Skip to main content

Ознака: 2014

Еко-дипломатијата на дело

Post Views: 173 На 17.12.2014 година во Приштина се одржува Форум за Води организиран од страна на Регионалниот центар за животна средина за Централна и источна Европа (РЕЦ), преку иницијативата за безбедност и животна средина (Environment and Security Initiative – ENVSEC). На форумот Главни теми се ефикасното управување со води посебно во прекуграничен аспект и еко дипломатијата и дипломатијата за води како носител на процесите во регионот на Југоисточна Европа.На темата еко-дипломатија и дипломатија за води панелист ќе биде Дејан Пановски од Билатералниот Секретаријат кој...

Продолжи со читање

Последна акција на „Kомуналец“ за собирање зелен отпад

Post Views: 124 Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 13.12.2014 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.)  од У.З.14 „Радојца Новичиќ“.Се молат граѓаните кои живеат во горенаведената урбана заедница доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10.00 часот  и претходно да го пријават во Р.Е.„Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец”  благовремено...

Продолжи со читање

За крајот на овој месец свикано годишно собрание на акционерите од АД „ЕМО“ Охрид

Post Views: 116 Годишното собрание треба се одржи на 26-ти декември 2014 година во деловните простории на фабриката во Охрид, а ќе се разгледува и усвојува годишната сметка, финансиските извештаи и годишниот извештај на „ЕМО“ за 2013 година.На ова собрание на акционерите ќе се разгледаат и усвојат ревидираните извештаи за 2013 година напревени од страна на официјална ревизорска куќа, а треба и да се доне одлука за користење и распределба на средства искажани по годишниот извештај. Акционерите исто така ќе расправаат и за донесување на одлука за избор на овластен ревизор за ревизија...

Продолжи со читање

ромоција на книгата „Фениксов Допир” на Даниела Илијоска

Post Views: 128 Во сабота 6-ти Декември 2014 г.12.00 часот, во изложбениот салон на = НУ Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид ќе се случи  промоција на книгата „Фениксов Допир”од авторот Даниела Илијоска.Даниела Илијоска е родена во Охрид, 1979 година, по вокација е книжевник, а се занимава со аранжирање и сликарство. Има самостојна изложба на уметнички дела во Центарот за култура “Григор Прличев”-Охрид. Книгата “Фениксов Допир” е нејзина прва поетска книга.{loadposition content9}

Продолжи со читање

Во Охрид во 2014та не е регистриран ниту еден случај на ХИВ СИДА

Post Views: 134 Во Охрид во 2014та не е регистриран ниту еден случај  на ХИВ СИДА. Последното хив позитивно лице е откриено во април 2013та година. Од почетокот на појавата на епидемијата на СИДА во 1987год, во Охрид се регистрирани 9 случаи од кои осум биле мажи, а една жена и тоа на возраст од 20 до 49 години, а само едно лице е над 55год. Осум од нив починале . Пренесувањето на болеста е хетеросексуално. Во Струга од овај заразен вирус заболеле три лица и сите се починати, а во Дебар едно лице.Лекувањето на заболените е на инфективната клиника во Скопје и таа редовно ги снабдува...

Продолжи со читање

Основците од „Св.Климент“ ќе организираат продажна изложба

Post Views: 134 ОУ „Св. Климент Охридски” – Охрид во пресрет на Патрониот празик на училиштето, Новогодишните и Божиќните празници на 01. 12. 2014 во просториите на училиштето организираше работилници со родителите, наставниот персонал и учениците на кои се изработуваа различни украсни предмети наменети за продажба. Одзивот на родителите ги надмина очекувањата на организаторите, со што тие потврдија дека се вистински партнери во многубројните активности што ги организира училиштето. Благодарение на креативноста и вештината на учесниците на работилниците, изработени се...

