Skip to main content

Ознака: ezero

Достигнат максимум на водата во езерото

Post Views: 132 Водостојот на oхридското езеро ја достигна критичната точка. Заклучно со денес, како што не информира Константин Угрински хидролог од Хидрометеоролошка станица во Скопје водостојот е 68 см. Со тоа максимумот е надминат и достигнатата кота од 693,85 се смета за критична, бидејќи за 10 сантиметри е повеќе од договорената кота со Р. Албанија. Угрински предупреди дека под итно потребна е регулација на водостојот што ја врши ХЕЦ „Глабочица“ за да нема несакани прелевања на водата од езерото. Абнормалниот водостој на езерото според Дејан Паноски, од билатералниот секретаријат...

Продолжи со читање

Минофрлачи од прва светска војна

Post Views: 135 2 минофрлачи и едно ѓуле беа извадени од водите на Охридското езеро. Охридските нуркачи се носители на акцијата за отстранување на неексплодирани боеви средства. Акцијата је води дирекцијата за заштита и спасување при завод и музеј од Охрид. Експонатите беа извадени од езерото во непосредна близина на хотел „Палас“ на длабочина од околу 5 метри. Минофрлачите се смета дека потекнуваат од првата светска војна а произведени биле во 1916 година во Нинберг Германија додека пак ѓулето потекнува од 15 век, вели кустосот во музејот, Никола Целакоски.„Првични претпоставки се...

Продолжи со читање

После 50 години, Охридско езеро без експлозиви

Post Views: 106 Дирекцијата за заштита и спасување, денеска на прес конференција ги соопшти деталите и информациите од акцијата .После 50 години дното на Охридското езеро ќе биде исчистено од сите експлозивни средства. Акцијата ќе трае еден месец и ќе се одвива на 4 локации во езерото. Ќе се вадат неексплодирани експлозивни сретства  од Балканските војни и Првата и Втората светска војна. Со скенирање од пред неколку години, само се потврди дека рачни бомби, гранати и мини се распослани во должина на брегот на самото дно. Опасните материи се наоѓаат на оддалеченост од 50 метри од...

Продолжи со читање

Нуркачи ќе ловат мини

Post Views: 88Денеска се обележуваа местата а од утре специјално обучени екипи ќе ги отстрануваат неексплодираните средства. Донатор на акцијата со која езерото комплетно ќе се исчити од минскоексплозивни средства е американската влада, преку Министрството за надворешни работи.Неескплодираните мини, бомби, гранати од најразличен калибар, како и експозивните средства конечно ќе се извадат од Охридското езеро. Опасните материи се наоѓаат на  оддалеченост од 50 до 100 метри од брегот, на длабочина од 4 до 5 метри. Денеска специјално обучени нуркачки екипи ги обележаа 4-те локации...

Продолжи со читање

За државата кајмакот, за локалната трошоците

Post Views: 95 Моментот за конечна координација е тука. Кој стопанисува со езерото, чија е одговорноста за неговата заштита? „Ситуацијата е сериозна, потребен е сериозен пристап, нема место за меѓусебни критики, а конструктивниот дијалог мора да започне“, потенцира охридскиот градоначалник Александар Петрески. Треба да се лоцираат проблемите и да се дефинираат задачите кои треба да се преземат. Да се знае каде завршува одговорноста на државата, а каде започнува улогата на Локалната самоуправа. Пред се да се користат исти аршини при решавањето на проблемите околу заштитата на Охридското...

Продолжи со читање

Охрид не е имун на климатските промени

Post Views: 95 Денес во Охрид во организација на канцеларијата на Светската Здравствена организација во Скопје и НВО-„Новинари за права на жени и деца и заштита на животната средина“, се одржа работилница на тема „Климатските промени и потребата од информирањето на јавноста“.Целта на оваа работилница е информирање на новинарите од проблемите со кои ќе се соочи Македонија, а кои се дирекно предизвикани од климатските промени. Хидробиолошкиот институт од Охрид во континуитет ги следи промените во квалитативниот и квантитативниот состав на животните заедници. Имено климатските промени...

