Skip to main content

Ознака: ohridski

Бум во знаење на охридските ученици

Post Views: 140 Ана Корженска, ученичка во 2 година во СОУ „Св Климент Охридски“, е една од 54-те наградени  ученици за освоени места  на републички и меѓународни натпревари. Таа е меѓу прваците од различни области, и ја освои 1-та награда на репуличкиот натпревар по Македонски јазик.  Корженска вели многу се подготвувавме со професорката Марија Мујоска, наградата ја очекувавме и горди сме што во најубаво светло го претставивме градот и нашата гимназија.Професорите и раководниот кадар се горди на успехот што го постигнаа нивните ученици под нивно менторство.  Меѓу основните, средни...

Продолжи со читање

Oхридските Власи сакаат да формираат фолклорна група

Post Views: 270 Негувањето на влашкиот мелос и формирањето на влашка фолклорна група е голема желба на Дона Лабро, најдобриот познавач и кореограф на влашката музика и игра. Подршка во остварување на оваа намера имаат од Здружението на Власи „Луњина“. Целта им е заживување на поранешното играорно друштво. По преземените активности се пријавиле 15 – тина деца, кои за жал не продолжиле поактивно да ги изучуваат влашките игри и песни вели Лабро, иако им биле понудени просторни можности. Инаку кореаграфот Дона Лабро се присетува на ентузијазмот и љубовта со која членовите настапувале...

Продолжи со читање

Проширување на гробиштата

Post Views: 131 Со овој зафат  Охрид ќе нема проблем за гробни парцели во тековнава година. Трајното  решение се очекува по пат на експропријацијата на остатокот од земјиштето.Од Охридски Комуналец велат дека со новиот пристап на работа, повеќе нема да има неуредени гробни парцели, и дека граѓаните повеќе нема да газат во кал. „Најпрво ќе се нивелира овој простор, ќе се израмни, а потоа ќе започнеме со уредување на тој дел.Просторот ќе се поплочи со бекатон плочки и хортикултурно ќе се уреди“, вели в.д. директорот на ЈП.Просторот кој сега се уредува, во прво време имаше друга намена....

Продолжи со читање

Охридски музички надежи

Post Views: 262 Наградените ученици од музичкото училиште Методи Патчев на прием кај градоначалникот Петрески. Ангел Дулевски е еден од 15 –те ученици од музичкото училиште Методи Патчев, кои освоија награди на државниот  и двата меѓународни натпревари, а кои денес имаа средба со градоначалникот Петрески. Дулевски го изучува инструментот кларинет во класата на професор, Трајче Теменуговски. На државниот натпревар во Скопје освоил прва награда по солфеж и 3 по кларинет. Кажува дека никој од неговите не свири на музучки инструмент. Негов бил изборот д а го изучува кларинетот  затоа...

Продолжи со читање

Да заживеат охридските базени

Post Views: 224 „Од базените кај Билјанини извори ќе направие пријатно катче за младите мајки, но и место каде ќе тренираат идните Охридски надежи“, рече кандидат за Грдоначалник Ацо Попоски. Кандидатот за градоначалник од НСДП, Ацо Попоски денес новинарите ги повика кај базенот Билјанини Избори. Целта беше да погледнеме во каква состојба е овој комплекс во моментов. „Сакам да видите како овие 10 години надлежните се грижеја за една ваква содржина за младите но и за постарите“, рече кандидатот за градоначалник од НСДП.„Ако го погледнете овој базен, ќе видите дека тој повеќе од 10...

Продолжи со читање

Подигање на авторитетот на охридскиот совет

Post Views: 110 Оценка за првата декада од изборната кампања даде Веле Митаноски, носител  на советничката листа од СДУ. При тоа, Митаноски  констатира, кампањата исфрли на површина непознаници за градоначалничката функција. Поединци нудат се и сешто па се добива впечаток како Алиса во земјата на чудата, вели Митаноски. Непријатно изненадување според  Митаноски е претседателската кампања  и ниското ниво на политичка реторика за најпрестижната државна функција. Позитивно ја  отценува досега кампањата на локално ниво.Претседателот на ОО на СДУ, Марко Спасески потенцира дека  приоритет...

