Ознака: google
Post Views: 378 Со првиот ден од декември Mozzila објави нова верзија на својот популарен пребарувач со кој во исто време правосилен станува и договорот кои го потпишаа со Yahoo. Имено, засега не секаде туку само на подрачјето на Северна Америка, сите кои ќе инсталираат Mozzila Firefox 34 или ќе направат надоградба на последната верзија, ќе добијат порака дали сакаат отсега наместо Google да го користат Yahoo како зададен пребарувачки сервис. На оние на кои Google им е сеуште најдобар секако дека ќе можат д го задржат како “дифолтен”. Ова е секако само почеток кои со тек на време...
Google додаде нова опција за проверка на активностите
Post Views: 278 Google неодамна додаде нова можност која им овозможува на крајните корисници да ги проверат активностите на своите google профили. Со други зборови, главната поента е можноста корисникот да може да провери кои уреди се пријавувале на нивните сметки, и исто така можат да ја проверат нивната активност, што може да биде од голема важност за вашите податоци. За да се избегнат несакани ситуации, а сите знаеме што се случува кога некој ќе има достапност до вашиот профил, односно ако воочите некаква сомнителна активност на вашиот кориснички профил секако е препорачливо...
Нов производ на Google кој ќе помогне на многумина
Post Views: 257 Најновиот производ на Google се чини е многу едноставен за компанија која рзвива автомобил кој се вози самостојно, но би можел да го смени животот на многу луѓе на едноставен начин, пишува Metro. Станува збор за лажица која помага при тресење на рацете, односно на лицата кои се борат со болести како што е Перкинсоновата болест. За развојот е заслужна компанијата Lift Labs која ја купи Google во септември за необјавена сума на пари. Помагалото користи стотици алгоритми за да може да реагира на раката која се тресе, а потоа се прилагодува за да може лицето кое ја...
Google на удар на европските регулаторни тела
Post Views: 255 Европскиот парламент не е задоволен со големата доминација на Google на пазарот на пребарувачи и ќе побара одвојување на пребарувачот од другите сервиси на компанијата. Овие информации се објавени на Fiancial Times,а пренесува Cnet, чии новинари го контактирале портпаролот на Европскиот парламент, но од оваа институција сеуште никој не им одговорил, но одговор нема ниту од Google иако наводно биле бесни поради ова. David Balto, адвокат специјализиран за случаеви со монополи, коментирајќи го ова барање на европскиот парламент рекол дека не може да се сети на некој...
Новитети кои ги носи Android 5.0 Lollipop
Post Views: 272 Google кон средината на октомври официјално ја најави Android 5.0 Lollipop, нова верзија на најпопуларната мобилна платформа на светот, која наскоро би требало да се појави на паметните телефони. По овој повод Business Insider истакна неколку новини кои доаѓаат со новиот Android. Издвојуваме седум функции кои се во склоп на Lollipop. Повеќе кориснички профили – Со новиот Android ќе биде возможно да се креираат повеќе кориснички профили на мобилниот телефон или таблетот. Со други зборови, ако го делите уредот со членовите од фамилијата, секој ќе може да креира свој...
Каква иднина ни готват во тајната лабараторија на Google?
Post Views: 245 Замислете како би изгледало ако вашиот фрижидер може да се поврзе на интернет и самиот да ги нарача продуктите што се потрошиле. Или пак замислете ја вашата чинија што се поврзува на интернет и на друштвените мрежи објавува што имате за ручек. И сè тоа додека вие седите дома во пижами, а вашиот робот оди на работа во фирмата.Тоа се само дел од соништата што се разгледуваат во Google X, тајната лабораторија во која интернет гигантот се обидува да реализира 100 луди идеи, пишува New York Times.Иако повеќето се само концепти, и воопшто не се блиску до остварување...
