Skip to main content

Ознака: Struga

Странските инвеститори чекаат

Post Views: 138 Странските инвеститори сеуште чекаат за да вложат пари во регионалната депонија. И по се изгледа ќе се изначекаат бидејќи градоначалниците на југозападниот регион вчера имаа уште еден неуспешен состанок. Поради немање кворум за работа третата работна средба во Струга помина стихијно без потребното присуство на сите градоначалници на југозападниот регион и без ресорниот министер Неџати Јакупи. Имено, долгонајавуваниот итен и суштински проект за концесионирање со регионалната депониаја тапка во место. Четири општини сеуште не ја имаат донесено одлуката на Совет за отпочнување...

Продолжи со читање

Големи успеси, а со малку пари

Post Views: 131 Едриличарите од Струга продолжуваат со своите успеси. Од Меѓународната едриличарска регата „Софија Пролет 2010“ се варатија со завидни резултати и освоено прво место во класата  „Ласер 4,7“. И покрај успешното функционирање на клубот и трудот кој секојдневно го вложуваат и членовите и раководството, финансиите остануваат нивен најголем проблем.Љушо Ердал, своите први чекори кон едриличарскиот спорт ги започнал пред 10 години во Е.К. Снегар од Струга. Целата негова спортска кариера ја минал во во овој клуб и неговите најдобри резултати ги остварил токму како член на...

Продолжи со читање

Меѓународниот универзитет во Струга доби нов, современ објект

Post Views: 179 По три години постоење  Меѓународниот Универзитет во Струга се прошири во нов објект со површина од 2.500 метри квадратни. Современиот објект според Болоњската декларација располага со 10 простории со 30 седишта и три амфитеатри. Професор д-р Армен Кадриу од економскиот факултет на Меѓународниот Универзитет истакна дека идните очекувања од оваа високо образовна институција се да прерасне во Универзитетски центар каде што ќе студираат студенти од регионот на Југоисточна Европа.На свеченоста присуствуваа ректорот проф д-р Лисен Башкурти, деканите на факултетите, како...

Продолжи со читање

На операција во Струга

Post Views: 149 Охридски пациенти се почесто го посетуваат одделението за хирургија во Струга. Само минатата година на ова одделение во Струга биле извршени 150 класични оперативни интервенции врз пациенти од Охрид. Ваквата појава е уште поалармантна годинава, кога за само три месеци веќе 50 пациенти од Охрид се третирани во Струга. Ова се реални податоци кои ни ги даде првиот човек на Општа болница Струга, Ментор Ибраими. Ибраими вели „досега ниту еден пациент кој се обратил кај нас не е вратен. Она што остава впечаток кај пациентите е одговорноста, довербата и квалитетно понудената...

Продолжи со читање

Струшките социјалдемократи ја критикуваа власта

Post Views: 114 Од преродбата на Вмро Дпмне, по преземањето на власта од 2006 година, во Струга не е остварено ниту едно предизборно ветување критикуваат струшките социјладемократи. Власта не е заинтересирана за решавање на проблемите кои ги мачат стружани, а кои се во надлежност на владеачката коалиција. Во Струга владее невиден урбанистички хаос, гради секој и насекаде без да се исполнат основните критериуми. Регионалните и локалните патишта се во очајно лоша состојба, а градската чистота е на ниско ниво истакна Александар Попоски, претседател на струшките социјалдемократи. „ЈП...

Продолжи со читање

Едни садат, други сечат

Post Views: 132 Струшките советници протестираат против концесијата за каменолом во Лабуништа, месност Kалишта, Струшко. Тие велат дека многу дрвја биле исечени  за да се направи пат до каменоломот.  На сите кои имаат дел во овие проекти им порачуваат дека нема да ги остават на раат. Додаваат дека ако протестите не вродат со плод,  ќе го блокираат патот Струга-Дебар. „Неофицијално разбравме дека тројца концесионери се вклучени во работата. За патот до каменоломот веќе се исечени многу дрвја“, вели советникот од Нова демократија, Абдула Чезиноски.  „ Кога една држава сака да ја гради...

