Skip to main content

Ознака: den

Секои 30 секунди во светот, нова скршеница

Post Views: 131 Таа е системска болест на коските која се карактеризира со намалена коскена густина и нарушена микроархитектура. Остеопорозата е многу често заболување кое буквално значи порозни коски. Најсериозна последица од оваа болест е скршеница на коските дури и при минимален удар или паѓање. Ова заболување може да доведе до инвалидитет, па дури и до смрт и е познато како „Тивка епидемија“. „Остеопорозата зема се пошироки, речиси епидемиски размери и освен што ја напаѓа женската популација, во последно време не е мал бројот на мажи кои заболуваат од оваа болест. Постoјат голем...

Продолжи со читање

Денска е светски ден на слепите лица

Post Views: 103 „Денеска нема да имаме посебни активности, затоа што ние сме активни преку цела година“, вели Славчо Џајкоски, претесадтел на здружението на слепи лица. Светскиот ден на слепите лица, 15 октомври, Општинската организација на слепи лица од Охрид не го одбележува посебно. „Иако овој ден е светски признат, ние не чувствуваме потреба за специјално организирање на нашето членство, бидејки за нас секој ден е одбележан на свој начин, вели претседателот на здружението на слепи лица, Славчо Џајкоски.  Тој додава дека приоритет на  здружението е откривање на нови слепи лица,...

Продолжи со читање

Светскиот ден на Прва помош

Post Views: 98 „Прва помош за хуманост“, е  мотото под кое се одбележува Светскиот ден на Прва помош.  На градскиот плоштад спроведени низа активности за прославување на овој ден. Една од поголемите свечености годинава се одржува во Риека, каде има четири преставници од ОО на Црвен Крст Охрид. Црвениот крст денеска празнува. Светскиот ден на оваа хуманитарна организација, годинава се одржува под мотото „Прва помош за хуманост“. „Секој човек, може и треба да знае да укаже прва помош, вели претседателот на ОО на Црвен крст, Сашо Точков.И покрај лошите временски услови, на градскиот...

Продолжи со читање

Одбележан 20 мај- Денот на пожарникарството

Post Views: 116 Охридските пожарникари го одбележаа 20 мај- Денот на пожарникарството.  Преку вежби ги покажаа своите вештини при гаснење на пожар и спасување на повредени во сообраќајна несреќа.Притоа, беше користено и новото противопожарно возило и опремата- донирани од фондацијата „Флоријан“,  кои официјално денес и беа предадени на општината. Вработените во Противпожарната единица денес ги демонстрираа и вештините стекнати во текот на двонеделната обука спроведена од страна на англиски и француски инструктори- пожарникари.Градоначалникот Петрески, потенцира дека за  непречено...

Продолжи со читање

Охридскиот завод и музеј го одбележа Меѓународниот ден на музеите

Post Views: 129 Со низа проекти и реализирани активности Завод и музеј го одбележа меѓународниот ден на Музеите. Во изминатиот период се направени или во тек се конзервации и санации на црквите Св. Никола во Косел и 40-те Маченици, санација на кровот на џамијата Хаџи Хамза, се зајакнува статиката на куќата на Уранија, се препокри кровот на куќата на Робевци, се санира Управната зграда ова се само дел од реализираните проекти  со кои Националната установа Завод и музеј го одбележува Светскиот ден на музеите. „Покрај  овие проекти, Институцијата ги издвојува и активностите околу доизгрдбата...

Продолжи со читање

Ден за проблемите на граѓаните

Post Views: 158 Проблеми од комуналната и урбанистичката свера тајно и јавно денес беа изнесени од страна на граѓаните пред градоначалникот на Охрид, Александар Петрески.Следејќи ја досегашната практика во работењето, градоначалникот и во новиот мандат продолжи со непосредните средби со граѓаните. Денес со почеток во 9 часот во големата сала на Општина Охрид, се одржи средба со граѓаните на која  беа разгледани проблемите и барањата на охриѓани. На средбата присуствуваа сите раководители на општинската администрација и директорите на Јавните претпријатија. Дел од граѓаните добија...

