Skip to main content

Ознака: Struga

Министерот за образование ќе ги решава новонастанатите проблеми во средните училишта во Струга

Post Views: 187 Дел од средношколците во Струга повторно ја бојкотираат наставата. Денес на помош во решавањето на проблемот дојде и Министерот за образование.Министерот за образование, Перо Стојаноски денес ја посети Струга. Целта на неговото доаѓање беше изнаоѓање решение за новонастанатите проблеми во средните училишта „Ибрахим Темо“ и „Нико Нестор“. Имено од пред неколку дена средношколците македонци од овие училишта започнаа  бојкот на наставата, бидејќи како што велат, директорите не ги оствариле ветувањата дадени на крајот од минатата школска година. Учениците македонци бараат...

Продолжи со читање

Струга имаше успешна туристичка сезона

Post Views: 165 Процентуално, за разлика од лани, годинава бројот на посетеност е поголем, според угостителските работници. Тие велат дека ќе се залагаат да привлекуваат гости преку целата година.Годинава за време на туристичката сезона, Струга се покажа како голем домаќин. Преполните сместувачки капацитети, потврдија дека градов имаше успешна туристичка сезона. Струга во текот на изминативе 90-сетина дена беше преполна со туристи. „Овај град која располага со богати културни и историски  вредности, не само што е привлечен за гости од земјава, интересен е и за туристите  надвор од...

Продолжи со читање

Грипот ги заобиколува Охрид и Струга

Post Views: 166 Постојано расте бро­јот на нови случаи заразени со грипот А Х1Н1 во светот и во регионот. И во Македонија се потврдени повеќе случаи на овој  грип, а во Охрид и Струга досега нема откриени случаи  велат од охридскиот Завод Здравствена Заштита од Охрид. Пред нас е пер­и­од кога може да се очекува поголем број заразени лица. Секако дека училиштата се изложени на  најголем ризик од заболување на новиот грип. Учениците велат едуцирани се и знаат како да се заштитат од болеста која го тресе светот.  Од Министерството за здравство им најави дека ќе ги затвараат училиштата...

Продолжи со читање

Крвава престрелка во Струга

Post Views: 153 Грозоморно убиство во Струга. Немилиот настан се случил како на филмско платно. На раскрсницата на магистралниот пат, Охрид – Ќафасан синоќа околу 18 часот и триесет минути било пукано во татко и син. Се работи за Мефаил и Џемаил Исмаили од струшкото село Делогожда. Движејќи се по овој патен правец нивното моторно возило „Голф“, било попречено од страна на Форд Ескорд управувано од Исмаил Асани. Асани излегол од своето возило и со пиштолот го удрил по глава возачот на „Голфот“. Веднаш потоа истрелал два куршуми во 51 годишниот Џемаил и еден во 25 годишниот Мефаил,...

Продолжи со читање

Струшкиот регион открива тајни од железното доба

Post Views: 169 Нови откритија во струшкото село Ташмаруништа. Пронајдени стари предмети во ископана некропола која датира од времето на 7 и 6 век пред новата ера. Според првичните изјави на стручните лица станува збор за гробни прилози, копја, белегзии и керамички предмети на припадници на војничкиот сталеж од архајски период. Др. Сашо Цветкоски, директорот на НУ Др. Никола Незлобински, вели дека карактеристично за овој период е начинот на погребување, со тумоли односно радијално поставување на камења врз претходно погребан покојник. Археолошките истражувања продолжуваат и понатаму...

Продолжи со читање

Кус дневен ред, малку полемика

Post Views: 152 Советниците за помалку од два часа прелетаа преку 12-те точки од дневниот ред. Најмногу дискусија предизвика предлог правилникот за определување локации за поставување сезонска опрема.Со еден збор неинтересно 14-то издание на струшката седница на советот. После куса дебата околу доставување на службениот гласник во пишана форма и дали е тоа потребно или не, дневниот ред на седницата беше збогатен со уште две точки. Доста внимание предизвика дискусијата околу донесување на предлог одлуката за донесување локални урбанистички документации, а посебно изгласувањето на предлог...

