Skip to main content

Ознака: sovet

Прва работна седница на советот на општината

Post Views: 103 Денеска советот на општина Охрид ја одржа третата седница, на која се расправаше по обемен дневен ред од 25 предлог одлуки. На седницата се отворија жестоки расправии за именување членови на надзорните и управните одбори на Јавните претпријатија, каде доминираа политичките препукувања. Советникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Борис Стефановски, како крајно неприфатливи ги оцена моменталните случувања со назначувањето на членовите на надзорните и управните одбори во ЈП. Тој истакна дека со вклучување на членови од победничката листа, би се подобрила состојбата во советот...

Продолжи со читање

Утре прва работна седница на новиот совет на општина Охрид

Post Views: 560 25 те точки на дневен ред поделени се во неколку групи. Мнозинството е веќе оформено, се очекуваат издржани и конструктивни седници во интерес на граѓаните.Новиот совет на општина Охрид конечно ќе се фати за работа. Председателот на советот Душко Јаковчески, во работата и дискусиите на советниците очекува конструктивност без разлика на тоа кој од која советничка група доаѓа. „Работа во интерес на граѓаните и град Охрид, мора да преовладува во престојниот четиригодишен мандат, изјави председателот „Нема повеќе шпекулации околу мнозинството на Охридскиот совет. тоа е...

Продолжи со читање

Додека се координираат, им помина мандатот!

Post Views: 105 Советот на град Охрид конечно се состана. Претседавач, нити се предложи, нити се избра. Долгоочекуваната седница ќе се запамети по паузите, а не по сработеното.По конститутивната седница одржана на 15 април,  на советниците им требаа скоро два месеци за повторно да се седнат во советничките клупи. Од Денешниот работен ден Советниците, повеќе време поминаа во фоајето, отколку на своите работни места.  На дневен ред имаше само една точка Избор на претседавач на советот, и истата се одложи. Немаше  предлози за претседавач, и покрај тоа што и ВМРО И СДСМ до вчера најавуваа...

Продолжи со читање

Tермин за одржување на прва седница на советот сеуште нема

Post Views: 201 Советникот Борис Стефаноски, од Вмро Дпмне иако најави дека нивната советничка група ќе свика седница доколку тоа не го направи претседавачот до крајот на неделава, не кажа конкретен термин. Стефаноски, кажа дека денес бил закажан  состанок од страна на советникот на грдаоначалникот на кој ќе се формираа  Комисиите, а очекувал да се утврди и датум за седницата. Но, тој  непријатно се изненадил затоа што состанокот не се одржал. Стефаноски смета  дека на овој начин намерно се одолговлекува датумот за одржување на седницата. Од друга страна, советникот на градоначалникот...

Продолжи со читање

И по еден месец од конститутивната седница, најава за нова нема

Post Views: 99 Носењето на голем број значајни одлуки за доброто на Охрид ќе причекаат. Кога ќе заседаваат советниците и понатаму останува неизвесно. Актуелниот Претседавач на советот, Драган Пандески, се уште не закажал седница на совет.     За ТВМ Пандески, најави дека седница ќе има, но не откри кога. Ниту ги отфрли, ниту потврди информациите дека основна причина поради која седница се уште не е закажана, се пазарењата околу формирањето на мнозинство во советот. Неофицијално, Пандески чека да завршат преговорите помеѓу советничките групи, за да ја закаже наредната седница. Имено,...

Продолжи со читање

Конститутивна седница на новиот состав на Советот

Post Views: 273 Денеска им беа верифицирани мандатите на 23-та советници, кои се заколнаа дека во следниве четири години ќе се борат за интересите на граѓаните на Охрид.„Убеден сум дека овој состав на Советот ќе работи поуспешно од претходниот, од причина што имаме две групации. Затоа мислам дека при донесување на одлуки ќе има добра позиција и добра опзиција“, рече советникот од ВМРО ДПМНЕ Борче Стефаноски.Советникот од ВМРО НП Јоне Станкоски, покрај тоа што на советниците им посака успешна работа, даде и свој коментар за шпекулациите дека на членови од оваа партија и се ветени директорски...

