Skip to main content

Ознака: Struga

Деноноќна работа на терен

Post Views: 134 Струга од сите страни се штити од поплавите. Екипите на МЈП „Проаква“ 24 часа на терен. Повеќе критични точки се третираат деноноќно. Градоначалникот на општина Струга, Рамиз Мерко, сеуште e оптимист во своите изјави дека ќе се надмине состојбата со високиот водостој на Охридското езеро. Мерко истакна дека состојбата во Струга е под контрола. Тој додаде дека моментално најмногу се сконцентрирани на еден од најважните потези, а тоа е северниот канал на патната магистрала Струга – Ќафасан. Според него тој канал ги опфаќа водите на цела источна страна.Населбата...

Продолжи со читање

Од лошо има и полошо

Post Views: 159 Стружани релаксирани за состојбите со водостојот на Охридското Езеро. Дел од повозрасните  кои се сеќаваат на времето на поплавите во Струга во 1963год. велат дека нема место за паника.Охридско – стушкиот регион скениран од локалните и државните тимови за заштита и спасување. Вчера попладне детално се разгледувала состојбата со водостојот на Охридското Езеро. Присуството на терен, на дел од министрите на Владата на Р. Македонија, допринело да се превземат најнеопходните мерки за намалување на водата во Охридското езеро. Таа деновиве според последните податоци...

Продолжи со читање

Први на Балканот

Post Views: 144 Искуствата и праксата од Шпанија пренесени во Струга. „Дозволете да развиваме нови вештини“ е новиот проект на „Порака нова“ , струшкиот центар за подобрување на квалитетот на живот на лицата со интелектуална попреченост. Анита Гаговска, координаторот на овој проект вели дека посебно е задоволна што едно високо светско искуство за прв пат се применува во Македонија. Станува збор за примена на електронска база на податоци за лица со интелектуална попреченост. Во проектот предвиден е рекреативен центар кој во целост е преточен од шпанските искуства додава Гаговска.„Во...

Продолжи со читање

На доктор со гумени чизми или чамец

Post Views: 148 Локални езера среде Струга. Поради неможноста пацинтите да доаѓаат во ординацијата приморани сме да ги посетуваме дома, велат од Приватната здравствена установа Хаџер, Струга.Два месеци езеро пред ординацијата на д-р. Хаџер Алиет. Пациентите кај својот матичен лекар можат да дојдат само со чизми. „Проблемов се пролонгира од пред Нова година. Реагиравме до сите надлежни институции но нашите забелешки не ги сватија сериозно“, вели д-р Хаџер Алиет од ПЗУ „Хаџер“ Струга.„За моите пацинти јас се направив услужен ценатар или одам дома за да ги прегледам или им носам рецепти....

Продолжи со читање

Мерко не дава локација

Post Views: 177 Ветената нова училишна зграда во Струга ќе почека. Тоа беше еден од условите за да се смират тензиите во струшките средношколски центри „Нико Нестор“ и „Ибраим Темо“.Без ново училиште немирите во Струга тропаат на голема врата. Префрлување на вината од еден на друг, стана добра пракса на одговорните да се оправдаат пред оние кои им ја дале довербата, граѓаните. Министерот за образование Никола Тодоров вчера од Охрид изјави дека направиле неколку обиди да добијат одобрение за градба, но од општина Струга сеуште немале добиено решение. Тодоровски и покрај бројните укажувања...

Продолжи со читање

Работа на црно

Post Views: 151 Кој заработува од паркинзите во Струга и кој стопанисува со нив? Обичен парагон блок на кој е напишана сума од 50 денари ќе добиете на еден од паркинзите во Струга, кој се наоѓа наспроти општината. Во чиј џеб се слеваат средствата останува енигма. Овде очигледно затајува спроведувањето на законот за регистрација и фискализација на субјект кој врши дејност. Раководителот на пазарниот инспекторат од Струга, Надица Николовска рече дека излегле на терен, и направиле увид на состојбата. Од таму кажаа кои се законските права на корисникот на услугата доколку од него се побара...

