Ознака: лице
Post Views: 416 Спортски и фитнес тренери, физиотерапеути, регистрирани медицински сестри, и масери. Училишни психолози, професори по музика, негователки во градинки и логопеди. Лични финансиски планери, возачи и приватни детективи. Ова се професиите кои до 2020 година ќе бидат најмногу барани на берзата на трудот, пишува Forbes. Се очекува дека овие професии ќе вработат и до 20% повеќе луѓе во САД, до 2020 година. Што е заедничко во сите овие професии? Заедничка линија им е емпатијата, односно способноста за соживување во емоционалната состојба на друго лице и разбирање на...
Охриѓани користат потврди за здравствени услуги при летување и патување во странство
Post Views: 281 Се повеќе охриѓани, за летување во странство или пак патување, користат потврди за право на користење на здравствени услуги. Граѓаните се повеќе ги знаат своите права и ги бараат двојазичните потврди, информираат од подрачната единица на охридскиот Фонд за здравствено осигурување. Потврдите ги издава Комисија од фондот, на која претходно лицата кои патуваат во странствово зависност од полот, доставуваат потврди од матичниот лекар и гинеколог. Овие потврди се бесплатни, напоменуваат од Фондот.Во ФЗО велат дека двојазичните потврди важат само доколку...
Обид за кражба на делови од макета на оклопно возило на Мауцкер
Post Views: 329 Две лица се обиделе да украдат делови од макета на околопно возило тенк од Мауцкер. Неофицијално прво со оксиген ја исекле макетата од оклопното возило на делови, за потоа да се обидат ги украдат истите. Обидот за кражба во СВР го пријавил чуварот на депонијата на Мауцкер со која стопанисува ЈП Охридски Комуналец.„Во текот на вчерашниот ден во раните утрински часови при доаѓањето на нашите претпоставени на работа забележани се делови од исечени тенкови и бидејќи тоа не е понатака во наша надлежност известен е секторот за внатрешни работи за понатамошна...
Лицата со посебни потреби во локалната самоуправа добија „Инфо точка“
Post Views: 309 „Инфо Точката“ како услуга градоначалникот Бакрачески им ја вети на лицата со посебни потреби при првата средба откако стана градоначалник. Оваа точка е во координација со она што претставува потреба за подобар сервис на оваа категорија граѓани од страна на администрацијата во општина Охрид.„Овие лица ќе имаат подеднакви права и услови како и секое друго лице кое има потреба од вршење на работи од страна на општинската администрација“, вели првиот човек на општина Охрид градоначалникот Никола Бакрачески.„Ова е инфо точка каде лицата со посебни потреби веднаш по...
Охриѓанец загина во сообраќајка на ул.„15-ти Корпус“
Post Views: 342 Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајна незгода што рано утрово околу 05 часот и 30 минути се случи на улицата „15 корпус“ во Охрид. Ранко М. (51) од Охрид на лице место им подлегна на повредите во момент кога патничко моторно возило „Опел калибра“ со швајцарски регистарски таблички, управувано од Ф.К. (31) од Охрид, директно со десниот преден дел удрило во сега починатиот кој управувал моторцикл марка „Џилера“. Сударот се случил кога сега починатиот се обидел со моторциклот оставен на левата страна од коловозот да се приклучи во правец кон селото...
Трет ден од пожарот на зграда на Туристичка, никој не превзема ништо
Post Views: 298 Три дена по пожарот на зграда на Туристичка никој не превзема ништо. 46 те семејства од оваа колективна зграда немаат ни основни услови за живот. Огнената стихија која ја зафати зградата во неделата околу 23 часот, покрај тоа што ги растревожи, им ги зачади станови, каде и по три дена се шири непријатна миризба од која неможе да се спие, ги остави и без електрична енергија. Жителите сеуште видно возбудени раскажуваат за пеколот кој го преживеаја во неделата. Ги вознемирува и фактот што освен противпожарните единици и СВР никој друг не дошол да ги запраша дали им...
