Skip to main content

Ознака: ezero

Светски научни експерти ќе ja истражуваат староста на Охридското Езеро

Post Views: 154 Четириесеттина научни работници од Европа ќе ги сублимираат досегашните резултати од истражувањата на староста на Охридското Езеро,  едно од најбогатите природни езера во светот со ендемски видови. Ќе се формираат и менаџерски тимови со цел да отпочне заеднички проект од 2010 година вели Гоце Костоски-директор на Хидробиолошкиот институт во Охрид. Прелиминарните истаржувања покажале дека езерото е старо помеѓу 3 и 4 милиони години, но тоа се само претпоставки па затоа ќе се продолжи со понатамошни истражувања велат научните експерти.Во Охридското Езеро живеат преку...

Продолжи со читање

Изумира охридската јагула

Post Views: 233 Охридската јагула ќе исчезне доколку не се решат еколошките црни точки во езерото- предупредуваат стручните лица. По пастрмката, опасност од изумирање и прети и на охридската јагула. Стручните лица предупредуваат- таа целосно ќе исчезне доколку наскоро не се реши проблемот со таканаречените црни еколошки точки во езерото. Дополнителен фактор кој ја влошува состојбата е постојаното опаѓање на нивото на водата во езерото. „Доколку нивото на водата во езерото и понатаму опаѓа, а проблемот со загадувањето на езерото кај Пештани, реките Грашница и Сатеска не се реши, сите...

Продолжи со читање

Во Поградец, Албанија се одржа четвртиот состанок на билатералниот комитет за Охридското езеро.

Post Views: 134 Главна тема беа активностите што се преземаат за заштита на езерото, од страна на двете земји. Како што дознаваме министрите  за животна средина и просторно планирање  од Македонија, Јакупи и од Албанија, Џували покажале силна политичка волја да се заштити овој природен ресурс. На средбата се постигнати неколку конкретни договори. Еден од нив  е преземање на заеднички проект за заштита на трската како еден важен филтер за квалитетот на водата, но и неколку дополнителни.  Да се ревидира извештајот од 2002 година за состојбата на Охридското езеро, и да се забрза изградбата...

Продолжи со читање

Холандски студенти го испитуваат квалитетот на водата во Охридското езеро

Post Views: 151 25 студенти и 4 професори од Водно- еколошкиот факултет од Холандија, деновиве вршат испитувања на квалитетот на водата во Охридското езеро. Анализите ги вршат применувајќи современа лабораториска апаратура.  „Почнавме да земаме примероци. Во моментов сме кај Коселска река, потоа ќе земаме и од неколку локации од крајбрежјето. Со себе носиме инструменти кои се наоѓаат во хотел Климетица каде и ги извршуваме анализите“, вели Митра Баскоска- Александре, асистент на Водно- еколошки фкултет од Холандија.Како што потенцираат холандските студенти, го избрале Охридското езеро...

Продолжи со читање

Гласајте за Охридското езеро – можеби ќе го прогласат за ново светско чудо

Post Views: 169 Охридското Езеро, заедно со Пелистерските очи и пештерите Врело кај Матка се природните убавини кои можеби ќе ја претставуваат Македонија на светскиот избор за седум нови чуда на природата. Тоа ќе зависи од бројот на освоени гласови на отворената интернет страница на светскиот избор на нови седум чуда    www.new7wonders.com. Во тек е гласањето  за Охридското Езеро кое досега има освоено над 300 гласа. Наскоро на веб страницата ќе може да се гласа и за Пелистерските очи и за пештерите Врело. Гласањето ќе трае до 31-ви декември годинава. За да влезе Охридското езеро...

Продолжи со читање

Eзерото мора да се спаси

Post Views: 146 Светскиот проблем со загадувањето на водите му се заканува и на Охридското езеро. Оваа го констатираа експертите на хидробиолошкиот институт на денешната трибина која се одржа во Охрид на тема „да го заштитиме крајбрежието на Охридското езеро од еколошка деградација“. Др Ленче Локоска потенцира дека за среќа Охридскот езеро постојано се надополнувасо свежа изворска вода и точно поради тоа езерото опстојува милион години. Но, тоа што го поправа природата го уништува човекот. Човечкиот фактор има големо негативно влијание врз разновидниот растителен и животински свет...

