Skip to main content

Ознака: sovet

Седницата во знак на „Проаква“ и локалната урбанистичка документација

Post Views: 99 Иако  оваа седница требаше да помине во знакот на урбанизмот и донесување локалната урбанистичка планска документација за одделни градежни парцели, поинтересни за пратениците беа точките од дневниот ред поврзани со МЈП „Проаква“. Најмногу врева крена одлуката за давање согласност на одлуката за кредитно задолжување на „Проаква“. Ништо помалку интересна не беше ни Предлог одлуката за предавање на водоводната мрежа  од МЗ Вапила и Ливоишта на „Проаква“. Оваа точка секако, започна со споредбата со ситуацијата во Лескоец и обвинувања до првиот човек на „Проаква“.Директорот...

Продолжи со читање

12-та седница на совет, утре

Post Views: 90 Советниците во Новата година – желни за работа. 12 тата седница претседателот на советот ја свика за утре, на втор ден Божик.Ако денот се познава по утрото, тогаш ова треба да е показател дека годинава советот активно ќе работи.Прва седница во Новата година. Претседателот на Советот на општината Душко Јаковчески ја свика дванаесеттата седница на Советот за 8.јануари 2010 година (петок) со почеток во 11 часот. На предложениот дневен ред за оваа седница се наогаат предлог-одлуките од урбанистичката сфера кои беа повлечени од 11-та седница заради преобемниот дневен...

Продолжи со читање

Фијаско на 49-тата седница

Post Views: 167 Последната седница на Советот на општина Охрид беше огледало на целокупната работа на овој состав на совет. Таа повеќе наликуваше на пародија, отколку на средба на луѓе на кои охриѓани им ја дадоа својата доверба.Фијаско на 49-тата седница на Советотот на општина Охрид. Уште еднаш политичките претензии ставени пред значително поприоритетните прашања, од кои зависи иднината на Охрид. Имено, пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ, поради како што рекоа загриженост за граѓаните кои настрадаа во вчерашните поплави, дадоа предлог да ја напуштат седницата и да ги посетат оштетените...

Продолжи со читање

Комуналец, јаболко на раздорот

Post Views: 155 Деловните простории кои ги продава ЈП Охридски Комуналец повторно ги скара советниците.Додека едните сметаат дека дуќаните мора да се отуѓат, други велат претпријатие што работи рентабилно, несмее да си дозволи да продава.   Предлог одлуката за давање согласност на одлуката за утврдување на условите врз кои ќе се спроведе отуѓување на деловните простории на ЈП Охридски Комуналец, помина кај градските избраници. Мнозинството во советот  за оваа точка даде зелено светло, за разлика од советниците на ВМРО ДПМНЕ кои уште еднаш ги истакнаа причините поради кои ќе гласаат...

Продолжи со читање

МЈП „Проаква“ актуелна на седницата на Советот на општина

Post Views: 122 МЈП „Проаква“ актуелна на десеттата седница на Советот на општина Охрид. Од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ му порачаа на менаџерскиот тим на претпријатието да обрне поголемо внимание на ефикасноста во работата, но тоа да не биде на сметка на вработените.Ова како заклучок било  донесено уште на 25.06 годинава, со што  градоначалниците на Охрид и Струга биле задолжени во рок од 8 дена да формираат комисија со  по 1 член од Советите на општина Охрид и Струга , 2 претставници од МЈП „Проаква“ и 2 претставници од општинската администрацијаПоостро настапи советничката...

Продолжи со читање

Советниците и по деветти пат брзи

Post Views: 115 На деветтата седница на советот на Општина Охрид, наместо предвидените 19 точки од дневниот ред, се сработија само 7. Денешната деветта седница на совет на Општина Охрид помина речиси експресно. Со мали измени на дневниот ред и неколку предлог одлуки, советниците за речиси неполн час, завршија со работа. Од предвидените 19 точки за днешниот дневен ред, по предлог на претседателот на совет Душко Јаковчевски, кој беше со мнозинство прифатен, поминаа само 7 точки. Дополнително беше поднесено барање од страна на советникот Јоне Станкоски од пратеничката група на ВМРО...

