Skip to main content

Ознака: den

СОС телефонот алатка за помош

Post Views: 107 Во Македонија оваа линија функционира 17 години, додека во Охрид, во рамките на женскиот центар „Бисера“, осум. Денеска се одбележува Светскиот ден на СОС телефони за помош и поддршка на децата.СОС телефонот е начин на кој може да биде слушнат гласот на секое дете. СОС-телефоните претставуваат значаен механизам на поврзување на децата со институциите кои можат да им помогнат. Осум години во нашиов град функционира СОС линија за помош на жени и деца, жртви на насилство, во рамките на женскиот центар „Бисера“.„Ние во Охрид во женскиот центар „Бисера“ имаме СОС телефон...

Продолжи со читање

Најстариот и најдобриот охридски полицаец заедно

Post Views: 117 Охридските полицајци работно го одбележаа денот на Македонската полиција 7-ми мај. Во рамките на одбележувањето на празникот, во Регионалниот центар „Запад“, беше остварена средба со ученици од ОУ „Братство“ како и со децата од детската градинка „Јасна Ристеска“. Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, информира дека исто така е остварена средба со претставници од сите институции кои соработуваат со полицијата. Димоски додаде дека интересот кај младите за оваа преофесија од година во година е се поголем.Традиционално и оваа година беше изгран најдобриот полицаец....

Продолжи со читање

Први мај одбележан со ниски плати и скратени работнички права

Post Views: 132 За охридските работници, 1-ви Мај, Меѓународниот ден на трудот, поминува во знак на се поголема  егзистенцијална загрозеност, со просечна плата од 200 евра и скастрени работнички  права. Измените во Законот за работни односи во повеќе наврати се  гласаа без консензус на социјалните партнери. Синдикалците не се задоволни од текот на социјалниот дијалог и од топењето на работничките права. Социјалната слика во општината не е ни малку розова вели првиот општински синдикалец,  Драган Цветаноски. Голем број од работниците не се синдикално организирани. Оние кои се,  пак...

Продолжи со читање

Природата го возвраќа ударот

Post Views: 127 Светскиот ден на планетата Земја доаѓа по серија големи природни катастрофи, од кои не беше поштедена ниту нашата држава. Ќе се запаметат поплавите во Охрид, излевањето на Вардар кај Тетово, свлечиштата низ земјава. Големите земјотреси во Чиле и Хаити и вулканскиот облак по исландската ерупција во светот се само предупредувања дека природата – го возвраќа ударот, велат екологистите. За Македонија опасноста е уште поголема, со оглед на тоа што спаѓа во ризичната група земји, кои ќе бидат најмногу погодени од климатските промени. Според експертите, на оваа црна...

Продолжи со читање

Велосипедот како начин на живеење

Post Views: 129 Креативниот фестивал за велосипеди, „Велофест 2010“ на 28 април ќе гостува и во Охрид. Преку оваа платформа влеосипедот на македонските граѓани ќе им биде претставен не само ко превозно средство туку и како начин на живеење.Велосипедот не е само транспортно и рекреативно средство. Претставува и алатка на еден од професионалните спортови и инспирација за уметничка креација или авантура и забава. Овој фестивал е во организација е на Здружението на граѓани „Одржливи иницијативи“ од Скопје. За неговото прво издание, одбрана е тема која е најблиска до граѓаните и чијшто...

Продолжи со читање

Работно на денот на здравството

Post Views: 106 300 членови од здружението на лекари на 10-ти април ќе ја прослават белата вечер. Денес охридските медицинари, меѓународниот ден на здравството го одбележаа работно.Белата вечер закажана за 10 април. Докторите од охридскиот регион наместо денес да го одбележат Светскиот ден на здравството, ќе слават по три дена. Претседателот на здружението на лекарите Прим. Д-р Илија Прангоски вели дека така одлучиле бидејќи ангажираноста на медицинскиот персонал за време на викендите е помала. Тој додава дека на 10-ти април во хотелот Белви ќе се одржи годишното собрание или познатата...

