Skip to main content

Ознака: den

Со оптимизам и ведрина против болестите

Post Views: 239 Стручните лица се повеќе алармираат за  голем број заболувања предизвикани од стресни ситуации. Специјалистот по социјална медицина,  д-р Слободанка Коцевска состојбата со заболувањата во оптина Охрид и Дебрца ја следи повеќе од 20 години. Истакнува дека последните 10 години се посебно стресни за сите нас. Минатата година најмногу  лекарска помош побарале лицата на возраст од 64 до 75 години , а веднаш зад нив се лицата  на возраст од 45 до 54 години. Почести посетители во медицинските установи  била женската популација. Најчесто граѓаните страдаат од срцево –...

Продолжи со читање

Одбележан денот на водата

Post Views: 108 Во просториите на MЈП ПРОАКВА  се одбележа денот на водата. Директорот на јавното претпријатие, Бранислав Трпчески, упати благодарност до учениците од основните училишта во градот, кои со своите творби учествуваа во одбележувањето на овој празник. Целта на собирот е да се едуцираат младите за значењето на водата во секјдневниот живот и нејзиното рационално користење.Преку ликовниот конкурс на тема „ Водата без граници го поврзува светот“, основците имаа можност на креативен начин да упатат порака за важноста на водата.Експертите се почесто укажуваат на фактот, дека...

Продолжи со читање

За најдобрите крводарители

Post Views: 253 Перманентна работа за промовирање и унапредување на крводарителството на територијата на оптините Охрид и Дебарца е заложба која Црвен крст Охрид ја поставува на високо рамниште. Потребите од крв и крвни продукти за задоволување на потребите на здравствените установи во нашиот град бараат постојана ангажираност на активистите на Црвен крст и службите за трансфузиологија во текот на целата година.Преку соодветна програма на соработка и мотивација на крводарителите за доброволно дарување крв, со организирање на редовни и вонредни крводарителски акции, годината што измина...

Продолжи со читање

Ден на дрвото, оваа сабота

Post Views: 215 Владата на Р.Македонијаги повикува сите граѓани на 14 март (сабота) 2009 година да земат учество во акцијата „Ден на дрвото – Засади ја својата иднина!“ и со засадување по три  дрва да придонесат кон унапредување на животната средина. За таа цел ќе биде организиран бесплатен превоз на граѓаните до локациите каде што ќе се пошумува. Граѓаните може да се приклучат на било кој автобус или организирана група и да заминат на било која локација каде што ќе се пошумува.Во Охрид на располагање ќе бидат 4 автобуси од пред Гимназијата, од 08:00 часот, со ротирање на секои два...

Продолжи со читање

Светскиот ден за борба против ракот

Post Views: 189 По повод вчерашниот ден за борба против ракот  Сетската здравствена организација, предупредува дека   малигните заболувања се закануваат да го преполоват населението во Европа.Според податоците на Републичкиот завод за здравствена заштита, во последните десеттина години стапката на нови регистрирани случаи на заболени од рак во Македонија е зголемена. Генерална причина за појавата на ваквите заболувања не е констатирана, а симптомите најчесто се нејасни, затоа според лекарите најважна е примарната превенција.Во Охрид исто така е забележан раст во регистрираните случаи....

Продолжи со читање

Светски ден на водни живеалишта

Post Views: 272 Охридскиот регион да се најде на листата на биоводни резервати, а неговиот албански дел да биде на листата на Унеско, ова се заложбите на експертите за водени ресурси. Денес во Преспанскиот регион  се одбележа светскиот ден на водни живеалишта. Светскиот ден на водните живеалишта, 2 Февруари, во Македонија денес се одбележа со свеченост во прекуграничниот регион Преспа парк. На свеченоста се одржаа многу едикативни активности за основците и средношколците.На денешната свеченост во Ресен, едукативно предавање на тема Водни живеалишта (предизвици и нивна заштита во иднина)...

