До темел изгоре стариот палат на „Св. Јован Бигорски“
Post Views: 252 Во пожар што избувнал рано изутрината во 4 часот и 30 минути до темел изгоре стариот палат на манастирот „Св. Јован Бигорски“. Целосно се опожарени конаците, трпезаријата и библиотеката. Нема повредени. Монасите успеале да ги спасат од огнената стихија поважните предмети кои биле во опожарените објекти. Во манастирот се испратени пет противпожарни возила од Гостивар, Кичево и Дебар и еден хеликоптер. Пожарот е локализиран. Засега нема сознанија за причината за настанувањето на пожарот. Манастирскиот комплекс Св. Јован Бигорски посветен на Св. Јован Крстител, се...