Skip to main content

Ознака: den

Одбележување на Светскиот ден на лицата со хендикеп

Post Views: 141 Националниот Совет на инвалидските организации на Македонија денеска, во Домот на хуманитарните организации „Даре Џамбаз”,  ќе го одбележи Светскиот ден на лицата со хендикеп, 3 Декември. Во рамки на прославата, Советот ќе му додели Златна плакета на премиерот Никола Груевски, за неговото лично ангажирање за помош, поддршка и дефинирање на социјалниот статус на лицата со инвалидност. На  ДХО „Даре Џамбаз”, пак, ќе му биде врачена благодарница и статуа „Мајка Тереза”. Со пригодна програма ќе настапат ученици од посебните училишта во Скопје „Димитар Влахов”, „Партенија...

Продолжи со читање

Македонија го одбележува Светскиот ден за борба против СИДА

Post Views: 159 Во Македонија денеска со низа манифестации ќе биде одбележан Светскиот ден за борба против СИДА- та.На плоштадот Македонија во Скопје од 14 до 16 часот ќе се одржи едукативна игра на црвената панделка, потоа бесплатни гушкања со главна порака „ХИВ не се пренесува преку прегратка“.Во Македонија од 1987 година до денеска се регистрирани вкупно 111 ХИВ-инфицирани случаи, од кои 60 завршиле фатално. Во 2008 година се регистрирани осум нови случаи. Меѓу заболените доминира младата сексуално активна популација од 23 до 40-годишна возраст, пред се машкиот пол. Во најголем...

Продолжи со читање

Втор ден на штрајкот на просветарите

Post Views: 173 Штрајкот на вработените во образованието и културата продолжува денеска, и покрај притисоците за кои во понеделникот информираше Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК).Според СОНК. во првиот ден од штрајкот учествувале од 95 до 97 отсто од засегнатите институции, а врз некои училишта е вршен силен притисок од директори, но и од повисоко ниво.Најголем дел од училиштата кои не учествувале во штрајкот се од општините Ѓорче Петров, Карпош, нешто помал дел од училиштата во општина Гази Баба и по некое училиште во неколку други општини.Според претседателот на...

Продолжи со читање

Ден на дрвото

Post Views: 238 Шест милиони садници, на над 100 локации ќе бидат засадени денеска ширум земјата, во рамки на акцијата Ден на дрвото.Денешниот ден за сите вработени во министерствата, судовите, јавните претпријатија и сите други буџетски установи ќе биде неработен, а ќе се одработува во сабота.Нема да работат ниту училиштата, дел од градинките, додека во болниците ќе има дежурства.Акцијата „Ден на дрвото“ се одржува втора година и има за цел да се зголеми шумскиот потенцијал во Македонија, што секоја година е десеткуван поради шумските пожари.Иницијатор на акцијата е познатиот оперски...

Продолжи со читање

Македонија го одбележува Денот на револуционерна борба

Post Views: 202 Република Македонија денеска го одбележува 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба. По тој повод на пладне, во Свечената сала на Собранието на Република Македонија ќе биде доделена дражавната награда „23 Октомври“ за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историско наследство на Република Македонија.Наградата за остварување во областа на науката ќе им биде врачена на д-р Марко Китевски-фолклорист и д-р Зоран Тодоровски...

Продолжи со читање

Проект на владата на Р.М. „Ден на идеи“

Post Views: 197 Владата на Република Македонија во рамки на своите заложби за активна партиципација на граѓаните во процесот на креирање политики и подобро функционирање на општеството и државните институции, денеска продолжува со реализација на проектот „Ден на идеи“.Целта на проектот е да се охрабрат граѓаните на Македонија преку изнесување на корисни идеи, предлози, проекти и мерки од сите сфери на општественото живеење, директно да учествуваат во спроведувањето и реализацијата на владините политики, придонесувајќи на тој начин во подобрувањето на состојбите во сите сегменти на...

