Skip to main content

Ознака: izbori

23 партии во трка на парламентарните избори во Грција

Post Views: 101 На парламентарните избори во Грција, кои ќе се одржат на 4 октомври, ќе учествуваат 23 партии, објави денеска весникот „Та неа“.Пет од 28 партии, кои поднеле молба за учество на изборите, не добиле одобрение од судот, бидејќи не ги исполнувале условите поставени од изборното законодавство. Станува збор за партиите „Еколози Грција“, „Политичка чистка“, „Брза демократија на дело“, „Иднина за Грците“, „Слуги на грчкиот народ“, „Нова грчка демократија“ и „Каде си, Пападопуле – Партија на грчките странци – Тероризирајте ги терористите“.Во изборната трка остануваат...

Продолжи со читање

Парламентарните избори во Албанија не ги исполнија стандардите

Post Views: 103 Парламентарните избори што во Албанија се одржаа кон крајот на јуни, имаа прогрес, но не ги исполнија највисоките стандарди.Ова е оценката на набљудувачката мисија на ОБСЕ, објавена во завршниот извештај за изборите во Албанија.Прогрес е забележан во однос на евидентирање на гласачкото тело, процесот на идентификација на избирачите, законската регулатива и денот на гласањето.Но сепак забележана е и политизација на изборниот процес, блокирање на броењето на гласовите во неколку изборни зони и слично.Во извештајот се наведува и дека не се евидентирани манипулации со...

Продолжи со читање

Парламентарни избори во Норвешка

Post Views: 113 Парламентарни избори денеска се одржуваат во Норвешка, каде што според анкетите многу блиску се владејачката лева коалиција и групата од четири опозициски партии на десницата.Според истражувањата на јавното мислење исклучително тесна ќе биде трката меѓу двата блока – левата коалиција – лабуристите на премиерот Јенс Столтенберг, Социјалистичката лева партија и Партијата на центарот и групата од четири опозициони партии предводени од анти имигрантската Партија на напредокот.Ниту една влада не е избрана за втор мандат во Норвешка од 1996 година, кога државата...

Продолжи со читање

Предвремени избори во Грција

Post Views: 119 Грчкиот премиер Костас Караманлис денеска од шефот на државата Каролос Папуљас се очекува да побара распуштање на парламентот, откако синоќа најави предвремени избори.Одлуката за распишување предвремени парламентарни избори, Караманлис ја образложи со тоа дека на државата и треба нов мандат за да излезе од економската криза.Грчкиот премиер не објави датум за предвремените избиори, кои можат да се одржат еден месец по објавувањето.Според некои најави, изборите би требало да се одржат на 4 октомври.Четиригодишниот мандат на владата на Караманлис во нормални услови би...

Продолжи со читање

Локални избори и референдум во Италија

Post Views: 104 Италијанците и денеска излегуваат на избирачките места за да гласаат на референдум за изборниот закон, и на вториот круг локални избори, на кои левицата се надева на подобар резултат отколку во првиот круг.Одзивот на двете гласања, кои почнаа вчера, најверојатно ќе биде слаб, бидејќи изборите се одржуваат по скандалот во кој е вмешан премиерот Силвио Берлускони, и зголемена незаинтересираност на бирачите за политиката.Гласачките места ќе бидат затворени попладне.Првиот круг од делумните локални избори, кои се одржуваат во повеќе од половината општини и покраини, беше...

Продолжи со читање

Партиите на десниот центар победија на изборите на ЕП

Post Views: 102 Партиите на десниот центар убедливо победија на изборите за Европскиот парламент(ЕП) пред социјалистите и либералите, покажуваат првичните резултати по соопштени синоќа во Брисел.Европската народна партија(ЕНП), група што ги обединува демохристијаните и народните партии, би требала според новите проценки објавени нешто пред полноќ да има меѓу 267 и 271 од вкупно 736 пратеници во ЕП. Во претходниот состав ЕНП имаше 288 од 785 пратеници.Овој резултат е дотолку добар бидејќи е остварен без британските конзервативци, кои ја напуштија оваа група, а во која во претходниот...

