Skip to main content

Ознака: turizam

Фестивал на плашица

Post Views: 101 Охрид ќе добие фестивал на плашица во рамките на третиот македонски саем за туризам. Риболовните клубови „Св.Апостол Петар“ и „Рибарска Вистина“ организираат меѓународен натпревар во спортски риболов на плашица. Покрај натпреварот, претседателот на спортското риболовно друштво „Св.Апостол Петар“, Радован Димитриески, ја објасни и нивната друга намера-поголема промоција на Охридските можности за риболовниот туризам пред странските туроператори.Манифестацијата „Фестивал на плашицата“ е помогната од Агенцијата за развој и поддршка на туризмот. Од таму планираат Македонија...

Продолжи со читање

Како до подобри ефекти во туризмот

Post Views: 90 Со цел да има подобар ефект во однос на туризмот, за наредната година, локалната вклучува отвореност на Охрид и комуникација со туроператори со кои е веќе во преговори. Исто така ги користат можностите кои ги дава Европската унија во однос на користење на нивните средства.Светската економска криза придонесе за голем пад на работата во туризмот. Голем пад секако дека има, тоа го потврдуваат сите показатели, велат експертите. Факт е дека има намален број на гости и ноќевања, а она што ќе се случува за Новата година сепак е тешко да се предвиди. Административно во Општина...

Продолжи со читање

16 проекти од областа на турзимот

Post Views: 111 Општината преку секторот за ЛЕР ќе ги помага невладините организации, здруженијата и месните аедници. За таа цел ќе бидат финансирани 16 проекти од областа на туризам и одржлив економски развој. Средствата одвоени за финансирање на овие проекти и не се големи, меѓутоа се доволен поттик, се согласија присутните.Изготвување на дивиди  изданија за подводниот живот во Охридското езеро и Охридкото сакрално богаство, Веб презентација на локалната охридска кујна, Брендирање на Плаќенското јагне на ражен, Фото публикација за Охрид и Културна промоција на Охридкиот хорски фестивал,...

Продолжи со читање

Лоша година за риболовниот туризам

Post Views: 111 Апсурд за риболовниот туризам. Тој е мисловна именка за Македонија и надлежните, бидејќи досега нема ниту понуда за развој на истиот, обвинуваат спортските риболовци. Рибарите членови на СРК Св. Апостол Петар од година во година се соочуваат со се посериозни проблеми. Нивните ангажирања да допринесат за развој на овој вид туризам, кој е од голема важност за градот паѓаат во вода. Претседателот на Клубот Радован Димитриевски вели дека во двата крајбрежни градови Охрид и Струга кои се поим за риболовен туризам, да се прават опструкции е голем апсурд и неразбирливо е...

Продолжи со читање

„Охрид – град на седумте чуда“

Post Views: 96 Преку  видео -презентација и друг промотивен  материјал, Охрид ја промовираше својата понуда, во Брисел на меѓународната и конференција посветена на развојот на туризмот. Под мотото „Охрид град на седумте чуда“ во европската престолнина Брисел, минатата недела свое претставување имаше и Охрид. Преку  видео -презентација и друг промотивен  материјал, градот ја промовираше својата понуда. Истовремено во Брисел се одржа и меѓународна конференција посветена на развојот на туризмот. Меѓу седумте чуда со кои се промивираше градот беа Светиклиментовиот универзитет, пастрмката,...

Продолжи со читање

ЛЕР сака 20 милиони денари за развој на туризмот

Post Views: 104 Секторот за Локален економски развој од локаланата бара 20 милиони денари за развој на туризмот во 2010 год. Предлог програмите од секторот пред советниците. Тие треба да одлучат колку пари локалната треба да издвои за овој сектор. Секторот за локален економски развој ја изготви предлог програмата за 2010 год. Истата е поделена на два дела. Ге 1 и Ге 2, првата за поттикнување на развој на туризамот и втората за поддршка на локалниот економски развој.„Нашите програми се конципирани согласно потребите и активностите на секторот. Доставени се до советниците, а тие треба...

