Skip to main content

Ознака: ezero

Езерото ја зеде првата жртва сезонава

Post Views: 151 Денеска, на плажата во близина на  Извидничкото одморалиште во населбата Далјан почина лицето со иницијали З.М. роден 1961 година. Починатиот бил тренер на карате репрезентација на Србија, која се наоѓа на подготовки во Охрид. На сега починатиот му се слошило при влегување во водите на езерото. Веднаш на помош му пристапил репрезентативниот лекар, по што била повикана Службата за итна медицинска помош која набргу пристигнала на лице место. Лицето било префрлено во Охридската болница каде биле извршени неуспешни обиди за реанимација. Според извештајот на СВР –...

Продолжи со читање

Ќе имаме ли наше светско чудо?

Post Views: 104 Охридското езеро и Пештерата Врело имаат големи шанси да влезат во потесниот круг на номинации за новите седум светски чуда. Ќе се натпреваруваат во конкуренција со 77 номинирани природни атрактивности.Денеска завршува вториот круг од гласањето во рамките на глобалниот избор за новите седум светски чуда на природата. Пред истекот на рокот за гласање Охридското езеро се наоѓа на одличното шесто место маѓу финалните единаесет. Пештерата Врело засега е на тринаесетото место соопштуваат од Македонскиот комитет за ниминација. Конкурираат 77 природни атрактивности од кои...

Продолжи со читање

Бродовите кои сообраќаат по езерото се максимално безбедни

Post Views: 102 Родителите чии деца ќе одат на екскурзија со брод можат да здивнат. Капетанот Љупчо Настоски вели дека во водите на езерорто пловат пет поголеми бродови и тоа Илинден кој е регистриран за 43 патници, Кристина за 80 и Александрија, Галеб и Македонија регистрирани за по 150 патници. Сите тие еднаш годишно подложат на редовна државна контрола, а во текот на годината има и по неколку вонредни контроли.Капетан Настоски појаснува дека  еден брод за  да добие дозвола за пловење мора да има противпожарен апарат, појаси за спасување и тоа толкав број за колку што патници е...

Продолжи со читање

Чистење на езерото од тврд одпад

Post Views: 152 Акцијата ќе се одржи утре на потегот од градското пристаниште до сараиште. Организарите апелираат кон оваа еколошка акција да се вклучат и граѓаните.Водата – извор на животот е прокт на сојузот за подводни активности на Р Македонија, лајонс клубот Лихнидос, Ротари клубот Охрид и Лајонс клубот Десарети.   Овие невладини организации се здружија со цел да спороведат акција за цистење на езерото од тврд отпад на потегот од градското пристаниште со сараиште. Подржувачи на проектот се културниот центар медиа артест, црвениот крст еколошките друштва и лео клубот од Охрид....

Продолжи со читање

Охридското езеро не треба да се дава за стопански риболов

Post Views: 140 „Охридското езеро не треба да се дава за стопански риболов“, вели директорот на хидробиолошкиот институт, Гоце Костоски.Денес оваа институција одржа јавна расправа за риболовните основи на Охридското езеро. Јавната нацинална установа Хидробиолошкиот завод за сите природни езера во р Македонија и за одреден број вештачки акумулации од источниот дел на Македонија, денеска ја презентираа риболовната основа. „Тенедерот за давање под концесија на природните езера не е поништен туку е само прекинат. Оваа јавна расправа треба да му помогне на министерството за шумарство и...

Продолжи со читање

Акција на чистење на реките кои се влеваат во езерото

Post Views: 192 Денес, од цврст отпад се чистеа реките кои се влеваат во Охридското езеро. Во акцијата беа собрани околу 30 кубици отпад.  Оваа иницијатива на ЈП „Охридски комуналец“ не ја подржа ниту едно еколошко друштво. Од цврст отпад се чистше реката што тече низ селото Рача и реката Грашница во населбата Даљан, а деновиве ќе се чисти и рекета Черава.„Најголем проблем во загадувањето на езерото од цврст отпад е реката Грашница, проблематична е и реката Сатеска. Како директор на јавното претпријатие ќе контактирам со директорите на ЈП од Струга и Дебрца, за и таму да се делува...