Продолжи со читање

Македонско-црногорскиот деловен совет

Post Views: 102 Учесниците дискутираат за можностите за унапредување на меѓусебата економска соработка, како и за влијанијата на актуелната светска економска криза врз националните економии на двете земји. Покрај претседателите на стопанските комори на двете земји на денешната работна средба учествуваат и по десет стопанственици односно раководители на поголеми стопански субјекти од Македонија и Црна Гора. „Воглавно сме врзани за инфраструктурното поврзување преку Албанија, кој се користи како нов коридор кој е интересен и за стопанствениците и за туристите, рече претседателот на...

Продолжи со читање

Познати се имињата на советниците во градскиот совет

Post Views: 249 Познат составот на охридските советници кои во мандат од  четири години ќе ја кројат иднината на градот. Најмногу советнички места освои ВМРО ДПМНЕ и тоа 9 , следува  СДСМ со 7 советници. Во советничките клупи ќе седнат  и по двајца советници од  ВМРО НП и  НСДП. Во составот на советот влегоа и двајца независни кандидати од советничкат листа на Владо Цветкоски. Од партијата на ПЕИ добија едно советничко место. Во наредниот период од ВМРО ДПМНЕ во советот ќе бидат следните советници:Борис Стефаноски дип. машински инженер,  Паско Кузман, археолог, Каролина Буџакоска...

Продолжи со читање

Туризмот и контролната функција на советот во општината

Post Views: 128 Туризмот и контролната функција на советот во општината, главна тема на завршниот прес на носителот на советничката листа со реден број 13 Владо Цветкоски.  „Советот на општината, својот придонес во развојот на туризмот треба да го даде преку риенвестирање на туристичката такса во маркетиншко промотивни активности поврзани со туризмот“. Истакна на денешниот завршен прес носителот на листата со реден бр 13 Владо Цветкоски.  Од оваа советничка група ќе настојуваат развојните планови и инвестициони активности да бидат во функција на развојот на туризмот.„Во Охрид туризмот...

Продолжи со читање

Каков совет за Охрид- трибина на СДУ

Post Views: 110 На Македонија и нудиме здрава и модерна политичка опција, рече претседателот на Социјал- демократската унија. Да се излезе од црно- белиот свет- уште еднаш порачаа членовите од Социјал- демократската унија кои присуствуваа на вчерашната трибина насловена: Каков совет за општина Охрид. Како партија, на Македонија и нудиме здрава и модерна политичка опција, рече претседателот Лазар Еленовски кој дојде да им пружи подршка на членовите од советничката листа на СДУ.Носителот на Листата на советници од СДУ, Веле Митаноски, потенцира дека ќе се залагаат за измена на Законот...

Продолжи со читање

Подигање на авторитетот на охридскиот совет

Post Views: 113 Оценка за првата декада од изборната кампања даде Веле Митаноски, носител  на советничката листа од СДУ. При тоа, Митаноски  констатира, кампањата исфрли на површина непознаници за градоначалничката функција. Поединци нудат се и сешто па се добива впечаток како Алиса во земјата на чудата, вели Митаноски. Непријатно изненадување според  Митаноски е претседателската кампања  и ниското ниво на политичка реторика за најпрестижната државна функција. Позитивно ја  отценува досега кампањата на локално ниво.Претседателот на ОО на СДУ, Марко Спасески потенцира дека  приоритет...

Продолжи со читање

Одржана последната седница на советот во овој состав

Post Views: 284 Експресно брзо усвоени точките од дневен ред. Поголемиот број се однесуваа на Извештаите за финансиското работење и годишните сметки на основните и средни училишта.Во опуштена атмосфера и без долги расправи се одржа 64- та, последна седница на општина Охрид, во овој состав.Со мнозинство гласови, советниците ги усвоија:  предлог- одлуката на Годишниот извештај и Завршната сметка на буџетот на општина Охрид за 2008, Извештајот за остварените резултати од работењето на ЈП Комуналец, како и извештаите за финансиското работење и Годишната сметка на основните и средните...

Продолжи со читање