Skip to main content

Ознака: izbori

ВМРО- НП верува во победа на претстојните локални избори

Post Views: 150 ВМРО- Народна партија денес и официјално го промовира кандидатот за градоначалник со кој влегува во трката за градоначалничката фотелја на претстојните локални избори.„Со д- р Томе Гиноски како кандидат се надеваме на сигурна победа“ , рече претседателот на општинскиот комитет, Ванчо Костоски и додаде: „ Станува збор за сериозен човек, чесен, признат во својата професија“.Како што рече Гиноски во своето обраќање до јавноста, ќе се фокусира на две основни теми од градското живеење. Тоа се: подобар живот и социјална благосостојба на своите сограѓани. Од ВМРО- НП велат...

Продолжи со читање

Алекснадар Петрески кандидат од редовите на СДСМ за локалните избори

Post Views: 342 И официјално- општинската СДСМ на претстојните локални избори ќе настапи со актуелниот градоначалник Александар Петрески. Ова беше утврдено на вчерашната изборна конференција на партијата. Објавена е и листата на советници.Општинската организација на СДСМ ја објави листата на на кандидати за членови на совет.Носител на листата е Бранислав Трпчески, актуелен директор на МЈП ПРоаква, воедно и координатор на советничката група на СДСМ и на 5- та изборна единица.На вчера одржаната изборна конференција на партијата, листата на советници била усвоена со мнозинство гласови...

Продолжи со читање

СДСМ од Охрид ги прави финалните подготовки

Post Views: 182 Од СДСМ ги финализираат подготовките пред претстојните локални избори.Како што ТВМ дознава, денес во Централата на СДСМ се одвиваа завршните разговори со потенцијалните кандидати за градоначалник на општина Охрид: актуелниот градоначалник Александар Петрески, претседателот на советот Владо Чингоски, екс шефот на кабинетот на градоначалникот Томислав Чингоски и директорот на МЈП ПРоаква, Бранко Трпчески.  {loadposition content9}

Продолжи со читање

Зоран Заев денес во Охрид

Post Views: 338 Сдсм активно се подготвува за наредните локални избори. Нејзиниот претседател не сакаше да открие имиња на можни кандидати за идниот охридски градоначалник, но рече дека се работи за квалитетни личности со богата политичка позадина. Сдсм ја започнаа предизборната кампања. Денес претседателот на оваа партија, Зоран Заев беше во посета на Охрид каде истакна дека претстојните локални и претседателски избори се од исклучителна важност за партијата, но и за самата држава.Заев потенцираше дека Сдсм ќе понуди квалитетни кандидати за градоначалник не само во Охрид туку и низ...

Продолжи со читање

Предвремени избори, повторно ли?

Post Views: 126 Сиромаштијата и невработеноста, во прв план на партијата обединети за Македонија. Поединецот да биде во центарот на вниманието а не политичарот смета проф. по политички науки Нано Ружин, додека пак првиот човек на РМ претседателот Ѓорѓе Иванов вели секој си има право на свои желби. Лидерот на обединети за Македонија Љубе Бошковски се погласен во најавите дека во земјава треба да има предвремени избори. Бошкоски, многу обвинувања, факти и аргументи наведе во своите изјавите кои неодамна ги даде за нашиот медиум. Пред се тој кажа дека ова е време кога се надминати македонските...

Продолжи со читање

Во Струга сеуште се бира градоначалник

Post Views: 153 Билбордите поставени за време на локалните избори, сеуште не се отстранети. Кандидатите за градоначалник на Струга, можат да се видат насекаде по градот. Ограноците на струшките политичките партии по завршувањето на изборите заборавија на нивната обврска да ги отстранат плакатите од билбордите.Вообичаено, многу малку од партиите во градот сериозно го прифатија договорот на кој се обврзаја дека по завршувањето на изборите сами ќе ги отстранат политичките плакати. Комуналните инспектори при општина Струга велат дека овој проблем е вообичаен кога се одржуваат избори.„За...

Продолжи со читање

За ПЕИ мирни, но не и фер избори

Post Views: 160 По бројните забелешки за нерегуларности, очекуваат дека во овој регион ќе се поништи гласањето. Реагираа на многу неправилности при гласачкиот процес. Велат дека биле вршени многу нерегуларности и тоа во избирачките места каде доминира албанското население. Повеќе групи оделе по избирачките места и гласале во име на други лица, полнеле кутии – но на поинаков начин од претходните избори, тврдат од ПЕИ. Од оваа партија веќе се поднесени приговори до ОИК, за вкупно 26 избирачки места кои носат 3 илјади гласови. Најавија дека забелешките ќе ги достават и до Државната...

Продолжи со читање

Фијат Цаноски реагира на изборните прекршувања

Post Views: 212 Кандидатот за градоначалник од ПЕИ, Фијат Цаноски реагира на изборните прекршувања од страна на противничките партии. Обвини дека партиите од куќа во куќа нуделе пари за да купат гласови од граѓаните. Се оделе до таа крајност злоупотребувајќи ја верата.Партијата за Европска иднина реагира на неправилностите кои се правеле за време на изборната кампања,  од страна на другите партии. Кандидатот за градоначалик од оваа партија вели дека деновиве интензивно се прават манипулации и се шират различни дезинформации со еднинстевна цел, да му се наштети токму него како кокнурент...

Продолжи со читање