Ознака: Пештани
Post Views: 6 Големата дупка на патот Пештани-Охрид за која реагираа наши сограѓани во рубриката „Ти си твојот град“ е санирана. Оваа дупка претставуваше опасност за возачите, а голем број од граѓаните се пожалија дека ги искршиле своите автомобили. Тимот на „Ти си твојот град“ е секогаш тука за вас, граѓаните на Охрид и околината, Струга, Дебрца, Вевчани, ќе ги разгледаме вашите барања и ќе помогнеме во решавањето и на најмалиот проблем. Вашите слики за рубриката ТиСиТвојотГрад испратете ги на нашата меил адреса : tisitvojotgrad@tvm.mk ГОЛЕМА ДУПКА ОПАСНА ЗА ВОЗАЧИТЕ НА...
ООУ„СВЕТИ НАУМ ОХРИДСКИ“ ВО ПЕШТАНИ ДОБИ НОВ ПОКРИВ И НОВА ДОГРАМА
Post Views: 2 Извршена е комплетна реконструкција на покривот во централниот училишен објект на ООУ„Свети Наум Охридски“ во селото Пештани. Старите азбестни табли се заменети со современ лимен покривач, со што значително се подобрени условите за настава. Исто така, во моментот се изведуваат работни активности за поставување на нови енергетски ефикасни ПВЦ-прозорци во сите училишни простории и кабинети во објектот. Средствата за реализирање на овие реконструктивни зафати, Општина Охрид ги обезбеди преку Министерството за образование и наука, по претходно објавен повик за...
Александар Петрески во Пештани
Post Views: 2 „Нашите приоритети произлегуваат од реалните и елементарни потреби на граѓаните, а не од фикс – идеите на поединци кои се во голем расчекор со времето и економските услови во кои живеат граѓаните на Охрид“ потенцираше кандидатот за градоначалник од СДСМ, Александар Петрески при денешната посета на Пештани. „Позначајно е да се довршат водоводните и канализациони системи, започнатата реконструкција и санација на патната мрежа, одколку да се трошат милионски износи за наколни живеалишта и скапи непотребни реклами“ додаде кандидатот за градоначалник. „Сигурни...
Во Пештани повторно почна да функционира амбулантата
Post Views: 1 Во Пештани повторно почна да функционира амбулантата . По пауза од неколку години во оваа здравствена установа ќе можат да добијат здравствените услуги жителите од Пештани, Трпејца и Љубаништа, но и гостите кои престојуваат во овие туристички места. Сега пештанци добиваат матичен лекар кој има склучено договор со Фондот за здравствено осигурување на Македонија, а кој се наоѓа во нивното место на живеење. Особено е важно што е реализирано барање на граѓаните, бидејќи наша улога е да го слушаме гласот на народот и да правиме се што е во наша надлежност и да...
Хациенди со базени, странци ќе градат на локации кај Горица и Пештани
Post Views: 8 Наскоро во Охрид се очекува странци да градат луксузни куќи во две елитни населби, во Горица и пред Пештани. За градење на хациенди со базени покрај охридското крајбрежие голем интерес пројавиле богати Израелци, вели охридскиот градоначалник. Со новите измени во Законот за градежно земјиште се очекува странците да го зголемат ивестирањето во недвижнини во нашиот град додава тој. Нашите граѓани, пак 120 типизирани станови за домување ќе може да градат во населбата Чекоштина, по скорешното усвојување на деталниот урбанистички план. Со градбата во овој дел ќе...
Селото Пештани и оваа летната сезона ја минува затрупано со отпад
Post Views: 18 И оваа летна сезона селото Пештани е затрупано со отпад. Бројни диви депонии се наоѓаат на самиот брег од езерото, на плажите на кои во овој период се одмараат голем број туристи.Месното население се жали дека проблемот се провлекува со години. Надлежните никако да најдат соодветно решение- велат тие. Вината ја гледаат и во однесувањето на туристите. „ Го оставаат вака ѓубрето. Највиновни се туристите. Го оставаат кај ќе стигнат. Треба да го ставаат во најлонски кеси, а потоа во контејнер, а не да го оставаат на плажа. Проблемот мора да се реши, ние редовно ги...
Голема дупка опасна за возачите на патот Пештани-Охрид
Post Views: 3 Билјана Гаврилоска во склоп на рубриката „Ти си твојот град“ ни испрати слика на која се гледа голема дупка на патот Пештани-Охрид, која што е доста опасна за возачите и сообраќајот на овој дел.Дупката се наоѓа на излезот од Пештани кога се движиме накај Охрид и е опасна бидејќи е длабока и мора самото возило да се префрли на другата лента за да ја одбегне, што сметам дека е опасно за сообраќајот – вели Гаврилоска.
Пештани ќе добие амбуланта
Post Views: 5 Амбулантата во Пештани ќе ги третира и пациентите од селата Љубаништа и Трпејца. Огласот за рурални матични лекари е успешен, оцени министерот Тодоров. За секоја новоотворена рурална ординација по општа медицина согласно огласот, се склучува договор со Фондот за здравствено осигурување на Македонија. Ординацијата ќе добива зголемен износ на капитација, и тоа најмногу 90.000 и најмалку 60.000 денари за месец. Лекарот првите 24 месеци или додека не надмение 700 пациенти, ќе може сам да ја објавува функцијата, односно без медицинска сестра.