Skip to main content

Ознака: ohridski

Училиштето Св. Климент Охридски ги прати европските трендови

Post Views: 294 Од нареднава недела во училиштето Св. КЛимент Охридски се воведува едносменска настава. Овој начин на работа е на задоволство на учениците и родителите.Основното училиште Св. Климент Охридски воведува едносменска настава. Од в понеделник учениците ќе одат на училиште само претпладне. „Оваа идеја е одамна, вели директорката Славица Илиќ, но чекавме да се создадат услови за нејзина реализација. Во тоа ни помогна и локалната самоуправа, објаснува таа а придобивките од ваквиот начин на работа ќе бидат многукратни. Со едносменската настава во голема мера ќе се намалат проблемите...

Продолжи со читање

Охридските угостители ги воведуваат ХАСАП стандардите

Post Views: 347  Охридските угостители забрзано ги воведуваат ХАСАП стандардите во своето работење. Сметаат дека со ваквиот начин на самоконтрола во работењето, конечно ќе се стави крај на безредието во произведувањето и продавање храна. „ Повеќе нема да може кој каде сака да продава плескавици, а при тоа да нема каде да ги измие рацете“, коментира Љупчо Блажевски сопственикот на хотел Сончева порта.Преку воведувањето на ХАСАП системот ќе се обезбеди поголема заштита на гостите, но и ние ќе се обезбедиме од евентуални грешки и пропусти, велат угостителите.Поголемиот број угостителски...

Продолжи со читање

Охридските ротаријанци продолжуваат со своите хумани дела

Post Views: 124 Продолжуваат хуманите дела на Ротари клубовите. Викендов во Охрид престојуваше првиот човек на Ротари клубот од Анкара, Турција кој најави збратимување со охридскиот клуб. Горан Балески , Претседател на Ротари клуб- Охрид најавува голема донација која на многу охриѓани ќе им го подобри животот. Сепак, вели: рано е да откриеме за што точно станува збор. На нашите средби постојано разменуваме  нови идеи со чија реализација веруваме дека ќе им помогнеме на луѓето на кои помошта им е најпотребна, велат ротаријанците. Ротари клубот од Турција, во рамките на својата посета...

Продолжи со читање

Пратеникот Цветко Грозданов со нови обвинувања до охридскиот градоначалник

Post Views: 126  Тој реагира дека поради неговата несериозност, Охрид ќе остане без двете фудбалски игралишта за чија изградба владата пред две години даде пари. Грозданов бара под итно Петрески да даде дозвола за градба за игралиштето во Лескоец.154.000 евра наменети за изградба на двете фудбалски игралишта ќе пропаднат доколку градоначалникот Александар Петрески и понатаму продолжи да се однесува несериозно и инфантилно, обвинува пратеникот Цветко Грозданов. Тој објаснува дека веќе две години не можат да започнат градежните работи во Лескоец на просторот кој е предвиден за...

Продолжи со читање

Се подготвува посебен закон за заштита на охридскиот регион

Post Views: 137 Министерството за животна средина и просторно планирање изготви нацрт Закон за заштита на културното наследство во Охрид и охридско. За шест месеци тој би требало да се најде пред парламентарците кои ќе одлучат дали ќе биде усвоен или не.Охридскиот регион ќе се штити со посебен закон. Министерството за животна средина и просторно планирање изготви нацрт Закон за заштита на културното наследство во Охрид и охридско. Дејан Паноски, државниот советник за води вели дека не било потребно многу време за негово изготвување бидејќи тимот кој работел на оваа нацрт верзија има...

Продолжи со читање

Чичко Стефан – охридскиот поштар е добредојден во секој дом

Post Views: 312 Веќе 33 години неуморно ја носи поштата во секоја куќа. Според него, поарно се работеше во старите добри времиња, кога сите со нетрпение го очекуваа чичко поштар.И да врне и да вее и бура да коси поштар пошта носи… Ова е дел од познатата детска песна но и дел од секојдневието на чичко Стефан – охридскиот поштар.  Оваа работа тој ја врши веќе 33 години. За себе вели дека сеуште си ја сака професијата како на самиот почеток кога се вработил. Преку неа стекнал големи  искуства, и пред се нови познанства. Како што вели, го познаваат од најмало до најстаро....