Продолжи со читање

Недела за борба против сидата во Охрид

Post Views: 135 Светскиот ден за борба против СИДА и Неделата на борба против СИДА (1-7.12.2014), под мотото “ДА ЈА ПОПОЛНЕМЕ ПРАЗНИНАТА ВО ЗНАЕЊЕ, ПРЕВЕНЦИЈА И ПОДДРШКА НА ЛИЦАТА СО ХИВ” со низа активности заедно Ќе го одбележат Црвен крст Охрид, ОпцијаОхрид и Центар за јавно здравје Охрид. Предвидено е да се реализираат следните активности:01.12.2014 г. (12:00ч.) – Доверливо советување и тестирање (ДСТ) на Градскиот плоШтад(плато Летница)-можност секој заинтересиран да го дознае својот ХИВ статус преку тестирање за вирусот на ХИВ со брзи-рапид тестови, како и добивање на корисни...

Продолжи со читање

„Споменикот на Мајкл Џексон“ премиерно пред Охриѓани

Post Views: 167 Филмот “Споменикот на Мајкл Џексон” (2014) во режија на Дарко Лунгулов, жарн комедија / драма ќе биде поставен на кино репертоарот на Центарот за култура „Григор Прличев“, во деновите 9-ти (вторник), 10-ти (среда), 11-ти (четврток) декември 2014 година, почеток 20.00 часот, влез 100 денари.Приказната во филмот се плете околу еден локален бербер од едно српско село кој доаѓа до идеја да се подигне споменик на Мајкл Џексон да се привлечат туристи од целиот свет. На дел од локалните жители им се допаѓа идејата, а на другите не.{loadposition content9}

Продолжи со читање

Претставата „Детектор за лаги” на крајот од месецов, повторно пред охридската публика

Post Views: 152 Влезниците за претставата „Детектор за лаги” за Четврток (20.11.2014) се распродадени!Претставата „Детектор за лаги” од Василиј Сигарев, во режија на Ненад Витанов, повторно ќе биде на репертоар на 27.11.2014. Билетите за истата се веќе пуштени во продажба!{loadposition content9}

Продолжи со читање

„Монистра“ пред охридската публика

Post Views: 133 Во сабота, 22-ри Ноември 2014 година почеток 20.00 часот, за само 100 денари, охридската публика ќе може да ужива во перформансот на музичката етно атракција „Монистра“.Младата етно група  е формирана во 2002 година, во состав :Александар Јовевски              –    кавал, тамура, гајда, тапан Јован Стрезоски                      –    тамбураНиколовски Филип                 –    тамбура  Борче Ѓоргиев                         –    клавијатури Марјан Андоновски                –    тапан, тарабука, перкусииДамјан Зифовски                   ...

Продолжи со читање

Отстранете ги паркираните возила, „Охридски Комуналец” ќе ги уредува крошните на „Македонски Просветители”

Post Views: 138 „Охридски Комуналец”информира дека во деновите од понеделник до петок ќе врши уредување на дрворедите со поткастрување на крошните од липите на улицата „Македонски Просветители”. Поради ова потребно  е отстранување на паркираните возила за непречено извршување на нивните активности. Уредувањето на дрворедите ќе се врши во деновите:   1. Понеделник  17.11.2014 год.  – пресекот на  “Кеј Македонија”со улицата “Партизанска”;   2. Вторник   18.11.2014 год. – потегот од ул.”Партизанска” до  улицата “Димитар...

Продолжи со читање

Започнува акцијата на „Охридски Комуналец“ за подигање зелен отпад

Post Views: 133 Утре на 15-ти ноември 2014 година ЈП „Охридски Комуналец” ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини во Урбаната заедница „Даме Груев“ и Урбаната заедница 10 односно кај комплексот згради „Христо Узунов“, „Карабегобамала“ и „Горна Влашка Мала“.Се молат граѓаните кои живеат во овие урбана заедница доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10 часот и претходно да го пријават во Работната единица „Механизација” на телелефон 046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од претпријатието...

Продолжи со читање