Skip to main content

Ознака: den

Македонија, земја – трезор на пишаниот збор

Post Views: 157 Македонија е земја – трезор на пишаниот збор уште од античко време и почва на која книгата ја имала најголемата моќ на помирување меѓу народите и бришење на културните разлики.Ова го укажа македонската министерка за култура Елизабета Канческа – Милевска во пораката по повод Светскиот ден на книгата и на авторското право – 23 април.Навраќајки се на ракописите на сесловенските просветители Кирил и Методиј, и делата на нивните ученици Климент и Наум, министерката Канческа – Милевска истакна дека „значајниот пат на македонската книжевност иницирал Македонија отсекогаш...

Продолжи со читање

Светски ден на литературата за деца

Post Views: 212 Светот денеска го одбележува Меѓународниот ден на литературата за деца. Датумот 2 април е денот кога бил роден познатиот дански писател за деца Ханс Кристијан Андерсен, авторот на „Грдото пајче“, „Принцезата на зрно грашок“ и „Царевото ново руво“. Секоја година една земја е меѓународен промотор на книжевноста за деца, а годинава тоа е Египет. Пораката и постерот за одбележување на овој ден се дело на египетскиот илустратор на книги за деца Хани Д. Ел-Масри. По повод Светскиот ден на литературата за деца, издавачката куќа „Вермилион“ ќе и донира на библиотеката „Другарче“...

Продолжи со читање

Светски ден на театарот

Post Views: 166 „Да се прави театар значи да се фрли светлина на сцената од нашиот секојдневен живот“, е дел од меѓународната порака по повод 27 март – Светскиот ден на театарот.Традиционално на овој ден, во театрите низ целиот свет, претставите почнуваат со читање на Меѓународната порака, која годинава ја упати познатиот бразилски театарски режисер, драмски писател и политичар Аугусто Боал.„Една од главните функции на нашата уметност е да и ги приближиме на нашата свест претставите од секојдневниот живот каде што актерите се истовремено и публика, и каде што сцената и публиката стануваат...

Продолжи со читање

Снегот втор ден непрекинато паѓа

Post Views: 136 Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци се одвива исклучително отежнато и забавено во зимски услови со големи остатоци од снег на коловозите поради интензивните врнежи од снег низ целата држава. Поради врнежите од снег забележана е и намалена видливост што дополнително го отежнува возењето, информира Авто-мото сојузот на Македонија.Поради интензивни врнежи од снег и големи остатоци на коловозот, патниот правец Дебар-Струга е затворен за сите видови на возила. Забрана за движење на тешките товарни возила има на патните правци Гостивар-Кичево преку...

Продолжи со читање

Отворен ден во Министерството за здравство

Post Views: 146 Министерството за здравство денеска од 11 до 15 часот организира „Отворен ден на Министерството“ на кој граѓаните ќе имаат можност изворно да се запознаат со проектите на Министерството и да ги изнесат своите предлози и сугестии.На директната средба со граѓаните ќе присуствуваат првите луѓе на Министерството и одговорните лица од секторите и органите кои работат во состав на Министерството.Проектот „Отворен ден“ ќе продолжи да се реализира и во иднина со цел континуирано запознавање на граѓаните со работењето на Министерството.  {loadposition content9}

Продолжи со читање

Светски ден на мајчиниот јазик

Post Views: 228 Под покровителство на УНЕСКО и Регионалното биро за наука и култура во Европа, денеска се одбележува Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, 21 Февруари.Заштитата на јазиците во светот, борбата против нивното измумирање и одржувањето на идентитетот на нациите преку јазикот, се клучните цели на манифестациите што денеска ќе бидат организирани во светски рамки.Мацура порачува јазикот да не биде причина за поделби и непријателства во светот, а Владите во сите земји да обезбедат соживот и почитување меѓу народите кои зборуваат различни јазици.Според него, поврзаноста на...

