Skip to main content

Ознака: nov

Нов инцидент на авио-линијата Амстердам-Детроит

Post Views: 94 Еден патник од авионски лет Амстердам-Детроит на авионската компанија Нортвест ерлајнз, бил уапсен вчера на аеродромот во Детроит, два дена откако на ист лет беше уапсен Нигериец поради обид за активирање експлозивна направа во авион. Екипажот на летот 353 побарал помош по слетувањето во Детроит поради проблеми со патник кој го попречувал летот, јавија американски медиуми. Патникот бил уапсен, а кај него не била пронајдена никаква експлозивна направа. Авионот се наоѓа на оддалечена локалција на аеродромот заради дополнителни проверки.Американскиот претседател Барак...

Продолжи со читање

Прв тренажен лет на новиот авион „Дримлајнер“

Post Views: 132 Американскиот производител на авиони „Боинг“ го изврши успешно првиот тренажен лет на новиот авион Боинг 787 „Дримлајнер“.Тестот беше спроведен во северозападната држава Вашингтон со задоцнување од над две години по првично утврдениот датум. Главни причини за одложувањето се – распрснувањето на производството на стотина места и неочекуваното поскапување материјали.Новиот авион се приземји по три часа лет. Првично беше предвидено Боинг 787 „Дримлајнер“ да остане во воздухот пет часа и половина, но тестот беше скратен поради поројниот дожд, кој се засили и ја намали...

Продолжи со читање

Tрет смртен случај во Србија од новиот грип

Post Views: 175 Потврдено е дека жена од Чуприја починала по компликации предизвикани од вирусот Х1Н1, јави синоќа српската државна телевизија.Досега во Србија се регистрирани вкупно 204 заболени од грипот.Српскиот министер за здравство Томица Милосављевиќ изјави дека во најлошо сценарио, од новиот грип може да заболат една четвртина од вкупното население.Милосављевиќ нагласи дека е важно вакцинирањето да почне што поскоро и оти ќе бидат обезбедени 915,000 дози за приоритетните категории лица.Српскиот министер за здравство изрази очекување дека Институтот Торлак од Белград кон половината...

Продолжи со читање

Уште еден самоубиствен напад во Пакистан

Post Views: 128 Најмалку 24 лица загинаа во понеделник во самоубиствен напад извршен во внатрешноста на хотел во Ривалпинди, град во близина на пакистанската престолнина Исламабад.„Самоубиецот на мотоцикл го активирал експлозивот во близина на група луѓе, кои чекале во ред исплата на плати. Пронајдовме остатоци од елекот на кој бил прикачен експлозивот, како и делови од телото на самоубиецот“, соопшти портпаролот на полицијата.„Дваесет и четири лица загинаа во експлозијата, а други 24 се ранети“, додаде истиот извор.Нападот бил извршен во хотелот Шалимар, во близина на касарната на...

Продолжи со читање

Нов момент во односите на двете Кореи

Post Views: 141 Северна Кореја побара одржување на самит со Јужна Кореја, што би бил уште еден чекор во настојувањата на Пјонгјанг да се отвори кон светот, соопштено е во Сеул.Сиромашната Северна Кореја тешко е погодена од санкциите, што Обединетите нации и ги воведоа во мај поради извршените нуклеарни тестови, а дополнителни проблеми предизвикаа обилните дождови, поради кои се намалени земјоделските приноси.Пјонгјанг во последните месеци покажа повеќе гестови на добра волја кон традиционалните непријатели Соединетите Американски Држави и Јужна Кореја.{loadposition content9}

Продолжи со читање

Нов земјотрес го погоди јужниот дел на Тихиот Океан

Post Views: 96 Земјотрес со интензитет од 6,4 степени според Рихтеровата скала ги погоди денеска островите Санта Круз во јужниот дел на Тихиот Океан.Како што соопшти американскиот Геофизички институт, епицентарот на потресот бил на 315 километри северозападно од  Лиганвил, град на островот Еспирито Санто, кој е во составот на пацифичката држава Вануату, на длабочина од 9,4 километри под површината на океанското дно.Засега нема информации за евентуални жртви и материјалкни штети, а не е објавена ниту опасност од можна појава на цунами.Денешниот потрес следува по вчерашната серија од...

