Skip to main content

Ознака: 2014

Извештаите од работењето на јавните претпријатија, повторно пред градските советници

Post Views: 125 На триесет и првото издание на седницата на Советот на Општина Охрид  седница на Советот на општина Охрид пред советниците ќе се најдат извештаите од работењето на јавните претпријатија „Охридски Комуналец“, Градски пазар, Водовод, „Грaдски гробишта“ , „Нискоградба Охрид“ и „Билјанини Извори“.Ќе се носи одлука за измени во развојната програма за поттикнување на развојот на туризмот од 2014 до 2016, а ќе се носат и измени во програмите за ЛЕР, комунални услуги, јавна чистота, јавно осветлување, патишта и улици, паркови и зеленило, сообраќајна сигнализација, детска заштита,...

Продолжи со читање

СДСМ: Градоначалникот и ВМРО -ДПМНЕ не го исполнаа ветеното

Post Views: 127 Задолжувањата на охриѓани и неисполнетите ветувања од изборната програма укажуваат дека ВМРО – ДПМНЕ и градоначалникот Никола Бакрачески имаат неодговорен однос кон граѓаните на Охрид, обвинија на денешната прес конференција од ОО на СДСМ. Советникот Јован Стојаноски истакна дека ВМРО – ДПМНЕ и градоначалникот не донеле напредок за Охрид ниту пак го направиле подобро место за живеење.„Бакрачески и ВМРО – ДПМНЕ ветија изградба нова современа автобуска станица како приоритет, помина година и пол ама нова автобуска станица нема. Не е реализирано ниту ветувањето за нов...

Продолжи со читање

Анализа на летната сезона 2014

Post Views: 115 Туристичката сезона 2014 во поглед на гостите и остварените ноќевања, слична со минатогодишната. Ваков е ставот на ТЛЕР базиран врз статистичките податоци заклучно со месец август, изјави раководителот Ѓоко Апостоловски. Втора година по ред Секторот за туризам одржува состанок со хотелиерите и угостителите од градов односно се врши анализа на летната туристичка сезона и презентација на резултатите добиени од анкетните истражувања кои се реализирани од страна на ТЛЕР во соработка со ФТУ Охрид. Апостоловски нагласува дека според видувањата на угостителскиот сектор иако...

Продолжи со читање

Во Охрид „Фестивал на новиот германски филм“

Post Views: 160 НУ Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид, во соработка со Амбасадата на СР Германија од 18-ти до 21- октомври во рамките на Фестивалот на новиот германски филм за љубителите на филмксата уметност ќе прикажува неколку филмски остварувања на германската кинематографија.Отварањето на фестивалот е во САБОТА 18-ти октомври 2014 со филмот ,,Родители”-трагикомедија,почеток 20.00 часот, влез слободен.Во рамките на фестивалот ќе бидат прикажани и следните филмови:(недела)19-ти октомври 2014, филмот ,,Фак ју Гете”-комедија(понеделник) 20-ти...

Продолжи со читање

Филмот „Деца на сонцето” премиерно пред охридската публика

Post Views: 128 Ова македонско филмско остварување ќе се прикажува на 6-ти октомври (понеделник), во Центарот за култура „Григор Прличев“, а кино проекциите продолжуваат во деновите 7-ми, 8-ми, 9-ти и 10-ти октомври 2014, со почеток во 20.00 часот, влез 100 денари.„Деца на сонцето” е љубовна приказна во која главни ликови се Ангела и Марко. Дејствието се случува на периферијата на едно мало гратче крај Преспанското Езеро.Продуцент на филмот е Дејан Милошевски, а директор на фотографија е Јарек Шода од Полска. Автор на музиката е Влатко Стефановски, кој во филмот ќе глуми и епизодна...

Продолжи со читање

Извештаите за работа на ЈП и училиштата во градов, камен на сопнување

Post Views: 137 Извештаите за работењето и остварените резултати за првата половина од 2014 година на јавните претпријатија, за некои советници одраз на позитивен тренд во овие претпријатиа, а за некого сеуште показател на тешката состојба и проблемите со кои истите се соочуваат. Советникот од ЛДП, Дејан Блажески рече дека тие како опозиција не се задоволни бидејќи побарале да им се достави образецот за задолжувањата на јавните претпријатија како и информации околу направените трошоци во истите, но ништо не добиле од тоа. ЈП имаат сериозни проблеми и потребен е еден радикален рез...

