Skip to main content

Ознака: sovet

СДСМ ја започнува трката за градоначалник и за места во советот на град Охрид

Post Views: 190 Со девизата „се за доброто на Охрид“ СДСМ ја започнува трката за градоначалник и за места во советот на град Охрид. Александар Петрески  упати апел до останатите кандидати за фер и демократски избори.Кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ денеска во хотелот Маркони во Св. „Наум“ ја презентираше програмата за претстојните локални избори. „Решавање на инфраструктурните проблеми ќе е наш приоритет, клучот за излез од економската криза е точно во решавањето на ваквите проблеми“ -додаде Петрески. Од друга страна на денешното обраќање носителот на листата за советници...

Продолжи со читање

„Кинески ѕид“ ќе никне и во Охрид

Post Views: 154 Советниците на заминување го донесоа деталниот урбанистички план за охридскиот „Кинески ѕид“.Предлог одлуките за усвојување на четири детални урбанистички планови и една предлог одлука за утврдување на нацрт детален план ја вжештија работната атмосфера во Советот. Најспорни за советниците беа планот за дел од Спортско рекреативниот центар „Билјанини извори“, каде треба да се изградат објекти за домување со хотелиерство и хотели, како и предлог нацрт-планот за стариот дел од градот.  ДУП-от за Спортско рекреативниот центар беше актуелен пред година и половина, кога...

Продолжи со читање

Советот на општина Охрид денес одржа две седници

Post Views: 133 На  59-та седница советниците го верификуваа престанокот на мандатот на советничката Билјана Балазоска поради неспоивост на функцијата советник и вработен во општинската администрација.На 60-тата седница најмногу се расправаше по предлог одлуката за утврдување фискална стратегија и развојни програми на општината за 2009 година. На расправа  се најде извештајот од работата на јавното претпријатие „Охридски комуналец“ за првите шест месеци од годинава, како и  деветмесечниот извештај на  МЈП „Проаква“. Советникот Перо Петрески Калимеро загрижено праша дали Охрид и понатаму...

Продолжи со читање

Советот на Општина Охрид експресно ги носи деталните урбанистички планови

Post Views: 227 Советот на Општина Охрид експресно ги носи деталните урбанистички планови. Само во текот на оваа година  изгласани се дури 42. Бранко Арнаудов, началникот на секторот за урбанизам вели дека тоа е за доброто на граѓаните и за развојот на градот. Од охридската Вмро пак тврдат дека урбанистичките решенија кои во последно време се носат се само на штета на градот и оние кои живеат тука. Тие потенцираат дека во блиска иднина ќе се видат негативностите од истите. Само на последната седница на советот се донесоа Нацрт детални урбанистички планови за пет Урбани заедници. Меѓу...

Продолжи со читање

Се одржа 58-та седница на Советот на Општина Охрид

Post Views: 162 Донесувањето на ДУП за дел од месноста „Бејбунар“ ги раскара охридските советници. И покрај решението од страна на Министерството за транспорт и врски дека Предлог планот за оваа урбана заедница е огласен за ништовен во целост, советниците ја изгласаа оваа точка од дневниот ред.Предлог одлуката за донесување ДУП за урбана заедница 8, урбан блок 8.3 ги разбранува страстите на охридските советници. Ванчо Огненов од ВМРО ДПМНЕ побара оваа точка да се тргне од дневен ред со образложение дека до Министерството за транспорт и врски од страна на Министерството за култура-...

Продолжи со читање

Утре ќе се одржи 58 седница на Советот на Општина Охрид

Post Views: 124 На дневен ред на 58 седница на Советот на Општина Охрид има повеќе точки од урбанизмот. Меѓу другите се најде и точката за утврдување Нацрт ДУП на локацијата позната во јавноста како “Полигон за мали спортови“.Советот на општината на својата седница закажана за утре, меѓу другото ќе расправа по Предлог-одлуката за утврдување Нацрт-ДУП за Урбана Заедница 2, дел од урбан блок 2.2, општина Охрид 2008-2013.Станува збор за утврдување Нацрт – ДУП на локацијата позната во јавноста како “Полигон за мали спортови“ која веќе 6-7 години е во сопственост на ГП “Гранит“....