Google Bookmark Manager е достапен за превземање
Post Views: 291 Додатокот на Chrome пребарувачот е достапен за превземање и инсталација, иако од компанијата сеуште официјално не е објавено дека ова решение е и официјално новиот систем за управување со вашите web фаворити. Порано беше објавено дека додатокот кој ќе ги организира вашите омилени страници ќе биде подигнат на повисоко ниво, дури и во јавноста беше и бета верзијата која тогаш се нарекуваше Stars, а сега се чини, дека пристигна конечната верзија на новиот Google Bookmark Manager. Новиот управувач со фаворитите носи навистина сосем поинаков пристап, но прашањето е...
Google воведува претплата за гледање на видео-записите на YuoTube?
Post Views: 273 Говорејќи за статистиката на најпопуларниот видео сервис на светот, директорката на Google, Susan Wojcicki, рекла дека денес околу половина од посетите на YouTube доаѓаат од мобилни уреди. Тоа е зголемување во однос на минатиот период кога од компанијата напоменале дека уделот од мобилните уреди изнесува 40%. Освен за бројот на посетители на овој сервис, Wojcicki рекла дека во нивната компанија размислуваат и за начинот на наплата за гледање на содржините на YouTube како алтернатива за прикажување на огласите при гледање на видеата, што е моментално главен извор...
Директорот на Google го обори рекордот на Felix Baumgartner
Post Views: 270 Alan Eustace, еден од главните извршни директори на Google во потполна тајност скокнал од работ на вселената и го обори рекордот на Felix Baumgartner поставен пред две години, пишува британскиот Telegraph. 57-годишниот Eustace скокнал од 41.842 метри, а својата небеска авантура ја започнал од напуштениот аеродром во Њу Мексико. Откако му требале 2 часа да се искачи на висина од 41.000 метри, се спуштал кон Земјата со брзина од 1.287 километри на час во слободен пад кој траел 4,5 минути. За разлика од Baumgartner, Eustace сам го финансирал проектот, а се...
Фаблетот на Google е конкурент на iPhone 6 и Note 4
Post Views: 255 Последните неколку години фаблетите станаа популарни мобилни уреди – иако овие хибриди помеѓу смартфон и таблет со екран од 5,5 инчи за многумина се преголеми, за нив има голема побарувачка, а некои аналитичари сметаат дека токму фаблетите ќе ја намалат продажбата на помалите телефони. Овој тренд го почна Samsung со својот модел Galaxy Note, а поради големата нивна продажба, го натераа Apple оваа година да претстави фаблет со екран од 5,5 инчи. И покрај проблемот со виткањето, некои информации говорат дека iPhone 6 Plus има голема продажба, а првата рецензија...
Македонски знамиња виртуелно се веат пред парламентот во Атина
Post Views: 332 Доколку на електронскиот атлас google earth сакате да се прошетате до грчката престолнина, на плоштадот Синтагма ќе ве изненадат 9 македонски знамиња.Хакерот со прекар Јови, најверојатно ги презел од центарот на Скопје, односно од пред владата на Република Македонија, бидејќи нивниот број, но и положбата се идентични.Целата ситуација станува интересна со фактот дека од google ги одобриле знамињата и покрај тоа што реално пред грчкиот парламент нема такви јарболи.Објектите кои сакате да ги вметнете треба да постојат во реалноста и тие треба да бидат подобри од...
Еве колку барања за отстранување прифатил Google до сега
Post Views: 257 Откако во февруари оваа година е усвоен европскиот закон наречен “right to be forgotten” во кој секој од нас има право да побара неговите податоци да се отстранат од резултатите на пребарување, Google објави колку точно линкови отстранил. Точниот број е 170.706 линкови (URL), што отприлика е 42% од вкупниот број на барања кои се поднесени до Google. Од почеток беше јасно дека компанијата нема да удоволи на секое барање, што е нормална постапка, бидејќи ако се удоволува на секое барање без добра причина тогаш би се уништила целокупната структура на Google и би...