Продолжи со читање

На секој чекор паркинг

Post Views: 127 Дворното место на ОУ „Браќа Миладиновци“, претворено во паркинг простор. Родителите на учениците збунети. Велат дека максимално е загрозена безбедноста на нивните деца и прашуваат кој е тој што се дрзнал тоа да им го дозволи. Тие додаваат, наместо надлежните да го оградат дворното место на училишето со цел децата да има каде да го изведуваат физичкото образование, го прават спротивното, работат во интерес на поединци. На ова укажува Советот на родители при ОУ „Браќа Миладиновци“. Претседателот на училишниот совет, Агрон Љумани вели дека досега никој од надлежните незнае...

Продолжи со читање

Плажите во Струга во вистински раце

Post Views: 180 ТВМ вчера, веднаш после состанокот на комисијата за јавно наддавање во која беа вклучени Министерството за транспорт и врски, Министерството за економија и општина Струга ги објави идните 7 концесионери на струшките плажи.  Денес на оваа тема својот став го изнесе и градоначалникот на општина Струга Рамиз Мерко. Имено, Мерко вели дека јавното наддавање поминало транспарентно што според него е во интерес на доброто за Струга. Тој рече дека очекува да се откаже само концесионерот на „Женска плажа“, Мерсим Селими, бидејќи за таа плажа била достигната најголема сума по...

Продолжи со читање

Се шушка во Струга

Post Views: 208 Претседателското место на струшкиот огранок на ВМРО – ДПМНЕ тема број еден во струшката чаршија.  Како можни кандидати се спомнуваат имиња на активисти кои се на челните позиции на институции, професори, сопственици на кафулиња, адвокати. Меѓу нив е и името на Надица Николовска, раководител на пазарниот инспекторат од Струга, Стефан Томаноски, сопственик на кафетерија, Боро Симјаноски, адвокат, Васил Максимоски, професор, Станислав Буклиоски ,доктор, Мирко Савески, екс директор на СИЗ и Тони Чуркоски професор. Интерес за оваа позиција пројавиле 27 кандидати. Пратеничката...

Продолжи со читање

Едрилици со парче душа

Post Views: 155 „Кога градителот внесува дел од себе во објектот, тогаш објектот добива душа“, вели Влатко Кавај, кој речиси четириесет години гради едрилици. Кавај и уште неколку ентузијасти ги градат овие пловни објекти користејќи ги најновните технологии. Тајната на креативното творештво ја делат секојдневно меѓусебе.Креации кои во себе ја носат душата на своите градители. Од неодамна во Струга функционира клубот за самоградба „Сирма“. Станува збор за јахтинг клуб кој функционира паралелно со едриличарскиот клуб „Снегар“. Тука неколку ентузијасти градат едрилици. Влатко Кавај е...

Продолжи со читање

Проблем во Струга, нова преливна шахта

Post Views: 134 Атак на живиот свет во реката Црн Дрим. Вака екологистите го нарекоа новиот зафат на „МЈП „Проаква“ Р. Е. Колектор од каде деновиве работат на поставување на  дополнителна шахта во близина на пречистителната станица на влезот во Струга. Недозволиво е ниту капка вода да протече низ веќе поставената тунелска цевка наменета за проток на  непрочистените фекалии, вели екологот Мате Гогоски, повикувајќи се на алармирањето од страна на очевидци.Ова што ни се случува е невиден злостор, вели Трпе Негриески очевидец на целата состојба. Тој вели дека  побарале спас од струшките...

Продолжи со читање

Рикер во Струга

Post Views: 136 Иднината на Македонија е во нејзината мултиетничка младина, која на полето на образованието има постигнато голем напредок. Ова е констатација на американскиот амбасадор Филип Рикер.Американскиот амбасадор Филип Рикер во посета на Струга. Состојбата во двата средношколски центри „Нико Нестор“ и „Ибраим Темо“ беше причина за Рикер да го посети овој град. Тој потенцира дека видлив е напредокот во овие училишта во однос на соживотот и комуникацијата помеѓу учениците од различни етнички групации, а покажа и задоволство од тоа како се трошат средствата во висина од 200 000...

Продолжи со читање