Продолжи со читање

Минибуси – спас за линискиот превоз

Post Views: 143 Дефиниран линискиот превоз во Струга. Минибус 16+1 конечна варијанта. Не е лесен патот за добивање на лиценци. Согласно новите измени на законот за превоз во патниот сообраќај, за да се добие потребната лиценца за вршење превоз на патници, потенцијалните превозници мора да имаат минибус, вели секретарот на општина Струга, Зоран Гулицоски. Тој потенцираше дека Советот на општината, во рамките на истиот закон, има право да донесува одлука за ридско планинските подрачја, каде покрај возило 16+1 седиште, превоз ќе може да се врши и со комбе со 8+1 седиште.„Дозвола за вршење...

Продолжи со читање

Женската плажа машки се избори

Post Views: 173 На неодамна извршената лицитација во Министерството за транспорт и врски, познатата женската плажа во Струга постигна досега највисока цена на Охридското крајбрежје.130 евра по метар квадратен  понуди  еден од 6-мината учесници на отворената тендрска постапка.Кој чека ќе дочека. Почна процедурата за давање под концесија на плажите. Женска плажа го скрши мразот во Струга и успеа да го собори рекордот во цена од 130 евра по метар квадратен површина. Оваа сума за концесионирање на плажи досега е највисоко понудена на охридската ривиера. Првично беа опфатени дел од плажите...

Продолжи со читање

Струга живее во страв од поплава

Post Views: 210 Иако овој проблем сериозно се надвиснува не само во Струга туку и пошироко, надлежните седат со скрстени раце и досега не мрднале ниту со малиот прст, сметаат еколозите од Струга. Покачениот водостој на Охридското езеро освен што е критичен и за 11 см ја надмина законски пропишаната кота со Р. Албанија, дополнително ја влоши состојбата и со реките и речните сливови во Охридско –струшкиот регион. Мате Гогоски, екологист од Струга, вели дека не памети ваква рамнодушност на надлежните пред една сериозна состојба, која во најмала рака може да нанесе катастрофални и несогледливи...

Продолжи со читање

„Шо напрајфме“

Post Views: 148 После само една година од отварањето на пратеничката канцeларија на Лилјана Затуроска од ВМРО-ДПМНЕ, промовиран  нов магазин, „Шо напрајфме“. Станува збор за издание во кое  критиките нама да се дел од практиката на пишување на тимот кој стои зад него, вели уредникот на „Шо напрајфме“ Кристина Тодороска Петреска. Таа додава дека сакале отворено да проговорат за актуелните состојби во Струга, најпрво преку идеја за ѕиден весник која прераснала во нешто поголемо, магазинот „Шо напрајфме“.Првиот тираж на весникот е 500 примероци. Тој е бесплатен и планирено е да излегува...

Продолжи со читање

Стружани ќе добијат капела

Post Views: 144 Гробиштата и на православните и на муслиманите планирено е да бидат на едно место. Обраснати во трева, неуредени парцели, расфрлан смет, кучиња скитници е само дел од лошата слика со која се сретнуваат секојдневните посетители на гробните места. Досега на струшките гробишта не беа решени имотно правните односи. Тоа се смета како основна причина на незавидната состојба во која години наназад се наоѓаат гробиштата во Струга. Сосем свесен за состојбите, првиот човек на комуналното претпријатие Петко Кутаноски, вели дека работите полека но сигурно се средуваат, надминати...

Продолжи со читање

Покрив над глава за 25 наркозависници

Post Views: 136 Сите клучни институции, Центарот за социјални грижи, Општа болница Струга и градоначалникот се истомисленици дека што поскоро треба да се делува до ресорното министерство, за да се реализира една ваква општокорисна цел. Дневен центар за зависници е повеќе од потребен во Струга. Проблемот со наркозависниците со години наназад се провлекува, но во последно  време е со поголем интензитет. Имено во Струга на оваа категорија луѓе оневозможена им е секундарната заштита. Тоа значи дека нема прифатилиште или центар во градот за нивен третман со метадонска терапија.Директорот...

Продолжи со читање