Skip to main content

Ознака: nov

Можен е нов оружен конфликт на Блискиот Исток

Post Views: 235 Можен е нов оружен конфликт на Блискиот Исток, изјави израелскиот министер за одбрана Ехуд Барак во интервју за еден московскиот весник.„Сакам да ги смирам оние кои се сомневаат во нашите сили – Израел е најмоќната држава на Блискиот Исток“, додаде Барак.Тој истакна дека целта на секоја израелска Влада е да спречи нова војна.„Доколку се случи тоа ќе треба да победуваме брзо, со тоа што ќе дејствуваме на територијата на противникот“, смета израелскиот министер за одбрана.На прашањето за следниот конфликт во регионот, тој објасни дека Иран е предизвик за целата...

Продолжи со читање

Барак Обама нов претседател на САД

Post Views: 145 Според се уште нецелосните изборни резултати, Обама досега освои 338 делегати во Изборниот колеџ или 68 повеќе од потребните 270 за да биде избран за претседател. Главниот противкандидат на Обама, републиканецот Џон Меккејн освои 156 делегати. Обама победи во главниот град Вашингтон, во Калифорнија, Њујорк, Пенсилванија, Охајо, Колорадо, Флорида, Вирџинија и во државите околу големите езера, долж тихоокеанскиот брег и североисточните делови на САД, додека Меккејн пак ја однесе победата во Тексас, Џорџија и во државите од американскиот југ и среден запад.Американските...

Продолжи со читање

Пуштен во употреба одделот Б при детското оддление во ЈЗУ Oпшта болница Охрид

Post Views: 210 Отворен новиот дел на одделението за педијатрија при ЈЗУ Општа болница – Охрид. Одделот Б како што го нарекоа целосно е наменет за создавање подобри сместувачки и здрваствени услови во лекувањето на најмладите пацинти. „Идејата за проширување на одделението со искористување на слободен простор во делот т. н тераса со површина од 220 метри квадратни, се роди пред две и пол години од страна на стручнот тим на Р.Е Педијатрија. Нашата желба брзо беше прифатена од раководниот тим на општата болница, а за нејзина комплетна реализација се погрижи Ротари клубот од Охрид“,...

Продолжи со читање

EVN ќе не „дере“ на нов начин

Post Views: 142 ЕVN најде начин како под лупа да ја стави потрошувачката на електрична енергија. Воведе нов систем за отчитување, обработка и наплата на потрошената струја. Поради негова успешна интеграција, на почетокот на месец април граѓаните ќе добијат две сметки за потрошена електрична енергија.ЕВН Македонија од први мај годинава на македонските граѓани ќе им ги празни џебовите преку новиот систем за отчитување, обработка и наплата на потрошена електрична енергија. Охриѓани со свое мислење околу најновиот потег на ЕВН.На почетокот на месец април граѓаните ќе добијат две сметки...

Продолжи со читање

Отворен нов супермаркет од брендот Макси Д

Post Views: 177 Лоциран е на просторот кај старата автобуска станица. Новина ќе биде тоа што во новоотворениот објект има одели за свежо овошје и зеленчук.Супер маркетот Макси Д со нов деловен простор. На 5000 метри квадратни може да најдете над 10 000 производи како во делот на прехрамбените така и во делот на непрехрамбените произбоди.  Новина ќе биде тоа што во новоотворениот објект има палета и на свежо овошје и зеленчук.Инаку ова е втор маркет на Макси Де во Охрид. Во Македонија пак има вкупно 17 маркети кои се познати под брендот СП маркет и Макси Де.{loadposition content9}

Продолжи со читање

Нови ветрови во општинската ВМРО-ДПМНЕ

Post Views: 108 Копјата се кршеа помеѓу традицијата и новите партиски сили. Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ, конечно доби свој челник. Атанаско Михаилов, актуелниот директор на ЗЗЗ е човекот кој во наредните години ќе се обиде да му донесе победа на ВМРО ДПМНЕ и на локално ниво.Сценариото за избор на претседател на Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ  што ТВМ го пласираше пред извесен период, синоќа стана реалност. Прв човек  стана личност со партиско искуство, но сериозен играч беше и личност од новите партиски сили. Атанаско Михаилов е новиот претседател на општинската ВМРО. Вака...