Продолжи со читање

Водата во езерото исправна!

Post Views: 133 Реките Черава, Коселска, Сатеска и Велгошка остануваат најголемите загадувачи на Охридското Езеро. Според резултатите од физичко-хемиските и микробиолошки испитувања, спроведени од страна на Центарот за јавно здравје од Охрид, квалитетот на водата во Охридското Езеро, пред почетокот на туристичката сезона е од прва и втора класа. Според уредбата за класификацијата на водите пак, вода од прва класа може да се користи за водоснабдување, додека вода од втора класа може да се користи за капење, спорт и рекреација, вели Сашо Точко од Центарот за јавно здравје.По направената...

Продолжи со читање

Што се случува?

Post Views: 139 Останаа затворени уште две клапни од браната во Струга од каде се испушта водата од езерото. Се зголемува ризикот од поплава во населените места на охридско – струшкиот регион. Алармантната и напната состојба се повеќе се наметнува меѓу населението а одговорните смируваат. Човечкиот фактор е причината за се ова што ни се случува последниве неколку денови, вели Мате Гогоски, еколог од Струга. Доколку не се регулира хидротехничката брана на ХЕЦ „Глобочица“ во Струга може да настане катастрофа, додава тој.Опасноста ќе се зголеми доколку почнат нагло да се топат...

Продолжи со читање

Извадени 3 500 неексплодирани убојни средства

Post Views: 127 Во акцијата за деминирање на дното на Охридското Езеро која заврши денес  извадени се околу 7 тони оружје или 3.500 неексплодирани убојни средства.Од нив 2850 се со голем,а останатите со помал калибар. „Убојните средства потекнуваат од Балканските,од Првата и Втората светска војна, истакна директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Шабан Салиу. Тој додаде „Извадивме се што пронајдовме, но вакви акции ќе има и понатаму. Во иднина езерото ќе го чистиме во поголема длабочина и тоа кај местата Калишта, Радожда Пештани и кај плажата “Кадмо”,изјави директорот на Дирекцијата...

Продолжи со читање

Охридското езеро, побогато за уште 25.000 единки jaгула

Post Views: 149 Во езерото иам јагула но немаме увид кој и колку лови, велат од Институтот за Сточарство.Состојбата со фондот на јагулата во Охридското езеро не е загрижувачка. Годиниве наназад пракса било на струшкиот „Даљан“ да се ловат од 8 па до 16 тони јагула, количина регистрирана на вага, кажува Димче Тале, од Институтот за сточарство. „Последниве години, оваа количина е намалена. Можам слободно да си земам за право да кажам, откако е забранет ловот на сите видови риба во езерото, немаме увид кој и колку лови“- додава Тале.Природниот пат на мрестот на јагулата е прекинат од...

Продолжи со читање

Струга беше домаќин на манифестацијата „Денот на Езерото“

Post Views: 143 Со тоа официјално започна и туристичката сезона. Градоначалниците на Струга, Поградец и Охрид се пофалија на досегашната заеднича соработка.Збратимените езерски градови Охрид, Струга и Поградец и годинава заедно го одбележаа „Денот на езерото“. Овој пат, градоначалникот Рамиз Мерко и градот Струга беа домаќини на манифестацијата. Тој потенцира оти во изминативе 6 години тројцата градоначалници одлично соработувале во повеќе свери кои се во нивни ингеренции.И градоналчалникот на Поградец, Артан Шкамби, е задоволен од одличната комуникација помеѓу колегите од Струга...

Продолжи со читање

Охридското езеро ќе го сруши рекордот од `68 год.

Post Views: 167 Нивото на езерото по вчерашните врнежи порасна и денеска изнесува 17 сантиметри над дозволената кота утврдена со билатералниот договор меѓу Македонија и Албанија.Надлежните не соопштуваат нов официјален податок, така што засега се објавува вчерашното ниво од 17 сантиметри над горната дозволена граница.Сепак , се остава можност, езерото денеска да ја достигне критичкаата точка од 18 сантиметри над горната утврдена кота, со што ќе се изедначи со рекордот од 1968. година.Утринава во Скопје заседава Координативното тело за следење на ситуацијата, по што ќе излезе во јавноста...

Продолжи со читање