Продолжи со читање

Оли Рен предложен за нов мандат

Post Views: 103 Финската Влада денеска соопшти дека го номинира Оли Рен за нов мандат како претставник на земјата во следниот состав на Европската комисија, пренесоа американските медиуми.Рен е европски комисар за проширување од 2004 година .Тој ја зазема функцијата во момент кога јавната поддршка во Унијата за прием на нови земји членки се намалува, забележуваат медиумите. Финската Влада денеска јасно порача дека сака Рен да добие позиција со поголема тежина во новиот состав на Европската комисија, евентуално за економија или за надворешни односи.Жозе Мануел Баросо, кој беше реизбран...

Продолжи со читање

Ирина Бокова, нов генерален секретар на УНЕСКО

Post Views: 96 По пет круга на гласање вчеравечер во седиштето на УНЕСКО во Париз, Ирина Бокова е избрана за нов генерален секретар на организацијата. Вториот главен претендент за оваа функција беше египетскиот министер за култура Фарук Хосни. Од јуни 2005 години па досега ја извршуваше функцијата бугарски амбасадор во Франција, постојан претставник на УНЕСКО, како и претставник на претседателот во Меѓународната организација на франкофонијата. Во периодот од ноември 1996 до февруари 1997 година е на функцијата бугарски министер за надворешни работи.Непосредно пред последниот круг...

Продолжи со читање

Избран новиот јапонски премиер Јукио Хатојама

Post Views: 98 Јапонскиот парламент денеска го изгласа долгогодишниот опозициски лидер Јукио Хатојама за премиер, со што заврши повече од 50-годишното владеење на конзервативната Либерално-демократска партија.Левоцентристичката Демократска партија на Хатојама на минатомесечните парламентарни избори освои 308 оф вкупно 480 пратенички места во Долниот дом.Хатојама истакна сека е свесен дека пред него е одговорноста за промена на историјата. Тој во предизборната кампања вети заживување на економијата и промена на основниот политички систем.Влада на поранешниот премиер Таро Асо утрово...

Продолжи со читање

Нов земјотрес со магнитуда од 6,7 степени ја потресе Јапонија

Post Views: 111 Земјотрес со магнитуда од 6,7 степени според Рихтер утринава ја потресе Јапонија и беше почувствуван во Токио, каде зградите се разнишаа, соопштија светските агенции. Засега не се соопштуваат податоци за жртви и материјални штети. Епицентарот на потресот е на длабочина од 40 километри под дното на океанот и на 320 километри југоисточно од јапонската престолнина, во реонот на островот Хатиџе, каде во средновековието биле испраќани затворниците. Ова е третиот силен земјотрес во последните четири дена, регистриран во оваа зона на Тихиот океан, недалеку од јапонските брегови....

Продолжи со читање

Русија со нов антиракетен штит

Post Views: 129 Русија развива нов ракетен систем, со кој ќе може да ја брани земјата од оружје од вселената, кое Вашингтон сака да го развие.„Градиме нов состав кој нема да биде подобар само од антиракетниот, туку и од вселенскиот“, изјави командантот на руското воено воздухопловство, Александар Зелин.Тој потенцираше дека развојот на проектилот S-500, е приоритет на руското воено воздухопловство, бидејќи според него, САД, до 2030 година ќе располагаат со вселенски проектили, кои ќе може да ја гаѓаат руската територија.„Заканата не е виртуелна, туку реална“, истакна Зелин, потенцирајќи...

Продолжи со читање

Новиот тип на вирус станува резистентен на „Тамифлу“

Post Views: 141 Случаи на резистентност кон антивирусниот лек „Тамифлу“, кој се користи против новиот вирус на грипот А (Х1Н1), се регистрирани во близина на границата меѓу САД и Мексико, соопшти Американската здравствена организација.– Утврдивме случаи на отпор кон „Тамифлу“ во близина на границата. Набљудувавме неколку случаи во Ел Пасо и во близина на Макалн во Тексас, изјави на прес-конференција Марија Тереза Серкеира, претставник на организацијата.Таа потврди дека луѓето често ја минувале границата во двата правца и дека самоиницијативно го земале лекот, без препорака од...

Продолжи со читање