Skip to main content

Ознака: 2014

Одлични резултати на Балабан и Алексовска во Бугарија

Post Views: 146 Вицешампионска позиција за Нина Балабан, четврта за Ангела Алексовска на меѓународниот Турнир со воздушно оружје, што се одржа на 17-18.05.2014 год. во Сандански Р.Бугарија.За првпат оваа година стрелците од СК,,Охрид“ не се закитија со златен медал на турнирот, односно со сребрен медал се закити Нина Балабан, во јуниорска конкуренција со резултат од 403 кругови. Голем успех на Ангела Алексовска, која постигна резултат за 7 кругови поголем од минималната олимписка норма. И покрај ваквите резултати кои константно растат од натпревар на натпревар, надлежната институција...

Продолжи со читање

За петок свикана 24-та седница на Советот на општината

Post Views: 146 Дваесет и четвртата седница на Советот на општина Охрид на ден 23.05.2014 година ќе се одржи овој петок со почеток во 12,00 часот. Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид, со следниот  деневен ред : Д Н Е В Е Н Р Е Д 1. Предлог Одлука за верификација на мандат на член во Советот на општина Охрид.2. Предлог Решение за именување Претседател на Статутарно-правната Комисија. 3. Предлог Решение за именување член во Комисијата за јавни и комунални дејности. 4. Предлог Решение за именување член во Комисијата за месна самоуправа. {loadposition content9}

Продолжи со читање

Од понеделник ќе се реконструира дрворедот на ул.„Партизанска

Post Views: 154 Ј.П.”Охридски Комуналец” ги известува граѓаните на општина Охрид дека од понеделник-19.05.2014 год. започнува со реконструкција на дрворедот по ул. „Партзанска“.Постоечките дрвја на оваа улица ќе бидат заменети со украсни дрва од видот лигуструм. Искуството со дрворедот по ул.,,Димитар Влахов,, покажа дека овие дрвја кои имаат декоративен изглед се отпорни на временски промени, аерозагадувања и заболувања и немаат длобок корен.Заради тоа упатуваме барање и апел до граѓаните да не ги паркираат своите возила на ул ,,Партизанска,, во времетраење од 06.00час-12.00час...

Продолжи со читање

Финансиска поддршка за рурален развој

Post Views: 160 Секторот за туризам и локален економски развој при Општина Охрид и Канцеларијата за административни работи и стручна поддршка на развојот на земјоделството, информираат дека е објавен јавен повик 02/2014 и 03/2014 за доставување на барања за користење на средства од програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2014 година.Во меркатa 121 предвидени се средства за инвестиции за модернизација на земјоделските стопанства, набавка на добиток од признати организации на одгледувачи на добиток од Република Македонија, набавка на пчелни матици од регистрирано одгледувалиште,...

Продолжи со читање

Успех на охридските аеро-моделарци

Post Views: 189 На 11 мај 2014 година на спортскиот аеродром во Прилеп се одржа 62-ро дрзжавно првенство во воздухопловно моделарство каде што во силна конкуренција во  категоријата Ф1Б – модели на гумен погон победник беше „Аеро Клуб“ Охрид – прво место- златен медал го освои Масин Климент и сребрен медал Митко Цветановски.Во категорија Ф1Х Михаил Ангелески го повтори својот  минатогодишен успех  и го освои бронзениот медал.„Аеро Клуб“ Охрид освои диплома за најмлад такмичар во категорија Ф1Х – Александар Цветановски.Голема заслуга за најмладите такмичари за нивниот...

Продолжи со читање

Охридските советници в петок ќе расправаат по триесетина точки

Post Views: 138 На престојната седница в петок на дневен ред  пред советниците  ќе се најдат триесеттина  точки.  Градските избраници ќе се изјаснуваат по предлог одлуки од  реализирани програми во  изминатите три месеци, како и за финасиски извештаи од  ТЛЕР и Јавните претпријатија. На усвојување ќе биде ставен и  општинскиот Буџет за периодот од 01.01  до 31.03.2014 година. Покрај овие точки ќе се разгледуваат и извештаите  за реализација на развојната Програма за изработка на урбанистички планови за општина Охрид 2014-2016 за периодот од 01. 01 – 31.03.2014 година.  Советниците...