Продолжи со читање

Смрт под нејасни околности

Post Views: 140 Сеуште не се познати причините за смртрта на 16-годишниот Илир Села од струшкото село Ливада. Денеска врз починатото лице извршена е обдукција. Со цел да се добијат поконкретни сознанија и да се утврди се она што му претходело на случајот стручните служби на СВР Охрид веднаш превзеле мерки. Според портпаролот на СВР, Стефан Димовски од она што досега се знае е дека, „настанот се случил во интернет кафе во селото каде, сега починатиот, бил со тројца негови другари малолетници, при што настанала вербална расправија“.Како стигнало телото на Села до неговата фамилија е...

Продолжи со читање

Одбележан денот на дрвото во Струга

Post Views: 144 Акцијата се одвиваше на две локации и тоа над селата Делогожда и Калишта. Овој пат кон акцијата се придружија и претставници на јапонската влада од проектот за чистење на Струга.Јапонците напомош во одбележувањето на „Денот на дрвото“. Во акцијата „Ден на дрвото, засади ја својата иднина“, која по петти пат се спроведува во нашата држава, стружани на две локации садеа црн бор и јасен. Владислав Жупан од локланата самоуправа, информира дека на правата локлација, која се наоѓа над селото Делогожда, учествуваа струшките основци и средношколци и тие пошумуваа со црн бор.Втората...

Продолжи со читање

Европа на дланка, пред студентите во Струга

Post Views: 175 Дипломати, амбасадори од Скопје, Брисел и Лондон во блиска иднина ќе го посетат меѓународниот универзитет во Струга. Тие на студентите ќе им одржат предавање на теми поврзани со политиката и економијата. Денес во Струга пред студентите на Меѓународниот универзитет, своите искуства ги пренесе поранешниот потпретседател на Европскиот парламент, д-р Александар Бибери. Тој стави акцент на актуелниот спор со името на Македонија и Грција како и рокот за решавање на истиот. Бибери рече: „Одлуката лежи во лидерите на двете земји а меѓународниот фактор ги дава само препораките...

Продолжи со читање

Стружани го одбележаа светскиот Ден на поезијата и УНЕСКО

Post Views: 133 Денеска покрај поезија во Домот на културата пред присутните беше прочитана и поетската порака испратена до новоизбраната директорка на Унеско, Ирена Бакова.  Поетите, писателите и уметниците, денска во НУ центар за култура во Струга го одблежаа светскиот ден на поезијата и Унеско. По тој повод поетите и сите творци од Струга од светлиштето и паркот на поезијата испратија поетска порака до светската организација на УНЕСКО и новоизбраната директорка на оваа институција, Ирена Бакова.Поетите посебно внимание посветија на јубилејот 200 години од раѓањето на семакедонскиот...

Продолжи со читање

Маријачи во Струга

Post Views: 134 Културата, традицијата и спецификата на Маријачи Империјал де Америка прифатена насекаде. Оваа група доаѓа од Тексас САД. Тие синоќа одржаа концерт во Струга на чаршискиот мост. Музичкиот спектакл стружани долго ќе го паметат. Оваа група е на мини турнеја во три града низ државава, Струга, Штип и Скопје. Американската амбасада е организатор на оваа турнеја. Аташето за култура на САД во Р. Македонија, Џон Сурфес, рече, „идејата е да се доживее различноста на културата што постои во САД“. Додаде, дека концертот се одржал во Струга поради тоа што овој град е типичен пример...

Продолжи со читање

Депонија во срцето на Струга

Post Views: 151 Буниште во централното градско подрачје во Струга. Истурени најлони со ѓубре на сите страни, има и такви кои висат дури и по струјните и телефонските кабли. Сокак опколен со смет. Расфрлано ѓубре на сите страни. Целата состојба дополнително ја влошува градежниот шут заради кој пристапот на возилата за подигање на отпад е невозможен. Првиот човек на ЈП „Комунално“ Петко Кутаноски, затекнат од оваа состојба, признава дека се наоѓа пред дива депонија. Тој рече, законски е недопуслив ваков хаос и додаде дека со ова граѓаните сами себе се уништуваат.Градежниот шут на овој...

Продолжи со читање