Ознака: Пештани
Post Views: 4 Слаб старт на туристичката сезона во Пештани. Освен малиот број странски гости посебно холндските туристи, други гости речиси и да нема, се жалат мештаните. Но пештанци не губат надеж. „Нема сеуште нема чекаме и се надеваме на добра сезона. Наназад 10 години исто е вака па сега ако нема во јули кога ќе има, обично од 15 се полни. Моментално сеуште ги чекаме има ама многу слабо. Не се надеваме на повеќе и сега не е тоа што беше некогаш.Во Пештани населението треба и можи да живее од туризмот, но недостасуваат повеќе работи кои треба да се средат, велат од Месната...
Пештани доби летна дежурна служба
Post Views: 2 Во туристичката населба Пештани после 9 месеци повторно проработува службата за примарна здравствена заштита. Денес во Пештани и официјално се отвори новиот пункт на Здравствен дом Охрид. Целта е на осигурениците но и за туристите да им се овозможи континуирана и достапна здравствена заштита, вели директорката на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Маја Парнарџиева-Змејкова.„Дежурната служба има обврска да овозможи во периодот кога нема покриеност за здравствена заштита на населението да се активираат капацитетите на Здравствениот Дом и матичните лекари...
Обид за убиство во Охрид
Post Views: 3 Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Убиство во обид“ СВР Охрид против В.Р. (32) од охридското село Пештани поднесе кривична пријава.Пријавената, на трети овој месец, на сопругот Ј.Р. (26) од Пештани со кујнски нож му нанела тешки телесни повреди во пределот на градниот кош. Истиот итно е пренесен во општата болница во Охрид каде по укажаната медицинска помош е задржан на понатамошно лекување.Настанот се случил околу 16 часот откако помеѓу двајцата брачни партнери настанала жестока вербална расправија. Во момент кога двајцата сопружници биле...
На потегот од Метропол до селото Пештани денеска почна уривање на платформите во езерото и нелегални објекти на плажите
Post Views: 4 Започна уривањето на објектите на плажите во населбата Лагадин. Механизација со силно полициско присуство утрово уриваше на плажата Акапулко. Концесионерите револтирани, велат не се дивоградби, граделе по проекти и одобрение на министерството за транспорт и врски. Обвинуваат дека локалната самоуправа со години ги манипулира.„Јас се чувстувам страшно изманипулирана. Ветувањата од тие државни службеници кои доаѓаа во контроли беше дека ќе се корегираат тие договори спрема условите. Меѓутоа како се префлрија ингеренции на локалната од таму не знаеме зошто почнаа...
Во Пештани се гради модерно шеталиште
Post Views: 2 Пештаници но и бројните гости за брзо време, ќе прошетаат по нов кеј. Изминативе три месеци Локалната самоуправа на Охрид интензивно работи на комплетна реализација на проектот околу уредување на шеталиштето. Како што изјави градоначалникот Никола Бакрачески, со зафатите кои што се изведуваат во Пештани пред почетокот на туристичката сезона, било исполнето она што е предвидено за тој дел, во програмата за работа на Локалната самоуправа.„Од она што можев денес да го видам на терен, задоволен сум како се одвивале активностите во изминатиот период. Како и што и сами...
Работилниците на МСО Охрид, за разрешување на конфликти
Post Views: 3 Младински Совет Охрид во текот на месец февруари реализира 13 работилници на тема “Разрешување на конфликти” на кои учество зедоа 280 ученици од сите основни училишта во Охрид, Велгошти, Пештани и Лескоец.Целта на овие работилници беше стекнување знаења и вештини за конструктивно разрешување конфликти преку согледување на потребите и интересите на двете страни кои се наоѓаат во конфликт. Учениците, терминот конфликт најчесто го дефинираат како кавга, расправија, спротивставување, војна, а најчести причини за јавување на конфликт се: слаба комункација,...
Бара неисплатени плати од општината, од таму велат договорот на дело му е спорен
Post Views: 3 Томислав Бакулески, жител на Пештани со обвинувања до локалната самоуправа дека не му исплатила заработени плати за негов ангажман со договор на дело. Бакулески вели дека тој бил ангажиран од страна на поранешната локална самоуправа, за работа во ОУ „Св.Наум Охридски“ во Пештани во периодот од 1 Ноември 2012 до 10 Јуни 2013та година. Тој појаснува дека половина од средствата му биле исплатени, меѓутоа дека општината му должи уште 23.300 денари за што и ни прикажа извод од аналитичка картичка преку која општината во минатиот состав му исплаќала месечен надомест, но и...
До крајот на годинава ќе почне да се гради новиот магистрален пат Охрид-Свети Наум
Post Views: 5 Директорот на Агенцијата за државни патишта најави скоро започнување со изградбата на новиот магистрален пат од Охрид до Свети Наум. Се работи за проект кој ќе се спроведува во две фази и станува збор за сосема ново патно решение. „Првата фаза е веќе дефинирана и тоа е делницата од Охрид кај бензиската станица, до Пештани. Се проектираат некаде широчина на магистрален пат од 12тина метри, четири ленти, во двата правци. Очекуваме проектот да биде готов некаде во средината на оваа година и веќе Владата размислува и прави финансиска конструкција да до крајот на оваа...