Skip to main content

Ознака: Avstralija

Австралија размислува за повлекување на своите војници од Авганистан

Post Views: 138 Владата на Австралија размислува за повлекување на австралиските војници од Авганистан, најави денеска австралискиот министер за одбрана Џон Фокнер.Тој во изјава за радиото Еј-Би-Си рече дека побарал од експертите да проценат кој е најкусиот рок во кој Австралија ќе може „да го прекине својот исклулчитечно голем ангажман“ во Авганистан. Во составот на Меѓународните сили за поддршка на безбедноста (ИСАФ) во Авганистан се наоѓа и контингент од 1.500 австралиски војници. Од нив 450 беа испратени како засилување за време на претседателските избори во Авганистан и...

Продолжи со читање

Нови пожари во Австралија

Post Views: 216 Јужна Австралија повторно ја зафатија шумски пожари. Огнената стихија најмногу беснееше во градовите Фрамлингам и Тимбон, а за гаснење на пожарите на терен излегоа повеќе од 100 пожарникарни возила. Атмосферските услови ја отежнуваат работата на пожарникарите. Според синоптичарите во следните денови температурите ќе достигнат над 40 степени Целзиусови, а брзината на ветрот ќе биде 50 километри на час.Во реонот на пожарите е објавена вонредна состојба, а затворени се 190 училишта и 146 детски градинки.Локалните власти ги повикаа жителите од овие области да ги...

Продолжи со читање

Најмалку 173 жртви во пожарите во Австралија

Post Views: 205 Бројот на жртвите во шумските пожари во повеќе делови на Австралија се зголеми на 173 потврдени случаи, додека локалниот печат шпекулира со бројка од 230 загинати.Во меѓувреме, полицијата почна потрага по предизвикувачите на пожарите за кои се верува дека намерно ги подметнале.Целата опустошена зона, која вклучува над 20 градови северно од Мелбурн, е прогласена за „место на злосторството“, изјави Кристина Никсон, комесар на полицијата на државата Викторија, најавувајќи почеток на „Операцијата Феникс“.Најновите пожари во близина на Мелбурн се најтешка природна...

Продолжи со читање

Расте бројот на жртвите од големите пожари во Австралија

Post Views: 272 Се зголемува бројот на жртвите од големите шумски пожари, избувнати во последните денови во јужниот дел на Австралија. Според најновите податоци веќе загинаа 128 лица, соопштија агенциите. Најмалку седумстотини куќи се уништени. Огнот, што неколку денови беснее во државата Викторија, во неколку случаи зафати цели населби. Над 5.000 жители на државата Викторија се принудени да ги напуштат домовите, а некои од нив останале без дом.Отворени се прифатни кампови и центри за помош на настраданите. Изгорени се околу 330 хектари шуми. Разурнати се приближно 750 куќи....

Продолжи со читање

Австралија ќе ги намали имигрантите поради финансиската криза

Post Views: 479 Австралија може да го намали бројот на имигранти поради финансиската криза што ја зафати земјата и светот.Ова го соопшти австралиската влада, која најави дека проблемот посериозно ќе го разгледа во ноември по објавувањето на податоците за економската ситуација во земјата.Австралиските власти стравуваат дека финансиската криза може да доведе до зголемување на невработеноста, што се случи во многу други земји. 

Продолжи со читање

Петрески отшета во моментите кога е најпотребен

Post Views: 181 На градот му се случува катастрофа, а охридскиот градоначалник е на прошетка низ Австралија, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Го повикуваат на одговорност и бараат објаснување по кои критериуми ја составил делегацијата со која отпатувал за Австралија.„Градоначалникот на Охрид со својата дружина заминува на одмор две недели во топлата Австралија и тоа во време кога целата влада со сите свои служби  и капацитети  му помага на градот  да ги надмине состојбите со временските неприлики“, обвинува Атанаско Михаилов, претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ од Охрид. Координаторот пак...

Продолжи со читање

Градоначалникот Александар Петрески PERSONA NON GRATА

Post Views: 293 Градоначалникот Александар Петрески PERSONA NON GRATА – непожелна личност   Напишано од Radio Ilinden   Сабота, 06 Март 2010 10:28По повод планираната посета на охридскиот градоначалник на Австралија, сакаме да ја известиме Македонската заедница дека градоначалникот Александар Петрески го прогласуваме за PERSONA NON GRATА – непожелна личност .Голема штета е и самата помисла да една ваква личност со нарушено реноме, да се сретне со овдешните македонски организации, здруженија и поединци од Македонската заедница.Г-динот Александар Петрески, градоначалник...

Продолжи со читање

Батон започна жестоко

Post Views: 264 Џејсон Батон возачот на Браун ГП е победник на првата трка во новата сезона во формула 1 што се возеше на патеката во Мелбурн парк. Батон од самиот старт водеше и стигна до првото место на подиумот.Одличниот викенд за дебитантскиот тим на Браун ГП го надоплни Рубенс Баричело со втората позиција. До оваа позиција дојде откако Роберт Кубица и Себастијан Фетел имаа судар на три круга до крајот. Трет на подиумот се искачи Јарно Трули од Тојота. Светскиот шампион Луис Хамилтон стигна до четвртото место, а разочараа возачите на Ферари Филипе Маса остана без пласман, а...

Продолжи со читање

Амстронг во Австралија

Post Views: 346 Американскиот велосипедист Ленс Амстронг пристигна во Австралија за да учествува во трката која ќе се вози низ Австралија во текот на идната недела. Седумкратниот победник на Тур де Франс ќе се натпреварува заедно со неговите колеги во екипата на „Астана„ во трката “Down Under”  која ќе се одржи во Австралија, е една од најдолгите и најтешките трки, која се одржува  надвор од Европа. „Немам големи илузии. Се надевам дека ќе се приклучам на трката и ќе се акомодирам во темпото и брзината на меѓу првите 200 велосипедисти„ рече тој37 годишниот велосипедист од...

Продолжи со читање

Триумф на Стоунер во Австралија

Post Views: 435 Возачотна Дукати, Кејси Стоунер победи на трката Мото ГП од шампионатот за големата награда на Австралија. Светскиот првак од 2007-та година, го остави задсебе шесткратниот и актуелен шампион Валентино Роси и светскиот првак од 2006-та година Ники Хајден. Победата на Стоунер и излетувањето од патеката на Дени Педроса веќе на втората кривина од првиот круг, на австралијанецот речиси му го обезбеди второто место во генерален пласман. Педроса на две трки пред крајот на сезоната заостанува со 36 поени. Роси стартуваше од 12-та позиција, а излетувањето во...

Продолжи со читање