Skip to main content

Ознака: Struga

Инцидент во Струга

Post Views: 134 Две шестгодишни деца тешко повредени во вооружен инцидент во струшко Велешта.Во струшкото село Велешта, во близина на гробиштата, денеска околу 11 часот и 30 минути од страна на засега непознато лице, според првичните информации, е пукано во две шестгодишни деца.Децата со тешки телесни повреди се префрлени во Медицинскиот центар во Струга. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот е во целост расветлен, а двајцата сторители приведени.{loadposition content9}

Продолжи со читање

Дипломатска регата за прв пат во Струга

Post Views: 171 За прв пат во водите на Охридското езеро Дипломатска регата. Утре во Струга ќе се одржи спортско едриличарска регата во класата „Минитонец“, каде се очекува присуство на членови од Дипломатскио кор на Р.Македонија.Едриличарскиот клуб „Снегар“,Јахтинг клубот „Сирма“од Струга, со помош на едриличарската федерација Р.Македонија организираат спортска регата за класата „Минитонец“. Планирано е учество да земат членови од Дипломатскиот кор на Р.Македонија, поточно членови на странските амбасади кои работат во нашата земја. Целта на овој голем настан е промоција на монденското...

Продолжи со читање

Од хотел „Дрим“ презадоволни од туристичката сезона

Post Views: 161 И покрај стравувањата економската криза не остави белег во туризмот, велат од таму. Но, не беше така и за останатите туристички работници.Солидна туристичка сезона. Ова е оценката на  О.Струга за летото кое е на самиот крај. Економската криза ја почувствуваме и ние, велат од таму. „Евидентно беше дека оваа година, сезоната траеше само триесетина дена. Најмногу гости имавме за време на илинденските празници, само тие денови во градов беа присутни околу 20 илјади гости“, кажува секретарот на о.Струга.„Мислам дека беше средна, нема да кажеме дека беше одлична или лоша...

Продолжи со читање

Да живее пливањето

Post Views: 151 Промотивен натпревар во пливање помеѓу Струга и Битола. Целта на ова натпреварување е да се врати духот на пливањето, посебно во градовите Охрид и Струга кои се колевка на тој спорт.Се враќа духот на пливањето во Струга. После 20 тина години, отворениот струшки базен во близина на женска плажа повторно заживеа. Пливачките патеки, се уредно обележани и подготвени за нови предизвици. Тоа денес го искористија пливачите на ПК „Струга“ од Струга и ПК „Олимпик“ од Битола. Тука се одржа промотивниот двомеч, каде пливачите од сите возрасни категории ги одмерија своите пливачки...

Продолжи со читање

Ако не сака Охрид, сака Струга

Post Views: 166 „Ако не не сакаат надлежните во Охрид, стружани не пречекаа со раширени раце“, раскажуваат организаторите на фестивалот. Најавите кои траеја 1 година, дека Охрид по втор пат ќе биде домаќин на оваа голема културна манифестација, паднаа во вода. Организаторите кажуваат оти до последен момент не биле информирани дека надлежните од Локалната самоуправа овој пат нема да ја подржат врвната манифестација. Три дена пред одржувањето на фестивалот ни кажаа дека општината не е финансиски моќна да го финансира  фестивалот, и дека сите трошоци треба сами да ги сносиме, раскажува...

Продолжи со читање

Веб страната на општина Струга тешка за корстење

Post Views: 147 Сопственикот на високо тиражниот весник „Today“ напиша колумна во која отворено зборува дека во Струга се потиснува македонскиот јазик. Минатава недела, по сугестија на еден пријател ја видов веб страната на Општина Струга „struga.gov.mk“. На неа, прво страницата се отвора на албански  јазик, меѓутоа и откако ќе го  кликнете македонското знаме , повторно 60 % од содржината е на албански јазик. – Ова е дел од колумната под наслов „Од главата си патиме„ која е објавена во австралискиот весник „Today“. Авторот, а воедно и сопственик на високо тиражниот дневен печат,...

