Skip to main content

Ознака: sovet

Советот за безбедност одобри разместување на ЕУЛЕКС

Post Views: 173 Советот за безбедност(СБ) при Обединетите нации (ОН) даде зелено светло за разместување на мисијата на Европската унија (ЕУ) ЕУЛЕКС на Косово, во рамки на постоечкиот мандат на ОН.         Србија и Косово, иако со негодувања, сепак се согласија со разместување на мисијата.          Во документот на СБ кој едногласно го прифатија сите 15 членки, се поздравува  извештајот на генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун за мисијата УНМИК и намерата на Белград и Приштина да „соработуваат со меѓународната заедница“.       Мисијата на ЕУ требаше да биде разместена на Косово откако...

Продолжи со читање

Избрани новите непостојани членки во Советот за безбедност на ОН

Post Views: 129 Избрани се петте нови непостојани држави членки на Советот за безбедност на Обединетите нации за периодот 2009-2010 година.За единственото место предвидено за азиска држава е избрана Јапонија, која освои 158 гласови, а конкурентот Иран 32, соопшти вечерва претседателот на Генералното собрание на ОН Мигел Декото. Во групата на Европа за непостојани членки се избрани Австрија и Турција, а Исланд беше елиминиран. Од групата на Латинска Америка и Африка, беа избрани единствените кандидати Мексико и Уганда.

Продолжи со читање

Успешен пазар

Post Views: 116 На Охрид му се случи урбан масакр. Вака денес обвини првиот човек на ВМРО – ДПМНЕ Атанаско Михаилов. Тој вели дека пред се реагира заради притисок од јавноста, која според него е вџашена од изгласувањето на 42-те урбанистички решенија, кои неодамна поминаа на тајната седница на Советот на општина Охрид. Михаилов вели дека „Тука работите се јасни како ден. Се работи за класичен пазар на интереси на поединци“.Михаилов вели дека сега е момент да се размислува за успешен туризам. Но, наместо тоа, до израз доѓаат празните ветувања на градоначалникот и неговите соработници,...

Продолжи со читање

Советниците побараа одговор на прашања кои ги мачат граѓаните

Post Views: 96 Денешната 19-та седница на општинскиот совет беше резервирана за бројни советнички прашања. Во името на граѓаните советниците побараа одговор на 30-тина актуелни прашања. Она што денес, сепак предизвика интерес кај новинарите и кај дел од советниците од опозиција беше изгласувањето на деталната урбанистичка документација. Наместо за нив да се расправа на 18-тата седница која се одржа минатата недела, тие беа повлечени од дневен ред за утрово да бидат изгласани без присуство на јавноста. Советникот од Вмро Дпмне, Дејан Паноски упати прашање до градоначалникот зошто се...

Продолжи со читање

На 18 седница се дискутираше за актуелни прашања

Post Views: 97 Советот  на град Охрид ја одржа 18 седница. По усвојувањето на записникот од претходната седница на иницијатива на градоначалникот беа повлечени сите точки од дневниот ред кои се однесуваа на урбанистичките планови, поради тоа што истите и покрај тоа што биле изработени во сите фази, сеуште не го добиле потребниот потпис од министерството за транспорт и врски. Советниците посебно внимание посветија на предлог одлуката за надополнување и разрешување на членови од управниот одбор на ЈП Охридски Комуналец, како и  Предлог одлука за давање согласност на Ценовникот на услуги ...

Продолжи со читање

Позицијата и опозицијата тешко постигнуваат консензус

Post Views: 161 Во текот на едногодишното функционирање на градскиот совет, охридските советници  изгласале 330 точки, поставени на дневен ред, на 19 седници, од кои една била од свечен карактер, а  друга итна.  Позицијата и опозицијата во општинскиот совет имаат различни гледишта за досегашното работење на советот. Едните тврдат дека работат во интерес на граѓаните, додека другите го негираат тоа.  Претседателот на советот, Душко Јаковчески од редовите на СДСМ вели, советниците колку и да се трудат да работат во интерес на граѓаните, зад нив стојат политичките партии, меѓу кои постои...