Продолжи со читање

Охридското езеро мора да се заштити од отпадните води

Post Views: 229 Заштитата на Охридското езерто од отпадните води, тема на денешната пресс конференција на советничката листа на група избирачи со реден  бр. 13. Ќе се залага за изградба на секундарна канализациона мрежа или за проширување на постојаната во сите населени места каде што нема изградено, рече носителот на советничката листа.Претставници од советничката листа на група избирачи со реден  бр. 13 на денешнта пресс конференција, зборуваа за Заштитата на Охридското езерто од отпадните води. Според нивото на квалитетот на заштитата и унапредувањето на животната средина, се отценува...

Продолжи со читање

Билатералниот договорот помеѓу РМ и РА од 1956 година застарен

Post Views: 214 Ќе се преиспитува спогодбата со која се регулира испуштањето вода од Охридското езеро за енергетските потреби на Албанија. Двете министерства за животна средина конечно ја увидоа потребата за ревидирање на договорот, склучен во 1956 година од страна на тогашната Југославија и Албанија. „Тој е застарен договор и секако дека нашите луѓе ќе го преиспитаат“, рече македонскиот министер за животна средина, Неџати Јакупи. Со ваквиот став се согласува и неговиот албански колега, министерот Луфтер Џувели, кој изјави дека можно е склучување и на нова спогодба помеѓу двете соседни...

Продолжи со читање

Охридско езеро, светско чудо на природата

Post Views: 173 Македонија и Албанија ја спасија кандидатурата на охридското езеро за ново светско чудо на природата. Кандидатурата официјално е прифатена и нема пречки за негов пласман во следниот круг од светскиот избор. По одбивањето на албанските државни институции да ја подржат кандидатурата за езерото, чиј еден дел се наоѓа на албанска територија, Македонската општина Пустец формираше комитет за подршка на Охридското езеро. „Лично мислам, дека Охридското езеро не треба да го третираме како чудо. Треба да му дадеме сосема нови елементи. Оваа апликација е добра за економскиот...

Продолжи со читање

Тајните на Охридското езеро ќе бидат откриени

Post Views: 155 Дното на Охридското езеро тродимензионално ќе се снима. Со најсофистицирана апаратура ќе се вршат разни истражувања од кои ќе се открие како тоа настанало и кога. Вакви истаржувања ќе се прават и на Преспанското езеро. Претставниците од проектот за заштита на езерото од Албанија заедно со експерти од Грција, со најсофистицирана апаратура ќе вршат истражувања на дното на езерото и негово тродимензионално снимање. Вакви истаржувања ќе се прават и на Преспанското езеро. Тоа ќе помогне во добивањето точни податоци кога и како настанале езерата, кои се нивните специфичности...

Продолжи со читање

Бензиска пумпа на брегот на Охридско езеро

Post Views: 144 Со ваквата идеја на Министерството за транспорт и врски не се согласува и градоначалникот.Охридските екологисти се против идејата да се гради бензиска пумпа за потребите на пловните објекти на брегот на езерото. Велат дека се непријатно изненадени од ваквата идеја на Министерството за транспорт и врски. Според нив, бензиска пумпа на брегот би претставувала дополнителна опасност за живиот свет во езерото. „Се надевам дека ќе добиеме подршка и од граѓаните затоа што сите знеме каква штета тоа би претставувало за езерото“, вели Борче Стефаноски од ЕД Грашница.Против ваквата...

Продолжи со читање

Еколозите бараат езерото да не се дава под концесија

Post Views: 337 Најавата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за издавње на езерото под концесија наиде на најостра осуда од еколозите. Тие се против слободно изловување на плашицата, скобусот, мрената, кленот и моранецот. Единствено плашицата може да ја врати охридската пастрмка во езерото предупредуваат тие. Бараат да се продолжи забраната за лов на овие риби, посебно кога охридската пастрмка во недостиг на храна го јаде својот подмладок, вели категорично дип. инж. агроном Лазо Наумоски, член на ЕД Грашница. Појаснува, за да се формираат репродуктивните...

Продолжи со читање