Продолжи со читање

Започна реконструкција патoт Струга-Дебар

Post Views: 154 Започнаа градежните зафати за реконструкција на регионалниот пат Струга-Дебар. Овој патен правец е од големо значење, бидејќи претставува единствена врска помеѓу двата града, но е и од исклучително значење за граѓаните кои гравитираат во овој регион. Жителите на село Луково сега можат да здивнат, еден проблем веќе ќе им биде решен.„40 години воопшто не е инвестирано во инфраструктурата. Досга, од село Луково до Струга патувавме речиси по еден час, иако може и многу побрзо да се стигне до градот“-вели Славе Милески, жител на С.Луково.Со реконструкцијата е предвидено...

Продолжи со читање

Безбедна матурска вечер и во Струга

Post Views: 162 Сообраќајни незгоди, физички пресметки, прекумерно козумирање алкохол. Ова е досегашното лошо  искуство од матурските прослави. За тоа да не се повтори и оваа година, полициските службеници и во Струга ќе превземат акција. Највеселата вечер нека биде запаметена таква, а не да премине во трагедија. „Апелирам до матурантите да не пијам алкохол, да не го нарушуваат јавниот ред и мир, доколку се во алкохолирирана состојба да не управуваат во возило„-вели Милчо Шумуликоски, виш инспектор ПС Струга.Неѓу другото, полициските службеници порачуваат да се  не се прекршуваат ...

Продолжи со читање

Ограбена бензиската пумпа на „Макпетрол“ во Струга

Post Views: 166 Двајца маскирани вооружени напаѓачи, рано изутринава ја ограбиле бенсинската пумпа на „Макпетрол“ лоцирана на ул. „Пролетерски бригади“ во Струга.Според првични полициски сознанија, грабежот бил извршен во 4:10 часот, при што под закана со оружје од двајцата вработени им биле одземени околу 710.000 денари пари од дневниот промет. Потоа ограбувачите се изгубиле во непознат правец. Не е повреден никој од вработените.Во Полициската станица во Струга во тек е информативен разговар со двајцата вработени. Во бензиската пумпа присутна е внатрешна инспекција од дирекцијата...

Продолжи со читање

Струга полека ја губи автентичноста

Post Views: 167 Ова беше пораката на уметникот Атанас Ќушкоски, кој денес ја упати до стружани. Тој  преку фотографии ги покажа вредните објекти со кој располага овој регион.Струга полека ја губи автентичноста, старата архитектура постепено исчезнува. „Подобра не е ни ситуацијата во струшките села, но тоа е повеќе впечатливо во градот, бидејќи тука секојдневно сме сведоци на нови совемени градби, со нив се искоренува стара Струга“,  велат стружани. Струшките села се богати со стари и автентични градби, но за жал се повеќе нивниот број се намалкува. Токму и тоа е идеата на уметникот...

Продолжи со читање

Саем на книгата во OУ „Јосип Броз Тито“ во Струга

Post Views: 145 Учениците покажаа дека сакат да читаат и  купуваа книги.„Историја на Светот“, „Спротивности“, „Како да се однесуваме во училиште“. Ова се само дел од книгите кои се изложени на саемот во основното училиште „Јосип Броз Тито“ во Струга. По повод „Денот на книгата“ кој се одбележа претходната недела, од денес па се до четврток, во ова училиште ќе се продаваат книги по симболични цени.“Им објаснуваме на децата каква содржина има книгата за кои се заинтересрани,  и им помагааме при изборот“-вели ученичката Ивана Домазетоска.Саемот кој официјално се отвори денес, побуди...

Продолжи со читање

И стружани остануваат верни на традицијата

Post Views: 209 Голем број верници постојано се упатуваат кон струшките православни храмови, негувајќи ја вековната традиција. На Велики четврток, за здравје, во црква ги носат рано изутрината вапцаните јајца и алишта. На велики петок, пак со палење свеќи го одбележуваат денот кога Исус бил распнат. Стружани потенцираат дека ова е еден од најголемите денови за целиот христијански свет, затоа што е празникот во кој се слави животот и од кој извираат љубовта и надежта. Од домашната трпеза традиционално, и независно од цената, не изостанува јагнешкото месо. Некои го купиле уште пред...

Продолжи со читање