Продолжи со читање

Изборите за Европскиот парламент продолжуваат денеска во шест земји

Post Views: 104 Четиридневните избори за нов состав на Европскиот парламент денеска продолжуваат во Ирска и Чешка, каде се гласаше и вчера, како и во Летонија, Кипар, Малта и Словачка.На првиот ден од изборите, во четвртокот, на избирачките места излегоа граѓаните на Велика Британија и Холандија.Повеќе од 375 милиони граѓани со право на глас во сите 27 земји членки на Унијата, заклучно со утре ќе го избираат новиот состав на ЕП, кој брои вкупно 736 пратеници.Претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо упати преку медиумите повик до Европејците да излезат на гласање. Статистиката...

Продолжи со читање

Почнуваат изборите за Европски парламент

Post Views: 90 Граѓаните на Велика Британија и Холандија денеска ќе излезат на гласање за да ги изберат своите пратеници за Европскиот парламент (ЕП), со што почнува четиридневниот изборен процес за една од најважните институции во ЕУ. Повеќе од 375 милиони граѓани со право на глас во сите 27 земји членки на Унијата, заклучно со недела, 7 јуни, ќе го избираат новиот состав на ЕП, кој брои вкупно 736 пратеници.Претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо упати преку медиумите повик до Европејците да излезат на гласање. Статистиката покажува намалување на интересот кон изборите...

Продолжи со читање

Претседателски избори во Германија

Post Views: 96 Главен фаворит е актуелниот претседател Хорст Келер, кој е член на владејачката Христијанско демократска унија (ЦДУ) на германскиот канцелар Ангела Меркел, со чија работа во изминатите пет години, според анкетите, се задоволни мнозинството Германци.Главен противкандидат на Келер е Гезине Шван од редовите на вториот партнер на владината коалиција, Социјалдемократската партија на Германија (СПД). Шван, која е претседател на Европскиот универзитет во градот Франкфурт на Одра и пред пет години му беше противкандидат на Келер. Аналитичарите проценуваат дека иако Келер е...

Продолжи со читање

Националистите победија во северен Кипар

Post Views: 91 Парламентарните избори во Турската република Северен Кипар донесоа значителна победа за десничарската партија Национална унија, која претпочита поблиски врски со Турција наместо членство во Европската унија.Партијата доби 44% од гласовите а Републиканската партија на лидерот Мехмет Али Талат остана на 29%.Лидерот на Националната унија Дервиш Ероглу рече дека ќе бара меѓунродно признавање на отцепениот дел.Турција е единствена земја која го признава Северен Кипар. Дописникот на БиБиСи од Кипар вели дека исходот ја одразува нервозата од бавниот напредок во разговорите...

Продолжи со читање

Парламентарни избори во Индија

Post Views: 83 Во Индија денеска почна првата фаза од парламентарните избори, што се одвиваат во пет фази и ќе траат до 13 мај.Во 124 изборни региони во 15 сојузни држави и две територии од северниот и источниот дел на Индија ќе гласаат 714 милиони луѓе за 543 пратеници. Фаворите на изборите се владејачката коалиција Обединет прогресивен сојуз (УПА)предводена од Конгресната партија и Националниот демократски сојуз и коалицијата предводена од хиндуистичката националистичка Барати џаната партија. Доколку една од овие две коалиции не формира влада, постои можност на власт да дојде сојузот...

Продолжи со читање

Започнаа претседателските избори во Словачка

Post Views: 109 Повеќе од четири милиони граѓаните на Словачка денеска ќе гласааат за еден од седумте кандидати за иден шеф на државата во првиот круг од третите претседателски избори од осамостојувањето на земјата. Доколку во првиот круг од гласањето не биде избран претседател, вториот круг најверојатно ќе се одржи на 4 април.Според последните резултати од Одборот за истражување на јавното мнение, најголеми шанси за победа на изборите има актиелниот претседател Иван Гашпарович, кој според овие проценки би освоил околу 52,6 отсто од гласовите на избирачите. Зад него се наоѓа опозицискиот...

Продолжи со читање