Skip to main content

Ознака: 2014

4G технологијата наскоро во Македонија

Post Views: 139 Подолго време се очкеува на пазарот во Македонија да започне првиот оператор кој ќе обезбеди 4G, но досега неколку тендери поминаа без интерес. Сега директорот на Агенцијата за електронски комуникации, Роберт Ордановски најави дека за неколку дена ќе биде познато дали ќе има влез на оператор со 4G услуги.Од понеделник ќе се отвори ново наддавања на кое ќе учествуваат сите три мобилни оператори во Македонија кои ќе добијат дозвола за 4G мобилна мрежа. Доколку се оди според планираното оваа технологија ќе започне да се користи од почетокот на 2014-та година.Тоа го истакна...

Продолжи со читање

Елизабета Втора се избори за повисока плата

Post Views: 136 Елизабета Втора за 2014-та ,која очигледно се очекува да ја истера до крај, ќе добие 5% поголема плата, и ќе изнесува колку платата на Коби, ЛеБрон и Тони Паркер заедно.Платата на Кралицата за следната година ќе изнесува 58 милиони долари, а покачувањето се должи на рекордниот профит од 386 милиони долари од имотот на кралското семејство. Според правилата воведени во 2010-та, кралицата има право на 15% од оваа добивка.“Добрата работа за нацијата е што профитот од имотот на кралското семејство прво се влева во државниот буџет. Потоа на Кралицата секоја година...

Продолжи со читање

Кој сака на пракса во ЦЕРН?

Post Views: 153 Како ви изгледа пракса и учество во најголемите експерименти во светот? Еве шанса за приклучување на тимот во ЦЕРН во Женева. Одење на предавања, посета на лаборатории, учество во дискусии и работилници со луѓе кои се лидери во нивните полиња. Накратко, ова е можност за лето како никаде на Земјата. За да се пријавите, треба да бидете државјанин од земја која не е член на ЦЕРН (меѓукои и Македонија), студент сте на додипломски студии (најмалку трета година) или сте на почеток на постдипломски студии и ќе останете регистрирани како студент за време на вашиот престој...

Продолжи со читање

(видео) Бугарска пародија на Скопје 2014

Post Views: 125 Бугарската телевизија “bTV” направи 20-минутен документарец за Скопје 2014. Главна тема им е антиквизацијата што во последниве години се прави кај нас, а го обработуваат, според нив, и јакњенето на антибугарското расположение.Меѓу изјавите во прилогот се и оние на Љубчо Георгиевски, Мирослав Грчев, кои се спротиставуваат на овој проект, и кои досега многу пати беа јавно жигосувани од власта и нејзините мегафони.Тука е и изјавата на архитектот Вангел Божиновски кој тврди дека римјаните со катедралата и плоштадот Св. Петар ја копирале древната македонска архитектура...

Продолжи со читање

Кралев: Матурантите од 2013 ќе полагаат 4 екстерни предмети

Post Views: 100 Матурантите од учебната 2013-2014 година ќе полагаат четири екстерни предмети, за чиј избор дополнително ќе се одлучи во консултации со Бирото за развој на образованието, Државниот испитен центар и пошироката јавност, рече Панче Кралев, министер за образование и наука.“Од учебната 2013-2014 година ќе се полагаат само четири екстерни предмети од државната матура. На овој чекор се одлучивме целиот систем да има доволно време за неопходни подготовки“, рече Кралев. Според министерот, идејата за ова е услогласување на заложбите од аспект на стекнување на знаења од одреден...

Продолжи со читање

Доделени дипломите на генерација 2014 – 2015 ОСУ „Св Климент Охридски“ “

Post Views: 154 На патот по кој ќе чекорите во иднина одите исправено, достоинствено и гордо, да газите решително, но никогаш да не го занемарите знакот за ограничена брзина на патот, да не ја занемарите насмевката на новата другарка од судентскиот дом, да “држите” до тоа кои сте и да трагате по најдоброто во вас. Ова порака до гимназијалците од ОСУ „Св Климент Охридски“ ја испрати градоначалникот Никола Бакрачески на синоќешното доделување на дипломите од генерација 2014-2015.  „Драги мои. Моментите кои сега вие ги живеете, одлуките кои вие сега ги донесувате, љубовта покрај која...

