Skip to main content

Ознака: Struga

„Вешта жена“ по деветнаесети пат во Струга

Post Views: 187 Традиционално во овој период од годината во Струга се одржува манифестацијата „Вешта жена“. Оваа сабота по деветнаесети пат, 4 жени ќе ја покажат својата вештина во кулинарство и слаткарство пред присутните гости на натпрварот. Претседателката на организацијата на жени, Наде Циркоска како тригодишен носител на првото место „Вешта жена“ за Струга, годинава според правилата ќе седи во жири комисијата.Таа изјави дека оваа манифестација пред се е сватена како вечер за дружба која ретко се доживува секојдневно, а натпреварот е дел од целокупното дружење.„Вкупните поени...

Продолжи со читање

Плажите ќе паднат во вистински раце

Post Views: 132 Плажите во Струга актуелни и во зимскиот период. Постапката околу концесионирањето со струшките плажи мора да биде процедуралнa и правно заснована, изјави претеничката од ВМРО-ДПМНЕ Лилјана Затуроска. Оваа одлука паднала после неодамна завршениот состанок со ресорното министерство, по скандалозната изјава на екс претседателот на струшкиот комитет.  „Стружани треба да знаат дека заврши конкурсот за јавно наддавање за плажите, кој траеше до 29 ти јануари“, изјави пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Лилјана Затуроска.Ова следи после изјавата на екс претсаедателот на струшкиот...

Продолжи со читање

Струшката чаршија никогаш почиста

Post Views: 222 Екипите на ЈП „Комунално“ Струга, од ноќните часови на терен. Чаршијата свети од чистота, но улиците низ Струга недоволно третирани и го отежнуваат сообраќајот.Струшкото ЈП „Комунално“ успешно се справи со снегот. Обврската на поголемиот дел од вработените на претпријатието била насочена кон расчистување на снегот, бидејќи без тоа невозможно е да се подигнува сметот, вели првиот човек на Комунално, Петко Кутаноски. Кутаноски, денеска, поради снегот, ги одложил поголемиот дел од своите обврски. Тој со екипите излегол на терен со цел да им овозможи на Стружани без проблем...

Продолжи со читање

Струга и се е можно

Post Views: 167 Ова се дел од коментарите на граѓаните на општина Струга. За надлежните се е нормално, велат инвеститорот ги има сите потребни дозволи.На сред струшката чаршија се руши една од најстарите градби. Цели две недели не попушта старата зграда на некогашниот струшки Комитет и местото од каде е емитуван првиот сигнал на Радио Струга. Рушењето е отежнато поради јаката арматура и цврстата градба. Пола чаршија е узурпирана, граѓаните велат дека ова само во Струга може да се случи. Ниту еден од нив не сакаше да застане пред нашата камера и гласно да проговори, со изговор дека...

Продолжи со читање

Струшкиот совет никако да профункционира

Post Views: 149 Социјалдемократите имаа низа забелешки околку работата на советот, ДПА со доза на резервираност дека позицијата не им верува, а од ПЕИ даваат поддршка на забелешките со обвинување дека координациите на седниците немаат тежина.Изјавата за поделбата на плажите дадена неодамна на првиот човек на струшкиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Славко Котески, причина за дискусија и на 10-тата седница на Советот на општина Струга. Имено, Илија Мацески од СДСМ Струга побара да се дополни дневниот ред со точка, до каде е распределбата на струшките плажи. Тој во интерес на јавноста потенцираше...

Продолжи со читање

Во Струга нема улично осветлување

Post Views: 150 Од локалната самоуправа се правдаат дека во најбрз можен рок ќе се надмине проблемот, но со сигурност незнаат кога. Клучот лежи во мерните коли на ЕВН. Населбата Плитиште и ул. Ристо Крле, посебно се издвојуваат на таа листа. Овој проблем е хроничен и досега никој од одговорните структури на Локалната самоуправа нема излезено со став за проблематичната состојба.Постои сериозен проблем по ова прашање велат од Локалната самоуправа на општина Струга. Одговорниот Тажгур Сулејмани вели дека осветлувањето во глобала е задоволително ако се замат предвид и 50 села во струшко....