Продолжи со читање

Свечено отворенa Гимназијадата 2014

Post Views: 169  Свечено отворенa Гимназијадата 2014. Охрид е домаќин на  8-те спортски игри на средношколците од земјава. Спортските натпревари  започнаа под мотото „Учениците сакаат спорт, овозможете им го тоа“. Талентираните спортисти од средните училишта во престојните денови  имаат можност да ги одмерат своите сили во ракомет, фудбал, одбојка, атлетика. На свеченото отварање пред присутните се обратија секретарот на Локалната самоуправа Димитар  Спаески и претставникот од  Агенцијата за млади и спорт Марјан Давитков.  Давитков упати порака до  спортистите на ова натпреаврување...

Продолжи со читање

ЈП „Нискоградба“ ги обележува границите за поставување урбана опрема

Post Views: 155 Јавното Претпријатие НИСКОГРАДБА ОХРИД- Охрид,  изведува обележување на јавните површини за поставување на урбана опрема. Исто така од јавното претпријатие вршат и обележување на просторот за потребите на Гимназијадата  Охрид -2014. Во склоп на нивните тековни активности се пристапува и кон чистење на сливниците по улица Димитар Влахов, а се оформува и простор во с. Рача по санирање на дефект на водоводна мрежа.{loadposition content9}

Продолжи со читање

Убавините на планетата Земја на фотографија

Post Views: 158 Планетата Земја и нејзините убавини инспирација за професионалните но и за фотографите аматери. Од 01.05 2014 до 31.05 2014 ќе се одржи натпревар за избор на најдобра фотографија како дел од проектот Вики ја сака Земјата. Овој натпревар на фотографии е организиран од Википедија за спомениците на природата и заштитените природни подрачја. Учесниците на натпреварот ќе имаат за цел да направат фотографии од природни паркови, природни резервати и споменици. По завршувањето на натпреварот ќе бидат доделени награди во две категории: за најдобра фотографија и за најдобар...

Продолжи со читање

Манифестацијата „Жена домаќинка 2014“ ја отвори сезоната во хотел Даљан

Post Views: 155  Денес во хотел Даљан Охрид, домаќинките, членки на здруженијата за глуви и наглуви лица имаа можност да ги покажат своите кулинарски способности, како и да ги изразат своите вештини за креирање, декорирање и создавање на дела од храна кои потсетуваат на вистинска уметност. Благо, солено, месено, сукано, од се по нешто можеше да се забележи на работните маси во хотелската кујна, а богами и пријатната миризба на вкусно приготвените специјалитети дополнително привлекуваше. Сето тоа е во рамките на натпреварот „Жена домаќинка“ кое и годинава е во организација на хотелот...

Продолжи со читање

Музика, фолклор, танци и прекрасни носии-прв Охрид Опен 2014

Post Views: 143 Нов фестивал на народни песни и игри, Охрид Опен 2014. Четиринаесет фолклорни групи од повеќе различни земји, како и два домашни фолклорни ансамбли ќе ги презентираат своите народни игри, песни, и прекрасните и колоритни традиционални носии. Од Русија, Литванија, Украина и Полска, па се до балканските Словенија, Србија, Бугарија. Во своето премиерно издание, Охрид Опен успеа во нашиот град да собере преку 480 учесници.„Целта е да се дружиме со фолклорните групи, со некои групи и соработуваме, ќе ја покажат сите групи традицијата, обичаите на самата држава, носиите...

Продолжи со читање

Стартува субвенционирањето на туристичката такса

Post Views: 137 Стартува субвенционирањето на туристичката такса за охридските станоиздавачи од мал обем. Градоначалникот на општина Охрид Никола Бакрачески и официјално ја промовира оваа долгонајавувана одлука. Денес, како што соопшти градоначалникот, објавен е и јавен оглас за пријавување на станоиздавачи кои сакаат да користат субвенции.„Како што и сами знаете на една од претходните седници на Советот на општина Охрид донесовме одлука со која што одвоивме ставка од буџетот на општина Охрид во висина од 1.800 000 денари, со цел да се субвенционира 50% од висината на туристичката...

Продолжи со читање