Продолжи со читање

Железничка улица или ќорсокак?

Post Views: 130 Советниците љубопитни, кога ќе завршат градежните активности на „Железничка“. Градоначалникот појасни дека постојат објективни причини поради кои не е завршен овој проект. Петрески се надева дека до почетокот на следната туристичка сезона Булеварот ќе биде готов.Советниците покажаа интерес за интензинтетот на градежните работи на Железничка. На осмата седница на чиј дневен ред имаше советнички прашања, интерес за интензитот околу градежните работи на булеварот, покажа советникот Владо Цветкоски.Булеварот „Железничка“ ќе биде завршен следната година најави, градоначалникот...

Продолжи со читање

Долги паузи и недосработени обврски

Post Views: 96 Долги паузи и недосработени обврски, е епилогот на денешната шаста седница на советот.  Крајот сепак наликуваше на детска недоверлива игра. Советниците изгласуваа, па негираа одредени точки од дневниот ред. Работата на секторот за локален економски развој, по кој знае кој пат ги скара советниците. Со задоцнување од 1 час, кое веќе на совентиците им минува во навика, ја продолжија шестата седница на советот на Општина Охрид. Истата помина во релаксирана атмосвера, во која повеќе имаше паузи, отколку работа. Делокругот на работа на оваа седница се сведе на препукување...

Продолжи со читање

Комеморативна седница на советот на Општина Охрид

Post Views: 109 Советот на Општина Охрид денеска одржа вонредна седница на која со едноминутно молчење им беше оддадена почит на жртвите во бродската несреќа што во саботата се случи на Охридското Езеро. Во име на советот претседателот Душко Јаковчески изрази длабока жалост за изгубените животи, а свое обраќање имаа и градоначалникот на Охрид Александар Петрески и конзулот на Република Бугарија во Македонија, Наум Кајчев.Првиот човек на градот истакна дека со ништо не можат да се надоместат загубените животи, но изрази уверување дека несреќата ќе ги зближи граѓаните на Македонија...

Продолжи со читање

Седницата започна со час и половина доцнење

Post Views: 117 Со кратки дискусии од страна на претседаталите на одредени работни дискусии, беа прифатени сите 10точки предвидени со дневниот ред.Со невообичаено доцнење од час и половина започна петтата седница на советот на Општина Охрид. Долготрајната дебата помеѓу Градоначалникот и граѓаните од 15тата урбана единица, беше причина поради која советниците почнаа со работа со толкаво доцнење. Граѓаните од овој дел на градот засегнати од состојбата која им се наметнува со дадениот плански опфат, не отстапуваа од барањето истата да биде изземена како точка на дневен ред. Барањето...

Продолжи со читање

Многу предлог-одлуки и вкрстени дискусии

Post Views: 99 Најмногу внимание кај советниците привлекоа точките околу буџетите. Буџетот на единицата на Локална самоуправа-Охрид ги скара советниците, по што групата на ВМРО ДПМНЕ ја напушти седницата.Советот на Општина Охрид ја одржа четвртата седница. Многу точки, а малку сработано. Од најавените 17 од дневниот ред, уште на почетокот две беа изземени, а додадени две нови. Приоритет им се даде на предлозите на советникот ТомиславТунтев и градоначалникот Александар Петрески. Првата се однесуваше на издавањето под концесија на Сараште, а втората беше предлог-одлука за одобрување...

Продолжи со читање

Охрид конечно доби туристички совет

Post Views: 161 Во Охрид се формира  туристички совет во кој има преставници од Хотам, Атам, туристички водичи, угостители и сите останати чинители на туризмот. Целта на овој совет е обединување на туристичките работници во едно тело за да ги  решат натрупаните проблеми во  сите сегменти од туризмот на локално ниво вели Зоран Стрезоски директор на  Агенцијата за промоција на туризмот. Големиот број проблеми ,натрупани со години нанзад ги седна на иста маса  преставниците од сите туристички сегменти. Обединети ќе бараат начин за решавање на проблемите кои со години се провлекуваат...

Продолжи со читање