Продолжи со читање

2010 година плодна за стружани

Post Views: 136 Градоначалникот Мерко се пофали со 15% повисок буџет за идната година. Тој голем приоритет дава на урбаната сфера, бидејќи покрај домашните, голем интерес има и кај странските инвеститори за градба. А тука веќе е познато каде се инкасираат средствата.Буџетот на општина Струга за 2010 год тежок над 14 милиони евра. Во споредба со годинава тој е за 15 % повисок. Првиот човек на општина Струга Рамиз Мерко вели, дека иако се соочуваат со последиците на економската криза, зголемувањето на буџетот за 2010 год се темели пред се на донесувањето на деталните урбанистички планови....

Продолжи со читање

Тешка сообраќајка во Струга

Post Views: 134 Денеска во Струга се случи тешка сообраќајна несреќа во која беше прегазен пешак. Лицето е пренесено на лекување во Скопје, а екипите на СВР веќе работат на расчистување на деталите поврзани со овој немил настан.Денеска на пресекот на ул. „Партизански одреди“ и „Кеј Борис Кидрич“ во Струга, во 14 часот, се случи тешка сообраќајна незгода. Неофицијално дознаваме дека лицето ДП, од с. Радолишта – струшко, со своето возило го прегази лицето АФ, кој во мементот на несреќата се движел по тротоарот. Несреќата настанала кога лицето АФ движејќи се бил прегазен од патничко...

Продолжи со читање

Струшките советници денес се состанаа по 7-ми пат

Post Views: 156 Се расправаше за повеќе предлог одлуки. За поефикасна работа советниците ги побараа  старите лап топ компјутери.Решение за проблемите во МЈП Проаква ќе бара комисијата која ја формира советот на О.Струга. Од неа се очекува да изготви санациона програма за делот на водовод и канализација во јавното претпријатие. Одлуките на управниот одбор на Проаква ќе почекаат,  бидејќи оние на комисијата се поважни, вели советникот од ДПА Сурија Рашити.На денешната Седница на Совет инаку седма по ред, советниците ја одобрија и Предлог-Одлуката за купување на земјиште во трајна сопственост...

Продолжи со читање

Студии ќе има ама студенти…?

Post Views: 137 Лага ли е или вистина? Дисперзираните студии на економскиот факултет во Струга ќе профункционираат. Оваа одлука е донесена утринава, откако и официјално ректорот на универзитетот Св. Кирил и Методиј пресечил дека сепак ќе се отворат долго најавуваните дисперзирани студии, иако претходно беа известени родителите и студентите дека истиот ќе започне со работа од следната година. ТвМ дознава дека тој денес ги разгледувал просториите каде треба да се одржува настава. Уште веднаш ректорот ќе ангажирал  лица за да го доуредат просторот,  за по неколку дена да започнат  со...

Продолжи со читање

Сезонската опрема во Струга навреме подигната

Post Views: 137 На терен состојбата поинаква. Маси и столчиња на сите страни.Законот за урбаната опрема не се почитува ниту во Струга. Иако од законскиот рок за подигнување на сезонската опрема поминаа 6 дена, сепка во градот состојбата не е воопшто сменета. Масите и столчињата кои се поставија пред почетокот на летната сезона, во најголем број  сеуште се тука.Во струшката чаршија сопствениите на кафулињата просторот пред нивните објекти, каде е поставена опремата го прилагодуваат за зимскиот период. Дел од нив тоа го прават легално, велат комуналните инспектори.„Има некои лица со...

Продолжи со читање

Кошарката во Струга нема да изумре

Post Views: 255 Пропадна „Кимико“ но се формира нов клуб. Со успесите на девојките, Струга повторно ќе се издигне високо  во овој спорт, вели тренерот на новиот клуб.Струга повторно ќе се препознава по врвните успеси во кошарката. Првите места на европските листи ќе ги освојуваат кошаркарките од Струга,  но како тим од нов клуб, а не од „Кимико“ чии членови беа во изминатиот период. Резултатите што ги постигна „Кимико“ не може да се заборават, но на сите ни е јасно поради кои причини пропадна клубот, вели поранешниот тренер на „Кимико“ и актуелен на новоформираниот клуб. „Од една...

Продолжи со читање