Продолжи со читање

Бројни капитални проекти ќе реализира охридскиот Завод и музеј

Post Views: 210 Во 2009 година, Националната установа Завод и музеј- Охрид влегува со амбициозни планови. Пари за нивна реализација има. Директорот, Тања Паскали- Бунташеска, вели дека е повеќе од задоволна со финансиските средства кои Владата ги издвоила за оваа намена. „Сите проектите за кои аплициравме до Министерството за култура се прифатени. За работењето на Завод и музеј за 2009 Владата има издвоено над 40 милиони денари“, вели Бунташеска.Годинава ќе се реализираат неколку капитални проекти. Реконструкцијата на куќата на Уранија е само еден од нив.  „Завршена е првата фаза...

Продолжи со читање

Претставена монграфија за училиштето „Св.Климент Охридски“

Post Views: 183 Во основното училиште Св„Климент Охридски“ беше промовирана монографијата на училиштето. Училиштето може со гордост да се пофали дека е едно од ретките со историја од 110 години, прво училиште кое воведува паралелки за ученици со посебни потреби и прво училиште кое издава своја монографија. Во монографијата на училиштето „Св.Климент Охридски“, минатото, сегашноста и иднината се претворени во зборови.Со мал исклучок за периодот од 1898г до 1914г, период во кој недостасуваат архивите на училиштето, претставен е наставниот кадар, учениците и постигнувањата на училиштето....

Продолжи со читање

Одбележан патронатот во основното училиште „Свети Наум Охридски“

Post Views: 348 По повод патрониот празник,  вчера се презентираа дел од остварувањата на училиштето за изминатата година и плановите за наредната.Главниот настан покрај патронатот на училиштето и приредбата на учениците беше свеченото пуштање на парното греење во основното училиште. Промените кои се случуваат во образованието вклучуваат високи стандарди, употреба на современа информатичка технологија и изучување на странски јазик уште од најмала возраст. Со цел реализирање на овие стандарди   ОУ“Свети Наум Охридски“ е вклучено во најновиот петгодишен проект финанасиран од УСАИД и...

Продолжи со читање

О.У Св. Климент Охридски ја одбележа 110 годишнината од изградбата и основањето

Post Views: 292 Со свечена академија, вечерва во Центарот за култура, О.У Св. Климент Охридски ја одбележа 110 годишнината од изградбата и основањето на ова училиште.Присутните имаа можност преку краток филм да се потсетат на самите почетоци- времето кога било основано училиштето, сместено во старата зграда изградена според тогашната модерна француска архитектура. Во 1980 год. дејноста на училиштето преминла во новата зграда изградена во непосредна близина на стариот објект. За своите спомени од работните денови изминати во школото Св. Климент Охридски зборуваа некогашните директори....

Продолжи со читање

Демир Далип, охридскиот Обама

Post Views: 163 Кога може афроамериканец да стане претседател на САД зошто да не можам јас да бидам прв човек на градов, вака Далип ја најавува својата кандидатура за градоначалник.Демир Далип, независен кандидат за градоначалник на Охрид. Тој вели дека според уставот на државава секој кој е државјанин на Р. Македонија и се наоѓа на избирачкиот список има право да се кандидира. „Кога може афроамериканец да стане претседател на САД зошто да не можам јас да бидам прв човек на градов“, објаснува Далип земајќи го за пример претседателот на САД, Барак Обама. Зад него очекува да застанат...

Продолжи со читање

Неонацистичките пораки скои вчера осамнаа на основното училиште „Свети Климент Охридски“ денес се отстранети

Post Views: 250 Раководството на училиштето и родителите чии деца посетуваат настава во ОУ Св Климент Охридски  интервенираа и ги одстранија   пораките  со неонацистички содржини. Од локалната самоуправа се непријано изненадени од настанот. Велат дека овие проблеми ќе се решат со поставување на чуварска служба.Директорката на училиштето Славица Илиќ е згрозена од неонацистичките пораки. Графити се испишувале и порано на ѕидовите и дворот на училиштето,  но  првпат се случува тие да имаат заканувачка содржина.Инаки напори за безбедноста на учениците се направени пред три години со...

Продолжи со читање