Продолжи со читање

И нашиот туризам во криза

Post Views: 129 Светската економска криза во голема мера се рефлектираше врз туризмот во Македонија, велат од стопанската комора за туризам на Македонија. Од таму со надеж гледаат на сезонава која претстои но и на напорите на владата за зајакнување на оваа стопанска гранка. „Субвенционирањето во туризмот ќе започне на 1-ви јануари и тоа ќе биде една голема инјекција за македонскиот туризам“, сметаат од комората.Светската економска криза си го направи своето. Годинава во голема мера како насекаде во свето се рефлектираше и кај нас. Угостителските капацитети го забележаа најмалиот промет...

Продолжи со читање

По свадба тапани

Post Views: 115 Дијаметрално спротивни иформации за претставувањето на охридската делегација на меѓународниот саем за туризам во Лугано. И немаше да биде ништо чудно доколку двете информации не доаѓаат од еден ист извор – локалната самоуправа од Охрид. Традиционалната посета на делегација на локалната самоуправа на Охрид во Лугано со политички примеси. На меѓународниот саем за туризам, кој е едено од најпрестижните саеми, на кој што биле присутни бројни светски туроператори, градоначалникот на Охрид затечен од присуството на делегациите на Виница, Битола и општина Центар. Петрески...

Продолжи со читање

Ќе се финансираат проекти за ЛЕР и туризам

Post Views: 106 Општина Охрид директно вклучена во планирањето на проекти во областа на Локален економски развој и туризам. Секторот за туризам и локален економски развој при Општина Охрид по прв пат спроведува отворен јавен повик за финасирање на проекти за одржливиот локален економски развој. Овие проекти ќе се финансираат согласно програмата за поддршка на Локалниот економски развој и согласно средствата кои што се одобрени за програмата т.е. од буџетот за поддршка на грантови. Максималниот износ за поддршка на секој избран проект изнесува 120 000 денари. „За сите проекти задолжително...

Продолжи со читање

Балканот-атрактивна туристичка дестинација

Post Views: 110 Балканот заедно ќе го развива туризмот. Со таа цел во период од 25 до 27 септември, во Белград се одржа „Меѓународна конференција за туризам“, на која присуствуваше и делегација од Македонија. Во својство на предводник на делегацијата беше Антонио Балевски од Општина Охрид, како и продеканот на ФТУ проф. Сашо Коруноски, а од редот на студентите Михаел Ристовски. „Отворањето на конференцијата се случи во култното Атеље 212 во Белград, а понатаму остваривме прием и коктел во Кралската палата и Принцот Александар 2 Караѓорѓевиќ“, вели Балевски. “Специфика на конференцијата...

Продолжи со читање

Охрид попривлечен за странците во есен

Post Views: 125 Странците побројни на охридското крајбрежје вон сезона. Гостите ги има во органзирани тури, но и како учесници  на семинари вели првиот човек на ХОТАМ, Дончо Танески. Со резервациите за семинарите и конгресите кои ќе се одржуваат во охридските хотели до крајот на октомври, се очекува да биде спасена   неуспешната летна сезона  кога имаше намален број на гости. „Нема конечна и конкретна бројка колку гости има вонсезона, но секако показател дека  периодов е успешен е исполнетоста на хотелските капацитети  од 80 посто, а во одредени термини и 100 посто, па  нема слободни...

Продолжи со читање

Сивата економија во туризмот, фатална

Post Views: 97 Трагедијата што се случи со 15-те  бугарски туристи  повлече низа прашања за  состојбите во туризмот кај нас. Во мноштвото  прашања се наметнува и тоа  како престојувала и кој ја организирал бугарската туристичка група, каква е нивната  и нашата одговорност при тоа. Владо Суклоски од  Агенцијата за подршка на туризмот вели во овој случај се прекршени многу Закони. Суклоски ги потенцира немањето листа на патници при влез на нашата граница, Законот за приватно сместување, Законот за организирање на туристички групи, Законот за туристички водичи. Тука несомнено затаила...

Продолжи со читање