Продолжи со читање

Светски ден на канцерогените заболувања

Post Views: 157 Светскиот ден на канцерогените заболувања, 4. февруари, денеска ќе биде одбележан во Скопје.Министерот за здравство Бујар Османи денеска ќе ја посети Клиниката за онкологија во Скопје, по повод одбележувањето на Светскиот ден на канцерогените заболувања 4 Февруари.Министерот Османи, на Клиниката за онкологија свечено ќе ја отвори и првата канцеларија за советник за заштита на правата на пациентите, во согласност со Законот за заштита на правата на пациентите. Во Канцеларијата, како што информираат од Министерството за здравство, ќе престојува и психолог, кој непосредно...

Продолжи со читање

Карневалски ден во Вевчани

Post Views: 201 Традиционалниот Вевчански карневал на кој маскираните учесници ги отсликуваат актуелните настани и ги карикираат аномалиите на секојдневниот живот се одржува денескаВевчанскиот карневал, според традицијата беше отворен вчера во пресрет на Нова година според стариот календар и на празникот Василица.Карневалот, кој е еден од најголемите и најуникатните културни знаменитости на Македонија според своите специфични особини се одвојува од останатите во светот поради неговата архаичност, традиционалност, таинственост и уникатни маски.Меѓу гостите од странство се и шеесетина...

Продолжи со читање

Божиќ, денот на Христовото раѓање

Post Views: 284 „Христос се роди“ и „Вистина се роди“, се зборовите со кои денеска се поздравуваат православните христијани, одбележувајќи го денот на христовото раѓање, Божиќ.Рожденството Христово на 7 јануари според Јулијанскиот календар, го слават верниците во дел од православниот свет, Македонците, Србите, Црногорците, Русите и Украинците.Божиќ е ден на семејна топлина и блискост, и претставува најрадосен христијански празник. Тоа е ден кога семејството се собира заедно и во топла и пријатна атмосфера го поминува целиот ден.На Божиќ се оди и во црква, христијаните да запалат свеќа...

Продолжи со читање

Денот на наставата на турски јазик 21 декември

Post Views: 173 По повод Денот на наставата на турски јазик – 21 декември денеска во Скопје ќе се одржи втор Меѓународен симпозиум на настава на турски јазик на тема „Минатото, сегашноста и идната на Турците на Балканот“.На Симпозиумот воведни говори ќе имат вицепремиерот Абдулаќим Адеми и министерот без ресор Хади Незир, а ќе учествуваат и турскиот амбасадор во Македонија Арслан Хакан Окчал, академикот Иван Катарџиев, политикологот од Босфорскиот универзитет Ајди Бабуна, директорот на Османлиската архива во Турција Ондер Бајир, аналитичарот Ѓунер Исмаил и претседателот на турските...

Продолжи со читање

Меѓународен ден на човековите права

Post Views: 195 Во Македонија денеска започнува одбележувањето на 10 декември – Меѓународниот ден на човековите права. По тој повод на Правниот факултет „Јустинијан Први“ вечер ќе се одржи дванаесетата ораторска вечер „Иво Пухан“. Утре ќе се одржи академија на која ќе зборува американскиот амбасадор во Македонија Филип Рикер, а настап ќе има и најдобриот оратор.Во организација на невладината организација „Цивил“ денеска во Младинскиот културен центар ќе биде организирана целодневна манифестација по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на човековите права и 60 години од...

Продолжи со читање

Во Македонија денеска се празнува Денот на св. Климент Охридски

Post Views: 186 Втора година по ред Денот на св. Климент Охридски – 8 Декември во Македонија е државен празник, со кој се одбележува делото на првиот оригинален словенски писател и просветител, првиот словенски епископ и творец на Охридската книжевна школа. Заедно со Наум Охридски, тој е најистакнат ученик на творците на словенската писменост, светите браќа Кирил и Методиј, и најверен продолжувач на нивното дело. Ги придружувал дваесетина години во просветителската мисија за одбрана на словенскиот јазик во Велика Моравија. По повод празникот, во Собранието денеска ќе биде врачена...

Продолжи со читање