Skip to main content

Ознака: Пештани

Новата градинка во Пештани не ги исполни првичните очекувања

Post Views: 2   Новата градинка во Пештани која беше отворена пред два месеци во склоп на ОУ „Св Наум Охридски“, не ги исполни првичните очекувања. Според анкетата која беше направена во оваа дисперзирана група на градинката „Јасна Ристеска“ требаше да бидат запишани  25 дечиња, а сега има само 12. Нормативите за успешно работење на една група се од 15 до 20 деца. Причина за тоа што долго време се чекаше за да се отвори оваа група па многу деца кои беа на возраст од  пет до шест години сега не се запишаа бидејќи од наесен ќе започнат да одат на училиште. Еден дел од...

Продолжи со читање

Во Пештани се отвори нова градинка

Post Views: 8   Пештани доби нова градинка. Таа работи во склоп на ОУ „Св Наум Охридски“. Во овој објект ќе бидат згрижени 25 пештанчиња. Првиот човек на градот Никола Бакрачески, истакна дека продолжува нивната стратегија за доближување на условите за згрижување на деца во населените места и руралните средини, со што негата и одгледувањето на децата стана достапно за мештаните кои живеат надвор од централното градско подрачје. Фитбекот од родителите кој што го имавме во изминатите две години покажа дека ова стратегија за отварање градинки во посебни просторни услови е...

Продолжи со читање

Дадено зелено светло за отварање на градинката во Пештани

Post Views: 11 Дадено зелено светло за отварање на истурената паралелка на градинката „Јасна Ристеска“ во Пештани. Комисијата пред две недели направила увид на просторијата и дворната површина и констатирала дека условите се идеални за згрижување деца.Веќе сме целосно подготвени за отварање на паралелката. Со помош на Министерството за труд и социјална политика и на Локалната успеавме да ги докомплетираме сите работи. Чекаме само термин кога ќе може бугарскиот конзулат да  присуствува, бидејќи дел од средствата за изградба на оваа просторија ги донираа тие, вели Розе...

Продолжи со читање

Низ улиците на Охрид до Пештани продефилираа триесеттина ретки возила

Post Views: 6 Опел Олимпија од 1952 година со охридски регистарски таблички беше најстарото возило на Ревијaлната изложба на стари автомобили – „олдтајмери“ Охрид 2015. Дождот кој денес напладне паѓаше во Охрид не ги попречи триесетината сопственци на ретки стари автомобили да се провозат од Охрид до Пештани. Љубителите на раритетните автомобили кои многу внимателно се грижат за своите миленици на четири тркала гордо ги изложија возилата на градскиот кеј. Александар Димушевски организаторот на ревијата на олдтајмери Охрид 2015 цврсто верува дека ова ќе стане традиција во...

Продолжи со читање

Пештани и Велгошти имаат потреба од гробни места

Post Views: 3 Пештанци и велгоштани имаат заеднички проблем, двете месни заедници се соочуваат со недостиг на гробни места. Во Пештани овој проблем влече корени веќе подолго време. Жителите досега одржале  4 граѓански  собири и на сите како проблем број еден го истакнале  недостокот на гробни места, укажува Драган Тренески  претседател на МЗ од Пештани.„ Овој проблем е дефиниран и тоа решавање мора да биде веднаш и сега. Станува збор за многу горлив проблем. Има голем недостаток на гробни места и во консултација  со Црковниот одбор не постои ни една слободна парцела“,...

Продолжи со читање

Кражба на пари од црква во Пештани

Post Views: 1 Засега непознат сторител извршил кражба на пари од црквата „Св. Никола“ во Пештани. Настанот се случил вчера околу 09 часот кога сторителот низ отворените врати влегол во внатрешноста на црквата и во еден дел ја забележал металната каса.Тука употребил подесен алат, насилно ја отворил металната каса, противправно одзел околу 1000 денари и избегал. На местото на настанот, извршен е увид. СВР Охрид работи на расчистување на случајот и идентификација на сторителот.  

Продолжи со читање

Утре Пештани неколку часа без вода

Post Views: 3 Утре, 28-ми мај, ќе има прекин во водоснабдувањето село Пештани. Од МЈП „Проаква“, Р.Е Водовод велат дека прекинот во водоснабдувањето е поради интервенција на водоводната линија. Пештанци нема да имаат вода во периодот од 09:00 до 12:00 часот.Екипите се на терен и работат на отстранување на дефектот.  

Продолжи со читање

Расфрлан отпад, пластични шишиња на патот Пештани-Св.Наум

Post Views: 9 Аспасија Палоска испрати слики за „Ти си твојот град“ кои се направени на патот Пештани-Св.Наум. Еве што вели таа: -“Случајно испаднати”… Ако некој си ги препознае, нека си ги земе, тука се…А тоа дека Јованче и Мариче поминувале и место трошки фрлале пластични шишиња и лименки, тоа е друга приказна. Некултура!!! (На патот  Пештани – Св.Наум)

Продолжи со читање