Skip to main content

Ознака: VMRO

Водата во Охридското езеро чиста кaко „солза“

Post Views: 96 Нема еколошка катастрофа тврди Атанско Михаилов и ја негира неодамнешната изјава на охридскиот градоначалник. Не е точна изјавата на градоначалникот Петрески дека на езерото му се случи еколошка катастрофа, дека е загадено и преполно со фекали од колекторскиот систем, тврди претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, Атанаско Михаилов. Истакнува дека езерската вода е со извонреден квалитет. Испитувањата покажале дека на сите мерни места водата е од прва категорија, а само на две е од 2 категорија.Со  изјавата за еколошката катастрофа се шокира охридската јавност, македонската...

Продолжи со читање

ВМРО–НП се подготвува за предвремени избори

Post Views: 112 Обраќање на седницата на Централниот комитет на ВМРО НП имаше експремиерот Љубчо Георгиевски.Tој предупреди, доколку и  натаму се игнорираат економските проблеми, сиромаштијата во Македонија ќе се продлабочи, што може да доведе до нова мултиетничка криза. Според Георгиевски, светската економска криза нема да заврши во 2010, ниту во 2011, туку евентуално во 2012 година. Тој смета дека тешката економска состојба е најголема закана по стабилноста на земјата. Исто така, новите конфликти и жаришта во светот ќе влијаат врз стабилноста на регионот, па од  суштинско значење...

Продолжи со читање

Петрески отшета во моментите кога е најпотребен

Post Views: 99 На градот му се случува катастрофа, а охридскиот градоначалник е на прошетка низ Австралија, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Го повикуваат на одговорност и бараат објаснување по кои критериуми ја составил делегацијата со која отпатувал за Австралија.„Градоначалникот на Охрид со својата дружина заминува на одмор две недели во топлата Австралија и тоа во време кога целата влада со сите свои служби  и капацитети  му помага на градот  да ги надмине состојбите со временските неприлики“, обвинува Атанаско Михаилов, претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ од Охрид. Координаторот пак на...

Продолжи со читање

Михаилов : „Оди си од функцијата градоначалнику!“

Post Views: 101 Новиот претседател на општинската ВМРО ДПМНЕ, Атанаско Михаилов официјално  се појави пред новинарите. Првиот човек на  општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ во своето  прво обраќање до јавноста упати прашања и  критики на адреса на градоначалникот Александар Петрески, кој утрово со општинска делегација отпатува на две недели за Австралија. Михаилов праша, каква одговорност, морал и чест има градоначалникот да патува кога на градот му се случува катастрофа заради лошите временски неприлики.Прашува,  колку ќе го чини патувањето на Петрески со бизнис – тајфата и дали...

Продолжи со читање

Се крои општинската листа на ВМРО ДПМНЕ

Post Views: 118 ТВМ дознава некои од имињата кои ќе бидат на високи позиции во Општинскиот комитет.Д-р Хари Шокаровски, Проф. Д-р Цветан Андрееска, М-р Јованка Дамовска и Марјан Ристевски се само дел од дваесеттината членови на новиот состав на  Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ. Шокаревски кој беше еден од сериозните кандидати за претседател на комитетот и сега е во игра за висока позиција. Од партиски извори дознаваме дека во новиот состав ќе има претежно млади и амбициозни луѓе, кои имаат јасна визија за просперитет на Општинскиот комитет и на партијата воопшто.{loadposition c...

Продолжи со читање

Нови ветрови во општинската ВМРО-ДПМНЕ

Post Views: 110 Копјата се кршеа помеѓу традицијата и новите партиски сили. Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ, конечно доби свој челник. Атанаско Михаилов, актуелниот директор на ЗЗЗ е човекот кој во наредните години ќе се обиде да му донесе победа на ВМРО ДПМНЕ и на локално ниво.Сценариото за избор на претседател на Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ  што ТВМ го пласираше пред извесен период, синоќа стана реалност. Прв човек  стана личност со партиско искуство, но сериозен играч беше и личност од новите партиски сили. Атанаско Михаилов е новиот претседател на општинската ВМРО. Вака...

Продолжи со читање

Koj ќе биде, кој ќе биде…?