Продолжи со читање

Одбележан денот на шегата 1-ви Април

Post Views: 166 Градскиот плоштад беше претесен да ги собере најмладите охриѓанчиња кои гордо парадираа, покажувајќи ги своите креации. Шестооделенците од Општинското основно училиште, „Св. Климент Охридски“ организираа маскенбал на кој беше избрана најдобра маска и најдобра шега.Експлозија од бои и костими. Денес градскиот плоштад беше местото на кое најмладите охриѓанчиња од неколку основни училишта, покажаа  дека детската фантазија не познава граници. Идеи поттикнати од ликовите од цртаните филмови и омилените бајки, преку омилените ликови од актуелните сапунски серии, па се до...

Продолжи со читање

Скребатно се пошуми со бор

Post Views: 133 Со 2 000 садници на бел и црн бор облагородено таканареченото место Најковац во Скребатно. Оваа иницијатива ја подржаа и вработените на стовариштето и пилана „Мак – Вуд“. Сопственикот на земјиштето, Томе Ѓорев Парулески вели дека на ова место нема овошка што не успева. Тој заедно со 15 вработени, следејќи ги инструкциите на стручните служби, денес засадија црн и бел бор. Парулески кажува дека е горд што на тој начин зад себе остава свој белег за идните поколенија и генерации. Додава дека добро би било секој да тргне по неговите стапки.„Со исполнување на својата граѓанска...

Продолжи со читање

Денот на рибарите

Post Views: 121 Денешниот ден според риболовците, има две значења.Кога била забранета манифестацијата на фрлањето на светиот крст во Охридските води тогаш рибарите го земале односно краделе крстот (за да не се казни попот) од црквата геракомија и пред да заминат ноќта на риби го фрлале во водите на охридко езеро во месноста Сараиште, а откако ќе се разденело нивните синови, браќа и други роднини го барале крстот под изговор дека се капат за поголем берикет, односно полни мрежи со риба. А потоа кога било дозволено фрлањето на крстот се капеле за берикет на рибарите за да ја продолжат...

Продолжи со читање

Скромно одбележан денот на инвалидизираните лица

Post Views: 134 Здружението на инвалиди на трудот, со скромна свеченост го одбележи денешниот светски ден на оваа категорија на граѓани. Тие упатија замерка до надлежните институции околу висината на инвалиднината која ја добиваат, а изнесува скромни 500 денари.Со законска одредба на Обединетите нации 3 декемви е меѓународен ден на инвалиди на трудот. Ова е ден кога сите граѓани би требало да почувствуваат хуманост кон инвалидизираните лица. Здружанието на инвалиди на трудот од Охрид и Општина Дебарца е единствена независна организација која делува во овој регион, заради остварување...

Продолжи со читање

Светскиот ден на лица со интелектуална попреченост одбележан и во Охрид

Post Views: 123 На Скромна прослава во центарот за лица со интелектуална попреченост Порака, на најзаслужните за новите простории на Порака им беа врачени благодарници. Во охридскиот дневен центар згрижение се 15 деца.3 декември светски ден на лица со интелектуална попреченост. Овој празник одбележан и во Охрид. Дневниот центар Порака скромната прослава годинава ја одржа во своите нови простории. Задоволни што конечно имаат свое катче, на најзаслужните за тоа им врачија благодарници. „Покрај на Локалната самоуправа, огромна благодарнот упатуваме и до МЈП Проаква Работна единица Охрид,...

Продолжи со читање

Црвениот крст од Охрид го одбележа денот за борба против Сидата

Post Views: 117 Црвениот Крст од Охрид спроведува низа активности, со цел младата популација што повеќе да биде едуцирана за здрава и сигурна сексуалност под мотото „Сигурно ли знаете да водите љубов“.Охрид го одбележува 1 ви декември Светскиот ден на борба против сидата. Денес активистите на „Црвениот Крст“ од Охрид одржаа четири предавања во 7и 8 мо одделение во ОУ Св Климент Охридски, за тоа колку  оваа популација има познавање за хив – сидата. Учениците внимателно слушаа и учествуваа во разговорот со Др Младен Божиноски едукатор за оваа инфекција. „Од денес се ставаат и црвените...

Продолжи со читање