Продолжи со читање

Општинските избраници со конзенсуз само по две точки

Post Views: 99 Охридските советници денес ја довршија својата работа завршувајќи ја 17 –та седница. Вториот дел од минатонеделната маратонска седница овој пат помина брзо. За скоро еден час, општинскиот Совет ги усвои преостанатите 40 предлог-одлуки кои останаа на дневниот ред од 17-тата седница.Со 13 гласови  од мнозинството беа изгласани сите одлуки од  урбанизмот  и разрешени и  именувани членови на УО во основните и средните училишта, како  и УО на Детската градинка „Јасна Ристеска“, додека опозицијата со 9 гласови се изјасни против одлуките. Консензус постигнаа за двете последни...

Продолжи со читање

Зграда како аптека

Post Views: 131 Зградата 104 која се наоѓа на булеварот Туристичка има двор на кој може секој да му позавиди. Се тоа резултат на залагањето и трудот на професорот во пензија Левко Радески. Од неодамна за потребите на станарите од оваа зграда функционира и управна канцеларија.Зграда чиста и уредена како аптека. Двор на кој може да му позавиди било која куќа во нашиов град. Станарите од сите три влеза од зградата која се наоѓа на булеварот „Туристичка“ уживаат во благодетите од нивните средени дворови, но најзаслужен за ваквата нивна состојба е пензионираниот префесор Левко Радески....

Продолжи со читање

Како се трошат народните пари

Post Views: 111 Ова прашање отвори жестока дебата на денешната седница на Советот на општина Охрид. Секако, градоначалникот Петрески имаше свои аргументи како да се оправда пред советниците, но на тоa не му поверува советничката група на ВМРО – ДПМНЕ.Голема прашина се крена на самиот почеток на 17-тата седница на Советот на општина Охрид. Толерантните академски 15 минути доцнење беа пролонгирани за околу еден час. Претседателот на Советот, Душко Јаковчески даде кратко објаснување дека седницата доцни од технички причини. Но ако по утрото се познава денот, тоа се докажа и на оваа седница....

Продолжи со читање

Конструктивна седница на советот

Post Views: 135 Советниците дискутираа за штетите кои ги претрпеа Охриѓани поради високиот водостој на езерото. По подолги препирки едногласно беа изгласани 18 заклучоци за заштита на Охридското езеро. Советниците ја усвоија и можноста за изградба на спортско игралиште во урбаната заедница Билјанини извори.Штетите предизвикани поради високиот водостој на езерото пред советниците. Тие денес расправаа за кризата која се случуваше поради зголеменото езерско ниво, а воедно дискитираа и за предлог заклучоците или активностите што треба да ги направат локалната и централната власт. Најголемиот...

Продолжи со читање

Советот на општина Охрид денеска ја одржа редовната 16-та седница

Post Views: 99 Советот на општината денеска ја одржа редовната 16-та седница на која преовладуваа предлог-Одлуките од извештаен карактер. По низа препирки и расправии се усвои извештајот за остварувањето на општинскиот Буџет во 2009. „Впечатливо за  буџет во 2009 год  е дека проекцијата на истиот е  и оптовареноста со економската криза која ја почувствува и општина Охрид. Намеснските дотации се реализирани во целот, истакна советникот од ВМРО ДПМНЕ Дејан Паноски. „Немаме квалитетен исчекор во однос на инвестиции. не се сомневам дека и за 2010 год. ќе пристапиме кон ребланс“, истана...

Продолжи со читање

Седницата на советот, жртва на меѓупартиската „комуникација“

Post Views: 93 Денешната петнаесетта седница на Советот на општина Охрид, бојкотирана од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Советникот на ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Паноски, изјави дека причина за бојкотот е тоа што официјалната веб страна на општината е злоупотребена во политички цели, како и за изнесување на најниски навреди против личности, се со цел, нивна деградација. Тој додаде дека овој вид на комуникација претставува срам за Охрид, а советничката група на ВМРО ДПНЕ мора да реагира соодветно. Советниците на ВМРО бараат извинување за последните два текстови и нивно повлекување од општинската...

Продолжи со читање