Продолжи со читање

Кус дневен ред, малку полемика

Post Views: 153 Советниците за помалку од два часа прелетаа преку 12-те точки од дневниот ред. Најмногу дискусија предизвика предлог правилникот за определување локации за поставување сезонска опрема.Со еден збор неинтересно 14-то издание на струшката седница на советот. После куса дебата околу доставување на службениот гласник во пишана форма и дали е тоа потребно или не, дневниот ред на седницата беше збогатен со уште две точки. Доста внимание предизвика дискусијата околу донесување на предлог одлуката за донесување локални урбанистички документации, а посебно изгласувањето на предлог...

Продолжи со читање

Струшкиот совет никако да профункционира

Post Views: 149 Социјалдемократите имаа низа забелешки околку работата на советот, ДПА со доза на резервираност дека позицијата не им верува, а од ПЕИ даваат поддршка на забелешките со обвинување дека координациите на седниците немаат тежина.Изјавата за поделбата на плажите дадена неодамна на првиот човек на струшкиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Славко Котески, причина за дискусија и на 10-тата седница на Советот на општина Струга. Имено, Илија Мацески од СДСМ Струга побара да се дополни дневниот ред со точка, до каде е распределбата на струшките плажи. Тој во интерес на јавноста потенцираше...

Продолжи со читање

Насобрани проблеми пред крајот на годината

Post Views: 145 Заокружена осмата и последна седница за годинава на Советот на општина Струга. Кај струшките советници не се чувствуваше предновогодишно расположение. Наталожени проблеми еден куп. Но оптимизмот надвладеа. Советничката од редовите на ДПА Љуљзиме Зулали, предложи како приоритет да се додаде точка на дневен ред  околу превземањето превенција за поплавите во Струга. Претседателот на Комисијата за урбанизам Ќазим Салковски, не само за оваа точка, туку општо сите иницијативи на советниците предложи да се разгледаат на некоја друга седница.Градоначалникот на општина Струга...

Продолжи со читање

Мерко со уште една одговорна позиција

Post Views: 142 Тој е избран како делегат на Генералниот совет на ДУИ. Мерко скромен и послушен на одредбите на својата опција и лидерот Ахмети.Градоначалникот на Струга Рамиз Мерко како активист на ДУИ се најде меѓу 75 те делегати  во трката од 159 кандидати. Познато е дека на вториот конгрес на Демократската унија за интеграција што се одржа во саботата 19 декември, лидерот Али Ахмети остана на кормилото на оваа политичка опција уште четири години. На Конгресот беа избрани и членовите на Генералниот совет. Мерко задоволен од своето место меѓу делегтите, и потенцира дека  конгресот...

Продолжи со читање

Струшките советници денес се состанаа по 7-ми пат

Post Views: 156 Се расправаше за повеќе предлог одлуки. За поефикасна работа советниците ги побараа  старите лап топ компјутери.Решение за проблемите во МЈП Проаква ќе бара комисијата која ја формира советот на О.Струга. Од неа се очекува да изготви санациона програма за делот на водовод и канализација во јавното претпријатие. Одлуките на управниот одбор на Проаква ќе почекаат,  бидејќи оние на комисијата се поважни, вели советникот од ДПА Сурија Рашити.На денешната Седница на Совет инаку седма по ред, советниците ја одобрија и Предлог-Одлуката за купување на земјиште во трајна сопственост...

Продолжи со читање

Седница со аматерски пропусти

Post Views: 152 На почетокот на седницата од страна на советниците, упатени беа низа забелешки и критики  кон општинската администрација. Правилно толкувани изјави во записник, навремено известување за седниците и состаноците на комисиите, беа дел од забелешките.Со кварталниот извештај за извршување на буџетот на општина Струга за квартал трети 2009 год, како прва точка на дневниот ред отпочна седницата. Oваа точка предизвика бурна реакција кај советниците. Посебно впечатливи беа контрадикторните изјави и ставови на разните политички опции. Тие до детали бараа образложение од градоначалникот...

Продолжи со читање