Кривична пријава за раководителката на „Сузуки-МТ“
Post Views: 389 Фирмата „Сузуки-МТ“ и ракводителката на ова правно лице заработија кривични пријави од СВР Охрид. Стефан Димоски портпарол на СВР-Охрид, информира дека пријавите се поднесени во врска основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“. Димоски додава дека само во текот на вчерашниот ден до СВР-Охрид поднесени се околу дваесеттина жалби и поплаки на граѓани за наплата на паркинг места, кои со одлука на Општина Охрид веќе не претставуваат паркинзи под концесија на правното лице „Сузуки-МТ“.„Оваа одлука односно известување на Градоначалникот на...
Отстранета мини депонијата од градските гробишта
Post Views: 315 Се подобрува состојбата на градските гробишта, барем што се однесува на естетскиот дел. Мини депонијата која пред само недела дена го грдеше изгледот на просторот во и околу гробиштата, сега веќе не е таму. Денес увид во состојбата со градските гробишта, на лице место направи и градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески. „Јас сум денес, од она што претходно го имав како фотодокументација добиено од моите стручни служби и од моите помошници, пред да се почне со оваа акција, доста задоволен сум од она што го гледам, гледам дека се улиците исчистени, измиени и...
Бакнеж кој предизвикал бес
Post Views: 595 Претседателот на филмскиот фестивал во Кан, Gilles Jacob, се обидел да ја смири ситуацијата која настанала во Иран, откако ја бакнал иранската актерка Leila Hatami, објаснувајќи дека тоа е обичај на запад. Ирански официјални лица биле шокирани со фотографијата која ја пренесле иранските медиуми на која се гледа како Gilles Jacob ја бакнува во лице актерката на отворањето на фестивалот во Кан. За нив тоа е кршење на чедноста на иранската жена. “Ја бакнав госпѓата Hatami во лице. Во тој момент таа за мене го претставуваше иранскиот филм а потоа таа стана повторно...
Предаден во употреба патролниот брод
Post Views: 347 Министерот за одбрана Талат Џафери, во работна посета на Охрид. Целта на посетата како што и самиот министер истакна кореспондира со обврските на Министерството за одбрана и на Генерал Штабот, директно на лице место да се запознае со состојбите во еднинците. А како посебен повод министерот го истакна пуштањето во употреба на воениот брод, кој е реновиран и после четири години пауза, е на готовс за потребите на армијата но и за комерцијални цели.„Тоа беше добра прилика ние денеска да бидеме во Центарот за обука на вода за да можеме на лице место да се запознаеме со...
Петрески преку фотографии го покажа грдото и убавото лице на Охрид
Post Views: 348 Кандидатот за градоначалник од „Сојузот за иднината“, Алекдандар Петрески на денешната пресс конференција зборуваше за како што кажа грдото и убавото лице на Охрид.Како доказ за грдото лице Петрески покажуваше фотографии од детската болница, која сега е руина а каде требало да има Хилтон хотел. Потоа покажа фотофрафии од опожерениот дописен центар на македонската радио телевизија, пристапните патишта кон Охрид, автокамповите за кои како што кажа со законот на Александар Николовски биле прогласени како државен интерес за да може да ги продаваат по едно евро и да...
Автобуската станица во Охрид е едно од најгрдите лица на градот, кажа кандидатот за градоначалник Никола Бакрачески
Post Views: 285 Охрид како туристички центар на ова место требаше да има препознатлив објект, рече кандидатот за градоначалник, Никола Бакарачески, на прес конференцијата одржана на автобуската станица. Во 2009 година е дадено ветување дека на ова место ќе се изгради модерна автобуска станица, но тоа е само лажно ветување кое не е одржано, потенцираше Бакрачески.„ Ова е едно најгрдите лица на градот, гледате дека таа е место каде нема неуредена јавна површина, каливи премини, дупки, оставени торби насекаде околу така наречената автобуска станица. Ова е место кое го дава најлошиот...