Продолжи со читање

Ден на полиција

Post Views: 107 За најдобар полицаец е избран Боге Стевчески, припадник на полициската станица во патниот сообраќај.Тој во МВР професинално ги извршува своите законски обврски од март 2009 год.  Наградата телевизор, за разлика од минатите години кога ја обезбедуваше Локалната самоуправа, годинава таа беше доделена од страна на Секторот за внатрешни работи.„Изминатата година може да се пофалиме дека постигнавме уредна дисциплина на подрачјето на Општина Охрид“, вели командирот на полициската станица за безбедност во сообраќајот. „Годинава СВР Охрид празникот го одбележаа, во знакот...

Продолжи со читање

Прва жртва на првиот ден од релито Дакар

Post Views: 136 „Жената почина. Имаше сериозни повреди на главата, стомакот и карлицата, а претрпе и два срцеви удари на пат до болницата.“ изјави Норберто Бруса, доктор во болницата во Рио Куарто.Четворица други исто така се здобија со полесни повреди и скршеници, кога возилото на Мирко Шултис и Урлих Лерди навлезе во „јавната зона“ наменета за публиката.Шпанецот Нани Рома, победи во првата етапа која се возеше од Буенос Аирес до Кордоба  во класата автомобили со време од 2 часа 11 минути и 15 секунди а сонародникот Карлос Саинц заврши на второто место со разлика од само две минути...

Продолжи со читање

Ден на децата

Post Views: 109 Овој ден на најмладите  им е поклон од револуционерот Ататурк, велат од здружение на граѓани карабегомала. Прославата годинава за прв пат се одржа на плоштадот Чинар.Учениците од Турска националност денеска го слават националниот празник на детето. „До лани овој ден во Охрид се прославуваше во основните училишта, а организаторот најави дека од годинава,прославата ќе биде на плоштадот Чинар.  Во подготвента 30 минутна програма учествуваа деца од ОУ Братство единство од прво до осмо одделение, но и од клонот Развигорче од градинката Јасна Ристеска.Денешната програма...

Продолжи со читање

Охриѓани и книгата

Post Views: 187 Библиотеката „Григор Прличев“ го одбележа светскиот ден на книгата во услови кои не доликуваат на Национална установа.Охриѓани се помалку другаруваат со книгата, посебно тоа се однесува на помладата популација која освен задолжителната лектира се поретко чита. Ова не е случај со повозрасните кои не се откажуваат од навиката за читање. Лилјана Мартиноска, библиотекар од НУ библиотеката „Григор Прличев“  вели дека читателите кои ги посетуваат се помалку се заинтересирани за класиците, а се повеќе ги  бараат  бестселерите.Библиотеката Григор Прличев го одбележа светскиот...

Продолжи со читање

Ден на планатата земја и местото на Македонија

Post Views: 116 Денеска во светот и Македонија се одбележува денот на планетата земја. „На листата, еколошки најчисти земји на светско ниво,Македонија е рангирана на 74 место, а во европски рамки е на самото дно.Од нас како поединци зависи нашето опкружување.Секоја мала еколошка постапка помножена со голем број луѓе дава добробит за целата наша планета“, вели Ѓоко Зороски.Секретарот на билатералниот секретаријат на охридското езеро, Дејан Паноски, вели дека во периодот на политички драми кои се случуваат во светот  и во периодот на економските глобални кризи сеуште пред нас стои надвисната...

Продолжи со читање

Светскиот ден на Ромите се слави и во Охрид

Post Views: 124 Граѓаните од ромска националност денес го прославуваат 8- ми април – Светскиот ден на Ромите.„Она што се уште не се променало е односот на околината кон нас“, велат членовите на ромското семејство Шемо. „И ден денес има поединци кои го оспоруваат нашиот идентитет. Тоа е навистина апсурд со оглед на фактот дека живееме во едно ново време- во 21 век“, вели најстариот член на ромската фамилија Шемо. Тој се надева дека разликите наскоро ќе исчезнат.„Среќен сум што за разлика од минатото, сега ромите го продолжуваат своето средно образование и стануваат академски граѓани....

Продолжи со читање