Продолжи со читање

Планот за превенција од новиот грип, направи сопка

Post Views: 118 Вакцинација на здравствените работници од утре и во Охрид. Планот за спречување на пандемија од овој вирус ги заостри односите на релација Завод за здравствена заштита и локалната од Охрид.Од утре започнува вакцинацијата на дел од вработените во јавното здравство. Првата донација од 5000 вакцини, која пристигна од Турција ургентно ќе биде употребена за вакцинирање на здравствениот персонал кој е прв на удар за контаткт со вирусот.Распоредот по кој ќе оди вакцинирањето е: тимовите за вакцинација, персоналот во центрите за јавно здравје кој ќе работи на вакцинации, потоа...

Продолжи со читање

Билјанини извори добија нов лик

Post Views: 123 Мислењата поделени. Според едни, новиот изглед привлечен за туристите, според други – изгубена автентичноста на изворите. Но дали корисникот во сите зафати постапува законски? Имено, од пролетта превземени се низа активности, со што ова култно место доби нов изглед. Дел од граѓаните задоволни, но има и такви, кои секојдневно го посетуваат овој локалитет, и се пожалија на узурпацијата на поголемиот дел од тревнатата површина. Бараат од надлежните реално да согледаат што се случува на оваа локација. ТВМ дознава дека на овој локалитет ингеренциите се поделени. Ресторанскиот...

Продолжи со читање

Нов локалитет

Post Views: 112 Денес при изведба на градежни работи во делот каде што се пробива улицата Димитар Влахов, за излез на улицата Даме Груев, пронајдени се археолошки остатоци.Директорката на Завод и Музеј Охрид, Тања Бунташеска Паскали рече дека е рано да се даваат изјави во врска со најновото откритие, бидејќи археолозите сеуште работат на истражување.{loadposition content9}

Продолжи со читање

Плоштадот ќе добие нов лик…повторно

Post Views: 94 Од локалната самоуправа најавуваат враќање на стариот камен на делот кај споменикот на Св Климент. „Овие трошоци во моментов не се потребни, зошто да се плаќа по втор пат кога еднаш веќе се платило“, реагираат граѓаните.  Ќе се видоизменува плоштадот кај споменикот на Св. Климент. Градоначалникот Александар Петрески најавува дека на овој дел ќе се врати стариот камен, автентичен за охридската чаршија, но и ќе се направат влезови кон плоштадот од повеќе страни.„Промената на каменот во чаршијата е сериозна  инвестиција која локaлната самоуправа многу ја чинеше. Ова што...

Продолжи со читање

Крај и нов почеток за 370 матуранти

Post Views: 103 370 матуранти 2008/2009 од општинското средно училиште  Св. Климент Охридски  го прославија збогувањето со средното образование. Од името на генерацијата 2008 /2009 до присутните се обрати ученичката Емилија Велеска. „Ние Климентовите матуранти од генерацијата 2008 /2009 сме по многу нешта посебни, спротивни, но и исти. Ние сме симфонија, одзвук светлозрачен , мост од исконата до иднината, ние сме буч кој надоаѓа преполн со сила и знаење, моќ и љубов“ рече во своето обраќање Велеска.До завршените средношколци честитки упатија  градоначалникот Петрески и директорот...

Продолжи со читање

Во Охрид ќе никне нов споменик

Post Views: 118 Мора да го има Св. Наум во централното градско подрачје, велат иницијаторите на проектот – охридските пратеници. „Св. Климент и Св. Наум треба да се еден до друг. Ако го додадеме фактот дека во близина се нивните учители Светите Кирил и Методи, тогаш имаме целина“, велат охридските пратеници Александар Николовски и Цветко Грозданов. Тие денеска јавно ја изнесоа идејата и нивна заложба, во централното градско подрачје, наспроти рибниот ресторан, да се постави спомен одбележје на Св. Наум Охридски чудотворец. „За оваа иницијатива размислувавме многу долг период,...

Продолжи со читање