Продолжи со читање

Хуманитарна и спортско-рекреативна акција на Црвен крст Охрид „ЗА ПОСРЕЌНО ДЕТСТВО“

Post Views: 154 Во рамките на своите програмски определби и цели, Црвен крст Охрид и Општина Охрид заеднички ќе реализираат низа активности со хуманитарен предзнак и широко општествено значење.Традиционалната хуманитарна и спортско-рекреативна акција на Црвен крст Охрид  „ЗА ПОСРЕЌНО ДЕТСТВО“ на која младите своите спортски вештини и способности ги презентираат преку натпреварување во бројни спортски дисциплини и културно-забавни содржини, оваа година ќе биде збогатена и со крводарителска акција  под покровителство на Општина Охрид, на која се очекува драгоцената течност да ја даруваат...

Продолжи со читање

Прес конференција за инвестицијата на „ОДВ Електрик“

Post Views: 123 На ден 01.10.2014 година во 12 часот во хотел Инекс Горица – Охрид , Директорот на Дирекцијата за ТИРЗ, Виктор Мизо, главниот извршен директор на ОДВ Електрик, Лудвиг Батон и Огнен Цубалевски, извршен директор на компанијата ОДВ Електрик регистрирана во Македонија, ќе одржат прес конференција.Тема на прес конференцијата ќе биде запознавање на јавноста со активностите околу реализацијата на инвестицијата на компанијата ОДВ Електрик во Македонија. {loadposition content9}

Продолжи со читање

Филмот „Joe“ на кино репертоарот во Центарот за култура „Григор Прличев“

Post Views: 138 Филмската драма „Џо“ на режисерот Дејвид Гордон Грин со актерот Николас Кејџ ја толкува главната улога, од среда, 01-ви октомври 2014 година ќе се прикажува на кино репертоарот во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид. Станува збор за  филмска адаптација на романот на Лери Браун од 1991 година во која покрај Кејџ, играат и актерите Тај Кајл Шеридан и Рони Џин Блевинс.Филмот ја раскажува приказната за поранешниот затвореник Џо Ренсом кој настојува да избегнува неволји по секоја цена, но не успева во тоа. Тој е човек што се однесува непоправливо несовесно кон...

Продолжи со читање

Закажана 29-та седница на Советот на општина Охрид

Post Views: 160 Утре, со почеток во 11.30 часот ќе се одржи 29-та седница на советот на општина Охрид.На 29-то издание на седницата на Советот,  советниците ќе се најдат извештаите од работењето и остварените резултати на јавните претпријатија, годишните извештаи и предлог програми за работа на образовните установи, предлог одлуката за измена на распоред на средствата во Буџетот на општина ЕЛС Општина Охрид 2014 година, за субвенционирање на трошоци за комунални услуги како и низа предлог одлуки од областа на урбанизмот. {loadposition content9}

Продолжи со читање

Градскиот стадион затворен, санација на тревните површини

Post Views: 117 ЈП „Билјанини Извори“ ги известува сите граѓани на Охрид, сите корисници на градскиот стадион Билјанини Извори дека од денес 09.09.2014 до 27 септември градскиот стадион ќе биде затворен за користење поради редовната ( годишна ) санација и обнова на тревната површина. ЈП „Билјанини Извори“ им се заблагодарува на сите корисници за нивното разбирање и соработка за време на активностите кои ќе се реализираат во наредните денови се со цел да се овозможат уште подобри услови за тренинг и натпревари на сите фудбалски екипи и школи.{loadposition content9}

Продолжи со читање

„ Коси од розева волница“ е најдобриот расказ на конкурсот „Живко Чинго 2014“

Post Views: 144 „ Коси од розева волница“ под шифра Солза  е најдобриот расказ на конкурсот „Живко Чинго 2014“.  Наградениот расказ носи една ретко обработена тема во кој е прикажан спојот меѓу реалниот  и натприридниот свет. Нарацијата е лесна, со чиста мисла без оптоварување на непотребни описи, јазикот е лесно прифалив, композициски е изграден до совршенство, кажува Ирена Бачиќ, од жири  Комисијата на конкурсот Живко Чинго 2014.„ Од овој расказ извираат силни емоции кои го поместуваат човекот од сосптвеното лежиште. Исповед е на една душа, мајка која прерано го напуштила овој свет...

Продолжи со читање