Продолжи со читање

Рача ги разбранува советниците на Охрид

Post Views: 149 Донесувањето на ДУП за дел од урбана заедница 16„Рача“ Урбан Блок 16.2 опфат 1 денес ги разбранува охридските советници. 57-та седница на Советот на општина Охрид поради оваа точка два часа неможеше да започне бидејќи не беше усвоен дневниот ред. Пратеничката група на Н.П. бараше таа да биде симната од дневен ред со објаснување, дека урбанистичките планови треба да се носат глобално, а не парцијално. Некои граѓани се фаворизирани за разлика од некои други кои со години наназад не можат да добијат локација, рече советникот Томе Гиноски.Од Секторот за урбанизам потенцираа...

Продолжи со читање

Охридски Комуналец започнува со акцијата „Препознатливо чист“

Post Views: 180 На први октомври, ЈП „Охридски Комуналец“  ќе започне  кампања насловена како „Препознатливо чист“, за успешно спроведување на законот за јавна чистота во Охрид.Во првата фаза граѓаните ќе добијат со сметката за ѓубре,  промотивен материјал. Во флаерите ќе бидат наведени обврските како граѓаните да се однесуваат со отпадот и шутот. Од ЈП „Охридски Комуналец“ нагласуваат дека е потребно од Секторот за урбанизам конечно да ги  дефинираат местата во чаршијата каде да  се постават корпите за отпад и отпушоци, „за да не се случува како во минатиов период, комуналците да...

Продолжи со читање

Вистински културни емисари од нашиов град!

Post Views: 121 О.У. „Св. Климент Охридски“ Охрид се вклучи во проектот ( Културата без граници) чии носител е  училиште од Виена , Австрија, а  финансиски е подржан од Министерството за просвета на Виена.По тој повод делегацијата на училиштето составена од директорот на училиштето Славица Илиќ и наставникот по англиски јазик проф. Марина Шокева престојуваше во Виена од 22. 09. 2008 до 26. 09. 2008. Покрај училиштето домаќин од Виена  и ОУ „св. Климент Охридски“ Охрид, во овој проект засега се вклучени по едно училиште од Република Србија и Република Црна Гора. Планирано е проектот...

Продолжи со читање

Возобновен фестивалот Охридски староградски средби

Post Views: 227 Се возобнови фестивалот на староградска песна. На сцената на Центарот за култура , по пауза од повеќе од 15 години, ќе се одржи вечер посветена на староградскиот мелос. Ќе настапат ансамбли од градов и земјава.„Годинава фестивалот ќе биде една вечер. Ќе има богата програма, ќе настапат ансамбли кои ја негуваат староградската песна. Од охридските ансамбли ќе настапат возобновената пејачка група Ахрида и Езерски вез“, вели Боцевска.   Охридските староградски средби датираат од 1975 година, но фестивалот згаснал на почетокот на девеесеттите. Годинава се возобновува од...

Продолжи со читање

На охридскиот пазар плаќаш за десет килограми , а добиваш осум

Post Views: 125 Продавачите на зеленчук на охридскиот пазар стоката ја мерат на небаждарени ваги, се жалат купувачите. Особено сега кога е сезона на зимници и зеленчук се купува на големо, купувачите плаќаат многу повеќе, а добиваат многу помалку. Некои од продавачите зеленчукот го мерат и на ваги стари повеќе од десет години.Пазарниот државен инспекторат синоќа изврши 40 контроли на охридскиот пазар, со цел да се види коку се почитува Законот за трговија, Законот за метрологија и за заштита на потрошувачите.Ѓорѓи Бошалев, началникот на пазарната  инспекција вели дека при контролата...

Продолжи со читање

Tрадиционално „Охридски атлетски маратон“

Post Views: 120 Денот на независноста на Република Македонија, во Охрид ќе биде одбележан и со еден спортски настан.Продолжува 24годишната традиција на Охридскиот атлетски маратон. Продолжува традицијата на Охридскиот маратон. По 24ти пат атлетичарите ќе трчаат в долж крајбрежјето на охридското езеро, со многу нагорнини и надолнини. По изјавите на досегашните учесници, оваа патека важи за една од најтешките. „Од година во година охридскиот маратон станува се поатрактивен за натпреварувачите, па нивниот број постојано се зголемува. Минатата год. имавме рекордни 100 учесници“, вели...

Продолжи со читање