Skip to main content

Ознака: turizam

Каков туризам сакаме

Post Views: 100 На прсти може да се избројат агенциите кои носат туристи во државава и градов. Наспроти тоа се побројни се оние кои организираат тури во странство. Каков туризам развиваме и до кога домашните пари ќе завршуваат во туѓи џебови, а странски кај нас нема ни за лек.Туристичките агенции во Македонија во последно време се повеќе организираат тури во странство, а се помалку носат гости кај нас. Наместо во земјава да се влеваат странски средства, нашите завршуваат кај соседите или во некоја подалечна дестинација. Се помалку агенции се занимаваат со „incoming“ туризам. Туристичките...

Продолжи со читање

Грција со ултиматум и врз туризмот

Post Views: 104 Надежта последна умира. Туристичките работници од градов, а и пошироко сметаат дека и покрај големиот број песимистички најави ќе имаме успешна туристичка сезона. Тие сериозно се зафатија за работа сакајќи во Охрид повторно да ги вратат гостите од соседна Србија. За таа цел во нашиов град пристигнаа српски туроператори и еминентни новинарски куќи за да им се покаже дека Охрид е подготвен за туристичката сезона. Перо Јакимовски, сопственик на туристичка агенција, вели дека преку годината се прават сериозни напори што поголем број туристи да дојдат и да го посетат градов....

Продолжи со читање

Нова трибина, стари проблеми во туризмот

Post Views: 105 Пред стартот на туристичката сезона се одржа нова трибина на која се изнесоа добро познати, стари проблеми, поради кои туризмот во Охрид со години наназад тапка во место. Присутните ја кажаа секој својата мака. Проблемите кои го кочат развојот на туризмот се изнесуваат теоретски, а никој не кажува како практично да се решат, недостасува меѓусебна комуникација  истакна Горан Устијаноски, капетан и туристички водич. Посочи дека градот нема јавни тоалети, патоказни табли, Музејот на вода е без пристаниште,  нема бродска линија Охрид-Струга, Струга- Охрид и Струга-Св....

Продолжи со читање

Ако ги намалиме цените од Охрид ќе направиме детска градинка

Post Views: 90 Охридските угостители оптимистички очекуваат добра туристичка сезона –  ако тоа се гледа по посетеноста на Охрид за Велигденските празници. И покрај сите случувања, има туристи и гости кои го сакаат Охрид, истакнува угостителот Љупчо Патчев.Тој ги демантира тврдењата дека Охрид е скапа туристичка дестинација. Тие  не размислуваат за намалување на цените и велат нема од Охрид да направиме детска градинка. „Јас мислам дека Охрид не е скап. Aко направиме поевтини цени, тогаш од Охрид ќе направиме детска градинка на Македонија. Ќе го уништиме и оној туризам што го...

Продолжи со читање

Chinatown во Македонија

Post Views: 102 Претставници на кинеските туристички агенции и медиуми денес во посета на Охрид. Тие ќе остварат и работна средба со сопствениците на локалните хотели и туристички агенции. Оваа посета е организирана од Агенцијата за промоција и развој на туризмот со цел да им помогне на туристичките работници од Охрид, да ја надминат неповолната состојба во која се наоѓа охридското туристичко стопанство.  Кинезите заинтересирани за Охрид. Петнаесет претставници на кинески туроператори и претставници на шест медиумски куќи, имаа можност да се запознаат со културното наследство и убавините...

Продолжи со читање

Охридските субјекти незаинтресирани за субвенции на туризмот

Post Views: 96 Само две апликации од Охрид стасале на адреса на Министерството за економија на повикот за субвенионирање на бизнис форуми и манифестации од областа на туризмот. Со 1.000.000 денари ресорното министерство ќе ги поддржува манифестациите кои се значајни за потикнување и развој на туризмот. Право на поднесување на предлози и програми за активностите и бизнис план  за субвенционирање имаа правните лица, владините и невладините организции од областа на туристичкото стопанство објаснуваат од ресорното министерство.  Од друга страна двете апликации покажуваат дека интересот...