Продолжи со читање

„Прекрасна“ слика

Post Views: 128 ЈП Охридски комуналец денеска спроведе акција за чистење на истиот. Градоначалникот кој присуствуваше на чинот на чистењето обвини дека министрите се ангажираат само тогаш кога треба да се издадат одредени плажи под концесија. ЈП Охридски комуналец, денеска спроведе акција за чистење на водите на Охридското езеро од цврст отпад. „Само во утриснките часови беа подигнати 20 кубици на отпад кој во текот на вчерашниот ден го исфрли езерото на самото крајбрежје, истакна директорот на ЈП Сашо Алче.. За градоначалниот Александар Петревски, државата наместо да се фали колку...

Продолжи со читање

Охридското езеро е старо помеѓу 2 и 5 милиони години

Post Views: 138 Завршница на петтата по ред најпрестижна светска конференција за заштита на прастарите езера во светот. Веќе пет дена Охрид е домаќин на најпрестижната светска научна конференција за заштита на прастарите езера во светот, СИАЛ 5.„ Настанот е резултат на долгогодишната соработка помеѓу Хидробиолошкиот институт од Охрид, и универзитетот Гизен во Германија“, појаснува Др. Гоце Костоски. Конференцијата е петта по ред, а тема на истата е заштита на 10те прастари езера во светот меѓу кои спаѓа и охридското. „Овие езера истовремено претставуваат таканаречени „Музеи на живи...

Продолжи со читање

Уште една жртва на езерото

Post Views: 100 Охридското езеро одзеде уште еден живот Вчера во во близина на мостот се удави Бошко С, кој привремено престојувал во Охрид. Од СВР информираат дека на телото на починатиот не биле констаирани траги на насилство.Охриѓани потресени од уште еден немил настан. Самоубиство со давење е најновиот случај кој ги вознемири граѓаните. Вчера, во 16 часот и 30 минити во водите на Охридското езеро, наспроти хотелската зона, кај “Милениум Палас” и хотелот Гарден, пронајдено е мртвото тело на Бошко С. од Скопје.Увид на лице мeсто извршиле екипа на СВР, јавен обвинител...

Продолжи со читање

Преспанското езеро во опасност

Post Views: 374 Преспанското езеро не е запоставено само од Македонска страна. Состојбата е многу полоша во соседна Албанија.  Таму се работи на создавање на услови за основи потреби. Сепак првиот човек на општина Пустец, Едмонд Темелко, се надева дека туризмот како гранка ќе заживее и кај нив.Преспанското езеро од Албанска страна е запуштено. „Во моментов кај нас, нема услови за развивање на туризам“, вели градоначалникот на општина Пустец, Едмонд Темелко. Бараме бродска линија со која би го потикнале  развојот на туризмот, кој би бил во интерес на двете држави додава Темелко. Констатацијата...

Продолжи со читање

Подводните убавини на езерово на DVD

Post Views: 102 Најдобрите снимки од подводниот свет во Охридскотот езеро претопени во ДВД. Нуркачкиот клуб „Амфора“ на граѓаните ќе им подари 40 минутен документарен филм, кој ќе биде дистрибуиран преку еден дневен весник во тираж од  10.000 примероци. Професионалните нуркачи од Охрид, доживуваат посебни мигови преку својата пасија нуркањето, снимајки неповторливи моменти. Филмот започнува со снимки кај изворите во Св. Наум. Преку ова ДВД, гледачите ќе имаат можност за прв пат да видат мрест на пастрмка во природен амбиент, да го видат живиот свет во езерото, дел од подводните археолошки...

Продолжи со читање

Скутерите и глисерите страв и трепет

Post Views: 97 Преголемиот број на пловни објекти и нивното неконтроолирано движење, се најголема причина за намалување на безбедноста во Охридското езеро, се сложија Црвениот крст, Полицијата, капетанија и концесионерите од Охрид. Тргнувајќи од необележаните зони за капење, недоволниот број спасители на вода, ниското ниво на безбедносни услови и се разбира најголемиот проблем, скутерите и пловните објекти, посочи Сашо Точко, претседател на Црвениот крст од Охрид. Спортистите рекреативци, кои редовно тренираат во водите на Охридското езеро се крајно зазгрозени од неконтрилираното...

Продолжи со читање