Post Views: 106 Од 39 кандидати за координатор на ВМРО-ДПМНЕ за Охрид останаа само 5. Тие чекаат на предпоследна рунда преговори кај премиерот Груевски. Конечна одлука ќе даде Извршниот одбор на високото партиско раководство најдоцна до крај на јануари наредната година.Селектирани 5 кандидати за координатор на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид. Гласините што провејуваат во охридската јавност дека до крај на годинава ќе  има нов координатор на актуелната ВМРО-ДПМНЕ паѓаат во вода. Името на новиот челник на оваа партија ќе се знае дури на крај од јануар наредната година, дознава Тв М. Во моментов...

Продолжи со читање

Оставки на членовите на комисијата, бараат од ВМРО НП

Post Views: 104 Политичките притисоци и пазарења кои постоеја во текот на работата на „Комисијата за одбележување празници и манифестации“ треба да бидат санкционирани, велат од ВМРО НП.Кон серијата обвиненија на сметка на доделените „Светиклиментови награди“, денеска се приклучија и членовите на ВМРО НП. Тие ги изнесоа своите ставови и забелешки по однос на одлуката донесена од страна на „Комисијата за одбележување празници и манифестации“ при советот на Општина Охрид. Забелешките во најголема мера се донесуваат на начинот, постапката и изборот на  добитник на наградата Патрон на...

Продолжи со читање

Нескриени страсти

Post Views: 113 Борис Стефановски не ја препушта на друг претседателската позиција на ВМРО-ДПМНЕ. Тој смета дека работи добро, се залага за партиските цели, и е релативно нов координатор. Очекува повторно да ја добие поддршката на Премиерот Груевски.Нескоромно е, но очекувам повторно да бидам координатор на ВМРО-ДПМНЕ стои во изјавата на актуелниот претседател Борис Стефаноски. Стефаноски рече дека максимално ја почитува партиската процедура, во која повеќе од јасен е партискиот став на централно ниво, после секои избори посебно во општините каде е изгубено градоначалничкото место...

Продолжи со читање

Македонија пред прагот на ЕУ

Post Views: 131 Комесарот за проширување на Европската Унија Оли Рен на денешната прес конференција во Брисел, соопшти дека Европската комисија ќе препорача почеток на претпристапните преговори за полноправно членство во Унијата.Општинскиот огранок на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид го одбележа овој момент.Македонија доби препорака за отпочнување на преговори со ЕУ. Македонија се оправда пред Европа преку исполнување на критериумите кои и беа поставени како услов да зачекори кон нејзиниот праг. „Би сакал да подвлечам дека препорачавме отварање на преговорите за пристап во членството на ЕУ за...

Продолжи со читање

Нова иницијатива на охридскиот огранок на ВМРО-НП

Post Views: 101 Ослободување од наплата на 20 метри кубни вода за пиење, канализација и колектор на семејствата кои имаат членови од детска церебрална парализа и на социјалните семејства кои имаат инвалидизирани лица. Две целни групи од социјалната сфера на живеење на граѓани на Охрид опфатени со новата иницијатива на ВМРО-НП. Имено, група советници на оваа партија бараат од градоначалникот Петрески и охридските советници, семејствата кои имаат членови заболени од церебрална парализа и инвалидизирани лица да бидат ослободени од наплата на 20 метри кубни вода за пиење, канализација...

Продолжи со читање

ОК од ВМРО ДПМНЕ обвинува

Post Views: 109 Точките од дневниот ред на  вчерашната седница се изгласаа зад нивни грб. Претседателот на советот ги негира ваквите обвунувања и вели СЕ се работеше легитимно. „Вчера точно на 5 месеци од формирањето на Советот на општина Охрид јасно видовме како се кршат сите принципи на работа на истиот од страна на карикатурално составеното мнозинство поттикнато од задоволувањето на свои интереси, наместо на граѓаните“, ова стои во дел од дописот од ОК на ВМРО ДПМНЕ испратен до редакцијата на ТВ М.Советниците од ВМРО ДПМНЕ, Реагираат за случувањата на вчерашната седница и експресното...

Продолжи со читање