Продолжи со читање

Аларамантен пораст на заболени охриѓани од тиреотоксикоза

Post Views: 174 Драстично пораст на  бројот на охриѓани кои боледуваат од тиреотоксикоза. Станува збор за болест кога  штитната жлезда работи нормално но количината на хормонот тироксин е зголемен од нормалното ниво  во крвта. Се манифестира со нарушување на метаболизмот, губење на тежина, зголемено потење, чувство на топлина, лупање на срцето, несоница. Во општина Охрид  од ова заболување минатата година биле регистрирани 1537 лица. Ова се податоци кои ги обаработиле во одделот за социјална медицина  при Центарот за јавно здравје а пристигнале од амбулантите и поликлиничкиет установи. ...

Продолжи со читање

Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца даде отчет за сработеното во 2014 година

Post Views: 125 Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца даде отчет за работењето во 2014 година. Пензионерите ја усвоија завршната сметка на Здружениeто и на Клубот на пезнионери. Минатата  година ја оценуваат како усшешна иако здруженеито  работеше со блокирана жиро сметка но во интерес на своите членови, рече претседателот Ѓорѓи Трпчески. Од бројните планирани активности, за кои пензионерите издвојуваат по 30 денари месечна членарина, Трпчески посочи дел од потребите на пензионерите кои и понатака ќе бидат нивен приоритет во работата. „ Превземените активности остануваат за...

Продолжи со читање

Најдобро платена жена во светот на музиката за 2014

Post Views: 135 Најдобро платена жена во светот на музиката во 2014 годиина со заработка од 115 милиони долари е американската R&B пејачка Beyonce, а тоа е двојно повеќе од она што го заработила минатата година, објавил магазинот Forbes. Овој огромен износ, од кој повеќето го заработила по турнеи, ја подобри позицијата на Beyonce која беше на четврто место и ја стави далеку пред поп-ѕвездата Taylor Swift и нејзините 64 милиони долари која пак скокна за едно место погоре во однос на минатата година и сега е на второто место. На третото место се искачи Pink со заработени 52 милиони...

Продолжи со читање

Порталот Ohridnews издаде ревија со хронолошки настани кои ја одбележаа 2014

Post Views: 123  Од печат излезе Ревија со хронолошки настани објавени  на порталот Ohridnews  во 2014 година. Ова е прво вакво издание кое читателите  ќе може да го набават  безплатно.  Целта ни беше да направиме една хронологија на настани кои ги обработи редакцискиот тим  минатата година , информира Главниот и одговорен уредник на порталот Горан Момироски.   „ Се разбира ги издвоивме позначајните настани од општетсвеното, културно- забавно живеење и спортот. Ги посочивме позитивните приказни. Затоа што во 2014 година како и во секоја година се случуваат и убави и помалку   убави...

Продолжи со читање

Купен стан од „Адора инженеринг“ ве носи на зимување во Банско

Post Views: 127 По повод рекордната продажба на 302 стана во 2014-та година, Адора инженеринг ќе ги награди со зимување во Банско, сите купувачи на стан од овој градежен бренд од почетокот на годинава до 15-ти февруари 2015-та година. Со овој подарок, компанијата, лидер во високоградбата во Македонија и регионот, традицинално сака да им возврати за довербата и лојаноста на купувачите, со грижа, љубов, внимание и награди, со што продолжува и во 2015-та година. Адора инженеринг, синоним за докажано сигурна, квалитетна и економична еко градба, на крајот на 2014-та ја додели наградата...

Продолжи со читање

Локалната и Црвен Крст повторно организираат новогодишен ручек

Post Views: 134 По повод претстојните Новогодишни празници, традиционално и оваа година, Локалната самоуправа на Охрид и Црвен крст Охрид, за социјално најзагрозените семејства и лицата со хендикеп од Охрид, организираат хуманитарен  Новогодишен ручек во  Средното угостителско училиште „Ванчо Питошески” во Охрид, на 25.12.2014 г. (четврток) со почеток во 14:00 ч.Предвидено е Градоначалникот на Охрид во 14:20 ч. да ги поздрави присутните и заедно со Дедо Мраз, на најмладите, да им подели новогодиШни пакетчиња.{loadposition content9}

Продолжи со читање