Продолжи со читање

Мајката Земја е под притисок

Post Views: 97 На официјалната Интернет страница на Денот на планетата наведено е дека светот денеска е во поголема опасност отколку некогаш, кога е во прашање сочувување на животната средина, а дека денешното одбележување е прилика на поединци, корпорации и владите да се здружат за подобрување на состојба во таа област.Денот на планетата Земја, Обединетите нации го прогласија пред 40 години за ден посветен на борба против загрозувањето на животната средина, а тогаш повеќе од 200.000 луѓе во светот учествуваа во масовни протести за заштита на животната средина.Во многу земји во светот,...

Продолжи со читање

Во ЕУ – Ден на жалост

Post Views: 111 Европската унија го прогласи понеделник 12 април за ден на жалост поради несреќата во која загина полскиот претседател Лех Качински и уште 96 лица, соопштено е во Мадрид.Шпанија, како претседавач на ЕУ, соопшти дека во седиштето на сите институции знамињата ќе бидат спуштени на пола копје и дека сите состаноци предвидени за понеделник ќе почнуваат со минута молчење.Одлуката за Ден на жалост во Брисел донесена е на состанокот на шпанскиот министер за надворешни работи Мигел Анхел Моратинос и претседателот на Советот на ЕУ Херман ван Ромпеј.Во Полска прогласена е седмодневна...

Продолжи со читање

Денеска е Светски ден на водите

Post Views: 124 Светскиот ден на водите денеска ќе биде одбележан ширум светот со различни манифестации, а овогодишната тема е „Чиста вода за поздрав свет“ (Clean water for a healthy world) за да се привлече вниманието на значењето на нејзиниот квалитет и количеството.Целта на овогодишното одбележување е да се подигне свеста за одржување здрав екосистем со зголемен квалитет на водата за да се одговори на предизвиците во водостопанството, се вели на сајтот на Светскиот ден на водите.Наведено е дека е важно за владите, организациите, заедниците и поединци во светот активно да се вклучат...

Продолжи со читање

Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите од холокаустот

Post Views: 99 Полска и Израел, а со нив и целиот свет денеска во Аушвиц ќе го одбележат Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите од холокаустот.На денешен ден, 27. јануари, во 1945. година војниците на Црвената армија ги ослободија последните 7.650 преживеани логораши.Традиционалната порака до светот од Аушвиц дека холокаустот не смее никогаш да се заборави за да не се повтори, ќе ја упатат од пред споменикот на жртвите на холокаустот претседателот на Полска Лех Качињски, премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху и рускиот министер за образование и наука Андреј Фурсенко, како специјален...

Продолжи со читање

Светски ден за борба против СИДА-та

Post Views: 121 Традиционалното одбележување на Светскиот ден за борба против сидата ќе се одржи во вторник насекаде во светот во организација на Обединетите нации За таа цел предвидено е во вторник во Македонија да се одржат повеќе манифестации, вклучително и музичкиот фестивал Таксират.Заклучоците и препораките за ХИВ/СИДА во македонското законодавство од аспект на човековите права ќе бидат претставени на тркалезна маса, која ќе биде раководена од експерти по човекови права.Министерот за здравство Бујар Османи и Постојаниот координатор на Обединетите нации Карлос Малдонадо на прес...

Продолжи со читање

Се одбележува Меѓународниот ден на мирот 

Post Views: 120 Меѓународниот ден на мирот на Обединетите нации денеска ќе биде одбележан со најголема прослава досега, која ширум светот ќе биде во исто време емтиувана на Интернет, радио и телевизија.Во директниот пренос на прославата на Интернет, која ќе трае 24 часа, ќе биде емитувана пораката на генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун по повод овој празник, како и интервјуа со сегашни и поранешни високи претставници на ОН.Во прославата ќе учествуваат и познатите амбасадори на мирот на ОН како што се холивудските актери Џорџ Клуни, Анџелина Џоли, Џад Ло, Мајкл Даглас, пејачката...

Продолжи со читање