Продолжи со читање

Во Скребатно добро се живее

Post Views: 126 На десеттина километри од Охрид, по стрмна планинска патека се наоѓа селото Скребатно. Денеска во него постојано живеат 4-5 семејства. Од куќите останати се петнаесеттина а има и неколку викендички. Мештаните веќе почнаа со засадување на земјоделските култури. Тие велат дека Господ има ставено рака на овој дел. Многумина од нив се сеќаваат како било некогаш.Скребатно овој период оживува. Секој што има градина ја обработува бидејќи има добри услови за тоа, вели Ѓорги Гогачески. Тој додава дека Скребатно е најпосетено за време на викендите најмногу поради црквата Св....

Продолжи со читање

За добра туристичка понуда треба повеќе од субвенции

Post Views: 95 Македонија со скромен штанд ке ја  презентира својата туристичка понуда на најголемиот светски саем на туризам годинава во Берлин. Централната промоција на Македонија со музика, вино и специјалитети е закажана за утре напладне!Презентација на нашата туристичка понуда на најголемиот саем за туризам кој годинава се одржува во Берлин- Германија, многу скромна. Ова е констатација на  Волтер Кромбах, ветеран во германската бранша на туризмот.Кромбах кој воедно е и  раководител на Вили Шарнов-фондацијата за туризам која веќе прави напори да и помогне на Македонија да се пробие...

Продолжи со читање

Србите и годинава најбројни на охридскиот брег

Post Views: 186 Презентиран македонскиот туристички потенцијал на 32-от  Меѓународен саем за туризам во Белград што се одржа од 24-28 февруари. На штандот-Macedonia Timeless беа претставени езерскиот и културниот туризам, и природните реткости. Штандот на Р.Македонија беше еден од најпосетените, а над 20 000парчиња промотивен материјал беше поделен на присутните посетители, информира директорот на Агенцијата за поддршка и развој на туризмот, Зоран Стрезоски. Над  50 туристички агенции, хотелиери и сопственици на приватно сместување од Македонија беа присутни на саемот и остварија...

Продолжи со читање

Туризмот ги спои локалната и Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот

Post Views: 120 Туризмот ги спои општина Охрид и Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот. По серијата обвинувања и од едните и од другите дека никако не можат да најдат заеднички јазик, сепак маката ги соедини. Дали конечно се досетија дека само со заеднички заложби Охрид може  достојно да биде претставен, или пак делењето на трошоците околу штандот, беше пресудно за оваа одлука. Инаку покрај локалната и агенцијата дел од македонскиот штанд беа и Битола и Маврово. Сите заедно имаа свое претставување, на 14-от меѓународен саем за туризам, на кој годинава беа презентирани вкупно...

Продолжи со читање

Да заживее спортскиот туризам во Охрид

Post Views: 121 Петставници на хотелските капацитети, локалната самоуправа и раковоството на ЈП “Биланини извори” седнаа на заедничка маса. Разговаа за тоа кој колку може да помогне во развивањето на спортскиот туризам во градов. Генерално хотелите се согласија да учествуваат во проектот, но побараа да се формира тело кое би требало да направи анализа од каде треба да се почне. Охрид може да живее и од спортски туризам, посебно вон сезона. Ова е ставот на  претставниците на хотелите, локалната самоуправа и првите луѓе на ЈП “Билјанини извори” по денешната заедничка средба.Целта на...

Продолжи со читање

Трет Меѓународен саем за туризам

Post Views: 86 Доста срамежливо и без многу помпа од утре во Охрид во организација на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија  и соработка со Туристичките комори на Македонија и Хотелските асоцијации ќе започне третиот Меѓународен саем за туризам.На него потврдено е присуството на учесници изложувачи од Македонија како на пример туристичките места и градови, Крушево, Берово, Охрид, Струга, Маврово и други. Исто така најавено е присуство на туристички комори, хотелски асоцијации и национални паркови од земјава.Саемот ќе биде добра можност за презентирање...

Продолжи со читање