на населението од 23:00 до 05:00 часот заради спречување на ширење на коронавирусот COVID-19, информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање

Во Охрид во 2014та не е регистриран ниту еден случај на ХИВ СИДА

Post Views: 250 Во Охрид во 2014та не е регистриран ниту еден случај  на ХИВ СИДА. Последното хив позитивно лице е откриено во април 2013та година. Од почетокот на појавата на епидемијата на СИДА во 1987год, во Охрид се регистрирани 9 случаи од кои осум биле мажи, а една жена и тоа на возраст од 20 до 49 години, а само едно лице е над 55год. Осум од нив починале . Пренесувањето на болеста е хетеросексуално. Во Струга од овај заразен вирус заболеле три лица и сите се починати, а во Дебар едно лице.Лекувањето на заболените е на инфективната клиника во Скопје и таа редовно ги...

Продолжи со читање