Продолжи со читање

Светски ден за човекови права

Post Views: 146 Пред 6 децении , Обединетите нации усвоија декларациа за човековите права. Во неа се прецизирани универзалните права. Тие не зависат од националната, државната, идеолошката или социјалната припадност на луѓето.Светскиот ден на човековите права се одболежува денеска ширум светот, а повод се 60 години од потпишувањето на декларацијата за човекови права.Министерот за правда Михајло Маневски изјави дека со уставот и законите се обезбедува заштитата на човековите права и во Македонија.Колку се почитуваат овие права охригани со свое  видување. Проблемите врзани  со дискримицијата,...

Продолжи со читање

Меѓународен ден на волонтерите

Post Views: 311 Волонтерството е сила која креира, мотивира и развива, вели претседателот на Црвен крст од Охрид. Од ангажираноста на волонтерите зависи успешноста на нашата организација, додава тој. Меѓународниот ден на волонтеризмот одбележан во Охрид. Црвениот крст по тој повод ја презентира Стратегијата за волонтерство од 2008 до 2012. Во неа можат да се добијат многу информации околу правата и обврските на волонтерите. Претседателот на Црвениот крст од Охрид, Сашо Точков вели дека волонтерството е сила која креира, мотивира и развива. Во охридската организација на Црвениот крст ...

Продолжи со читање

Меѓународниот ден на хендикепираните лица одбележан и во Охрид

Post Views: 202 Претставници на здруженијата на хендикепираните лица на традиционална средба со градоначалникот на Охрид. На неа беа изложени проблемите и достигнувањата на здруженијата во текот на оваа година како и нивната соработка со локалната. Меѓународниот ден на хендикепираните лица одбележан и во Охрид. Традиционално, охридскиот градоначалник со претставниците на здруженијата на хендикепирани лица одржа средба на која беа изложени нивните проблеми и достигнувања во текот на оваа година. Петрески кажа дека многу е направено, но и многу допрва треба да се направи за подобрувањето...

Продолжи со читање

Расте бројот на злоставувани жени

Post Views: 155 Годинава во Центарот за социјални грижи се евидентирани над  40 лица  жртви на семејно насилство. Од нив биле 38 жени, а само двајца мажи. Оваа бројка е во пораст за разлика од лани кога биле регистрирани 30 случаи. Заради патријархални сфаќања  многу од жртвите се повлекуваат и се одлучуваат на молк вели Ѓорѓи Тодороски координатор  на тимот за семејно  насилство при Центарот за социјaлни грижи.Повеќе од 60 посто од жртвите ги повлекуваат пријавите  и не се подготвени да поднесат предлог за изрекување времена мерка до судот. Сметаат дека жената треба да молчи и проблемот...

Продолжи со читање

Охриѓани се приклучија кон акцијата Ден на дрвото- засади ја иднината

Post Views: 304 На површина од два хектари во месноста Мауцкер се засадија над 5. 000  дрвца. Дел од акцијата беа и градоначалникот Александар Петрески и министерот за финансии, Трајко Славески.Голем број ученици и граѓани уште во раните утрински часови се вклучија кон граѓанската иницијатива Ден на дрвото- засади ја иднината.На површина од два хектари кај месноста Мауцкер засадија над 25. 000 дрвца чемпрес.Дел од акцијата беше и градоначалникот Александар Петрески кој најави дека напролет, од страна на Локалната самоуправа ќе биде организирана акција со цел да се провери во каква...

Продолжи со читање

Охрид подготвен за есенската акција Ден на дрвото –засади ја својата иднина

Post Views: 311 Садењето на дрвјата во склоп на акцијата  Ден на дрвото –засади ја својата иднина повторно ќе се одвива на локалитетот „Мауцкер“. Локацијате не е добар избор  реагираат од граѓанската организација „Билјана“ и прашуваат зошто пошумувањето не е на планината Галичица.Се е подготвено за утрешната акција Ден на дрвото –засади ја својата иднина. Ваква граѓанска иницијатива по втор пат се реализира во Охрид. Во март оваа година на локалитетот „Мауцкер“ на површина од  5 хектари   се засадија 10.000 дрвја и тоа чемпреси, кедар и дуглазија. Но, за жал од нив само мал дел  успеаја...

Продолжи со читање